Кејт Мидлтон уште еднаш и оддаде почит на принцезата Дајана (ФОТО)

Кејт Мидлтон , војвотката од Кембриџ на доделувањето на наградите БАФТА во Лондон и годинава остана верна на дизајнерот Александер Меквин.

Во друштво на сопругот , принцот Вилијам , Кејт се појави во креација на Меквин на црвениот тепих. Војвотката изгледаше посебно убаво во белиот романтичен фустан и со подогната коса , за да се истакне кралскиот накит.

Тоа беше особено важно , зашто Кејт ги носеше обетките на покојната принцеза Дајана , која во 1997 загина во сообраќајна несреќа.

Според британските медиуми и нараквицата што ја носела Кејт во Ројал Алберт Хол , и припаѓала на Дајана , што е протолкувано како гест со кој сопругата на принцот Вилијам и оддава почит на неговата мајка.

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„Ја слушнавме и прифативме пораката која ни ја упативте на 24-ти април. Го имавте тоа право и слобода да ни ја испратите таа порака во фер и демократска атмосфера, која грижливо ја градевме седум години“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„На избирачките места не ве принудувавме да климате со главата, кога на ВМРО ДПМНЕ идеалот им беше од типот на 'човечињата идаат и гласаат и ќутат' - имавте можност својот глас да го дадете без страв и уцени. Слободно!“, се порачува во видеото.

„Демократијата не напредува во молк и согласување, со уцени и закани, таа бара дијалог, со вас, граѓаните. Затоа и ве слушаме, ги прифаќаме критиките, се поправаме. Ние сме партија која работи и греши, но и се поправа, а за тоа имаме јасен план и програма. А тоа нема сами да го направиме, во коалиција сме со вас за да ги одбраниме нашите европски вредности и нема да се откажеме од борбата за напредна и прогресивна Македонија“, се вели во видео обраќањето на Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог.

Русија поднесе нацрт-резолуција во ОН со која ги повикува сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената, една недела откако Москва стави вето на резолуцијата на САД и Јапонија за ставање крај на трката со вооружување во вселената.

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог, повикувајќи не само на напори да се запре распоредувањето на оружје во вселената, туку и да се спречи „заканата или употребата на сила во вселената“.

Нацртот вели дека ова треба да вклучи распоредување оружје „од вселената против Земјата и од Земјата против објекти во вселената“. /МИА

Собранието на Косово ќе разгледува нацрт-резолуција за извештајот на Стејт департментот

Собранието на Косово денеска на предлог на опозицијата ќе ја разгледа нацрт-резолуцијата што се однесува на наодите од извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата во Косово.

Опозицијата и власта имаат различни оценки за тој извештај, а пратениците од владејачката Самоопределување веќе најавија дека нема да гласаат за предложената резолуција.

На дневен ред на денешната седница што треба да започне во 11:00 часот има 22 точки на дневен ред.

Како што претходно оцени Косовскиот демократски институт, парламентот се соочува со хроничен недостаток на кворум, поради што одредени точки не се усвојуваат со месеци, јави Бета. /МИА

притисни ентер