Киа воодушеви со EV6: Брз е како Порше, а се полни за 18 минути (ВИДЕО) - Канал 5

Киа воодушеви со EV6: Брз е како Порше, а се полни за 18 минути (ВИДЕО)

Kia го претстави својот прв целосно електричен модел кој привлекува внимание со својот изглед, но и со најсовремената технологија.

Киа воодушеви со EV6: Брз е како Порше, а се полни за 18 минути (ВИДЕО)

ЕВ6 делува како најава за новото време во Киа. Со комплетно нов дизајн под слоганот „Движење што инспирира“, Kia носи технологија за полнење од 800 волти, што во превод значи врвни перформанси. Тоа е првиот модел направен на новата платформа за електрични возила со батерии (BEV).

Следниве податоци најдобро зборуваат за какво возило станува збор. EV6 GT забрзува до 100 км на час за само 3,5 секунди, максималната брзина е 260 км на час, а гореспоменатото полнење 800 V овозможува полнење на батеријата од 10 до 80% за само 18 минути, или за опсег од 100 км, на полначот му се потребни четири и пол минути.

YouTube video

EV6 не е огромен. Долг е 4,68 м, широк 1,88 м и висок 1,55 м, што значи дека е значително помал од Соренто. И покрај компактните надворешни димензии, меѓуоскиното растојание со должина од 2900 милиметри обезбедува многу простор, како што нудат џиповите од средна големина.

Во кабината доминира инфо-забавниот екран, а модерниот ентериер е претежно изработен од рециклирани материјали. За одлична просторност придонесува и багажникот од 520 литри волумен, а тука е и предниот багажник со капацитет од 52 литри во верзијата 2WD и 20 литри во верзијата AWD.

Постојат две батерии на располагање, поголемите од 77,4 kWh и помалите од 58 kWh. GT-линијата се нуди со двете батерии, додека GT е достапен само со поголемата.

Верзијата со капацитет на батерија од 58 kWh овозможува забрзување до 100 km / h за 6,2 секунди. Оваа верзија со електричен мотор од 125 kW (170 КС) и 350 Nm има погон на задните тркала, додека верзијата AWD има два електромотори, кои пренесуваат 173 kW (235 КС) и 605 Nm на предните и задните тркала.

Пакетот батерии од 77,4 kWh со 168 kW (229 КС) и 350 Nm електричен мотор пренесува енергија преку задните тркала, додека верзијата AWD пренесува 239 kW (325 КС) и 605 Nm на предните и задните тркала и достигнува 100 km / h за 5,2 секунди со домет од 510 км.

EV6 GT, опремен со два електромотори со вкупна моќност од 430 kW (585 КС) и 740 Nm, забрзува до 100 km / h за 3,5 секунди и достигнува максимална брзина од дури 260 km / h. Со додаток на електронски диференцијален софтвер со ограничено лизгање, возачите можат да уживаат во сигурен мониторинг и динамично возење, како и ракување во сите услови на возење.

И тука се нуди функцијата V2L, така што батеријата на автомобилот може да испорача моќност до 3,6 kW, што е доволна количина електрична енергија за истовремено работење на телевизор и клима уред повеќе од 24 часа. Системот може да наполни и друго електрично возило. EV6 може да влече приколка до 1600 кг.

Од понапредните додатоци, постои најновата генерација на ефикасна топлинска пумпа која користи отпадна топлина од системот за ладење на возилото. Ова му овозможува на автомобилот на -7 ° C да обезбеди 80% од опсегот што е нормално достапен на 25 ° C.

Достапна е и најновата генерација на паметно регенеративно сопирање на Kia, што им овозможува на возачите брзо и лесно да го забават возилото и да ја повратат кинетичката енергија за да постигнат максимална ефикасност и поголем дострел. Возачите можат да изберат помеѓу дури 6 нивоа на регенеративна сила на сопирање (не, 1 до 3, i-PEDAL или автоматски режим) и сличен систем што веќе го има, на пример, Outlander PHEV.

Високо-технолошкиот инфо-забавен систем вклучува два 12-инчни екрани. Закривените екрани имаат тенки обложени панели кои користат нова структура и напредна технологија за намалување на изложеноста на светлина. EV6 исто така носи AR технологија прикажана на главниот дисплеј, која проектира информации за патувањето на шофершајбната во видното поле на возачот. Системот прикажува предупредувања за системот за асистенција (ADAS), детали за брзината на возилото и подетални упатства за навигација.

Постои и меридијан опкружувачки аудио систем со 14 звучници, прв дизајниран за електричните возила на Kia со цел да се обезбеди навистина исклучително звучно искуство. Kia , исто така,ги инсталира сите вообичаени системи за помош денес, вклучувајќи системи за одржување на брзината, далечината и позицијата на лентата, како и систем за далечинско паркирање.

EV6 е првиот од 11 BEV најавени до 2026 година со кој Kia се движи кон планот според кој електричните возила со батерии, plug-in хибридите (PHEV) и хибридните (HEV) возила ќе претставуваат 40 проценти од вкупната продажба на Kia до 2030 година, со годишна продажба од 1,6 милиони примероци.

YouTube video

Kia EV6 ќе се произведува во Јужна Кореја. Продажбата на избраните пазари започнува во втората половина на оваа година, а на некои пазари можни се резервации преку Интернет веќе од 30 март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. 

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата.

Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари.

Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата.

„Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер