1Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
ЖивотКејт Мидлтон за годишнината од бракот се појави со скапоцен ѓердан (ФОТО)Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ја прославија десетгодишнината од бракот. Во оваа прилика тие објавија неколку фотографии направени на почетокот на неделата, а ѓерданот што го носеше Кејт го украде вниманието.Со едноставен стајлинг, таа избрала ѓердан од марката „Аспреј“, што чини 12 350 американски долари. Кејт има и обетки со ист мотив во својата колекција, кои чинат 26 илјади долари. View this post on Instagram A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@kensingtonroyal) Кејт носеше светлосин фустан, кој претходно го носела при посета на Пакистан. View this post on Instagram A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@kensingtonroyal) Вилијам ја запросил Кејт пред десет години со прстен кој претходно и припаѓаше на принцезата Дијана. Двојката има три деца, Џорџ, Шарлот и Луис. View this post on Instagram A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@kensingtonroyal) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДронови над аеродромот предизвикаа прекин во авиосообраќајот во ЛуксембургВластите ги продолжија операциите на аеродромот во Луксембург откако сообраќајот беше прекинат претходната вечер поради откривање на „неовластени беспилотни воздушни системи“ - поточно дронови - во близина и над аеродромот. Единствениот меѓународен аеродром во Луксембург изјави дека прекинот во петокот е спроведен како превентивна мерка за да се обезбеди безбедноста на патниците, екипажите на летот, персоналот на аеродромот и авионите. Не беа дадени детали во врска со потеклото на дроновите или кој ги управувал. Потенцијални доцнења Иако летовите се обновени, можни се понатамошни доцнења и прекини, бидејќи авиокомпаниите и партнерите на аеродромот работат на враќање на редовниот распоред на летови, според известувањето на аеродромот. Аеродромот во Луксембург, главниот центар на националниот превозник Луксер, изјави дека продолжува да ја следи ситуацијата во соработка со надлежните органи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРафиња сака да ја заврши кариерата во Барселона!Бразилскиот репрезенативец, Рафиња ги израдува навивачите на шпанскиот фудбалски шампион Барселона со порака за својата иднина. Бразилецот во интервју за каталонското радио „RAC1“ откри дека сака да го продолжи договорот со клубот и да остане на „Камп Ноу“. – Многу сум среќен и сакам да го продолжам договорот. Се надевам дека ќе ја завршам кариерата во Барселона. Нема да одам никаде на друго место – изјави Рафиња. Бразилецот игра сезона од соништата. Постигна девет гола во Ла Лига и уште два во Лигата на шампионите, а откако беше преместен на позицијата најистурен напаѓач и ја доби капитенската лента, стана еден од клучните играчи во тимот на Ханси Флик. Рафиња има договор со Барселона до 2028 година, но јасно стави до знаење дека сака да остане и по тој период.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Истрага за загрозување на животната средина со отпад во ОхридОсновното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата “Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката, стои во соопштението од Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29