ВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинации
1ВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинации
3СДСМ: Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што 6 недели не објавуваат документот за водата во Гостивар
Шоу бизКиану Ривс ги изненади членовите на филмската екипа со скапоцени подароци (ФОТО)Киану Ривс го прослави крајот на снимањето на неговиот нов филм „Џон Вик: Поглавје 4“ со тоа што на членовите на неговиот каскадерски тим им подари нови Rolex Submariner часовници.Судејќи според објавите на социјалните мрежи, Ривс во саботата навечер им ги дал часовниците во бистрото Пол Берт во Париз на четворицата каскадери - Брус Ли Консепсион, Џереми Маринас, Дејв Камарило и Ли Кианг. Иако часовникот би бил доволен сам по себе, актерот додал персонализирана порака до секој член на тимот, а Маринас во својата приказна на Инстаграм рече дека часовникот му е најдобриот подарок досега. View this post on Instagram A post shared by Lordrodney (@talesfromlordrodney) Ривс тешко дека би избрал подобар часовник за подарок. Претставен во 1953 година, Submariner е инспирација за огромното мнозинство на модерни часовници за нуркање. Актерот го избрал изданието од септември 2020 година, кое се одликува со футрола од Oystersteel со црна рамка Cerachrom во еден правец, соодветен бројчаник со големи луминисцентни ознаки на часовникот, препознатливата киклопска лупа на Rolex и нараквица Oyster. Подарокот е уште повпечатлив со фактот дека е многу скапоцено да се добие Ролекс, особено Submariner. Општото зголемување на побарувачката за часовници Rolex, заедно со прекините во синџирот на снабдување поради коронавирус, доведоа до сериозен недостиг на часовници на пазарот. Како резултат на тоа, часовникот, чија препорачана малопродажна цена е 9.150 долари, моментално е речиси двојно поскап.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинацииСо новите авиолинии, Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид.Најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко. Од Скопје се воведени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро и Палермо. Од Охрид пак, новите линии ги поврзуваат граѓаните со Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена. Подобрата поврзаност е важна и за економијата. Поголемиот број директни линии може да придонесе за развој на туризмот, особено во Охрид, но и за полесно поврзување на домашните компании со странски партнери и пазари. Проширувањето на авиомрежата е дел од заложбите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поголема мобилност, повеќе можности и посилно поврзување на Македонија со Европа и светот. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТретиот ден од карпошовото културно лето започна со урбана уметностВчера, со почеток во 20:00 часот, во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, пред љубителите на филмската уметност беше прикажан долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“. Третиот ден од Карпошовото културно лето започна во знакот на урбаната уметност и проектот „По таму, сонот…“, во чии рамки ликовната уметничка Калина Брајковска започна со изработка на мурал на бараките на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје (ФИНКИ). Со осликувањето на четирите бараки на оваа високообразовна институција, јавниот простор ќе добие ново ликовно и уметничко обележје, збогатувајќи го урбаниот амбиент на Карпош и Скопје. Додека уметницата работеше на муралот, посетителите уживаа во музичката програма и пријатната атмосфера. На почетокот на создавањето на муралот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој и самиот се приклучи во уметничкиот процес и учествуваше во цртањето Вчера, со почеток во 20:00 часот, во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, пред љубителите на филмската уметност беше прикажан долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“. Во опуштена атмосфера под отворено небо, карпошани од сите генерации уживаа во филмската вечер. Карпошовото културно лето продолжува со богата програма, добра забава и содржини за сите генерации! ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што 6 недели не објавуваат документот за водата во ГостиварПоминаа цели 6 недели а документ со целосна, јавна и потпишана анализа за водата во Гостивар сè уште нема. Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што не го објавуваат документот цели 6 недели. Зошто не се објавува целосен извештај? Што се крие од граѓаните? Неизвесноста и недовербата кај граѓаните така ја создаваат Мицкоски и Клековски. Еден месец даваа противречни изјави, прво за забрани, потоа дека може да се користи како техничка вода, па дека има нови бактерии и вируси во водата, потоа уверуваа дека водата може да се пие а ниту еднаш не објавија целосен документ. Водата се испитува секој ден. Зошто тогаш не се објавува веќе шест недели? По 22 дена загадена вода и околу 5.000 заболени, граѓаните треба да видат целосен документ бидејќи водата за пиење е прашање на јавно здравје. Информациите за нејзината безбедност мора да бидат јавно објавени во еден целосен извештај. Со сите резултати и со потпис на одговорните. Сите мостри. Сите лабораториски анализи. Сите датуми. Сите утврдени бактерии и вредности. Сите институции што вршеле испитувања. И најважното – кој, врз основа на кои резултати и со чиј потпис утврдил дека водата е безбедна за пиење? СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook