Кедев: Врвовите на осум илјади метри се зона на смртта каде учите од природата - Канал 5

Кедев: Врвовите на осум илјади метри се зона на смртта каде учите од природата

Искачувањето на врвовите не е само физичка активност. Искачувањето на врвите е една животна филозофија начин на кој се поминуваат тешкотиите за да се дојде до успехот раскажува професорот и кардиолог Сашко Кедев за Канал 5. 

Кедев: Врвовите на осум илјади метри се зона на смртта каде учите од природата

Анапурна Непал, Нанга Парбат Пакистан, Чо Оју Тибет Кина. Врвови над осум илјади метри запишани во агендата за 2023 година на познатиот светски искачувач на високи планини Сашко Кедев. Врвовите над осум илјади метри се негов најголем предизвик, на оваа висина веќе се влегува во зоната на смртта. Вкупно има искачено осум врвови над осум илјади метри. За секој качен врв но и потешкото неговото симнување рекол дека е најтежок и така за секој нареден. Кедев од планинте своето искуство несебично го раскажува на планинирите, на сите оние кои уживаат во авантурите, но и споредбата планината и животот.

„Карактеристично за сите овие искуства е што сите овие врвови се поврзани со движење во зоната на смртта. И сите овие искачувања се поврзани се со соочувања и поминувања низ тој ризик. Кога се симнував од Еверест 2009 година сметав дека тоа е најтешкиот врв и како поминуваше времето и како се соочував со другите врвови, наредното искуство беше посебно на К2 во Пакистан дека тој е најтежо. Меѓутоа пролетта во Април се качив на врвот на Анапурна и тоа искачување ја надмина тежината на се претходно и кога успешно се вратив и ја преживеав Анапурна сметав дека ми остануваат полесно врвови. Но потоа се соочив со Нанга Парбат тоа е планината убиец каде има најмногу загубено човечки животи. Нанга Парбат е најтешката планина од сите овие 14 врвови на осум илјади метри. Меѓутоа тука не завршува како во животот што нема точка.

Врвовите се како животот. Животот е еден проток, кој го живееме овој свет на нашата перпција која е многу лимитирна со нашите сетила и треба да ги развиеме нашите сетила да живееме во нашата сензитивност и да влеземе во зоната каде што ќе ни се остварат нови хоризонти. За него тоа се хоризонтите на живеење во сегашниот момент.

А за искачувањето и во животот потребно е сопственото искуство и ништо не може да го замени. И се што поминуваме во животот преку студирање, филозфирање, религија е позајмено знаење. Само личното искуство е вистинска лекција во животот.

Предизвик останува Шишанпагма во Тибет. Лошите временски услови и несреќата на големите планинари кои загинаа кога бил таму оваа есен биле причина да не го искачат овој врв. Но, моќното искуство од смртта покажува дека планините се доживуваат во нивната најчеста форма.Но и на планините се разбира се доживува и тука се соочувате со начинот на преголемата самодоверба. Во искачувањето нема силење туку слушање на природата и на планината. Истото е и во животот самодовербата треба да оди со етичноста и голема одговорност за себе и за останатите. А неговата желба за наредната година е да се врати во Тибет на Шишанпагма.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

БМВ нуди доброволно заминување за 8.000 вработени

Германскиот производител на автомобили BMW ќе отпушти околу 8.000 работни места, главно на својот домашен пазар во Германија. 

БМВ нуди доброволно заминување за 8.000 вработени

Одлуката е дел од програмата за намалување на трошоците започната поради намалената побарувачка во Кина и општото зголемување на оперативните трошоци.

Менаџментот на БМВ и претставниците на вработените постигнаа договор за програма за доброволно отпуштање по неколкудневни преговори, објавија германските медиуми во среда. Процесот на намалување на бројот на вработени ќе започне во октомври 2026 година и ќе трае до крајот на 2027 година. Планот предвидува намалување на вкупниот број вработени за 8.000.

Кој може да учествува во програмата

BMW вработува 150.000 луѓе низ целиот свет, од кои 84.000 се во Германија. Понудата за доброволно отпуштање со отпремнина ќе им биде достапна на приближно 40.000 вработени кои не се директно вклучени во производството.

Програмата е првенствено наменета за вработени во менаџментот, административните одделенија и секторите за истражување, развој и планирање. Износот на отпремнината за работниците кои ќе ја прифатат понудата ќе се утврди врз основа на нивната плата и должина на работен стаж.

Уште во јуни, BMW ги намали своите прогнози за продажба и профит за 2026 година, наведувајќи го падот на побарувачката на кинескиот пазар како главна причина. Компанијата објави други мерки за заштеда на трошоци како одговор на американските царини, зголемените трошоци и притисокот од глобалната конкуренција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во туристички регион во Турција: Евакуирана болница и десетици куќи (ВИДЕО)

Голем шумски пожар што избувна во туристичкиот регион Мугла во југозападна Турција доведе до евакуација на жителите и затворање на еден главен пат.

Голем пожар во туристички регион во Турција: Евакуирана болница и десетици куќи (ВИДЕО)

Десетици домови се евакуирани, како и одделението за интензивна нега во локалната болница, а автопатот помеѓу Фетије и Анталија е затворен поради густ чад, објавува Бианет.

Пожар потпомогнат од ветер се прошири

Пожарот избувна на обработливо земјиште во населбата Бајир во округот Сејдикемер во Турција. Силните ветрови потоа го проширија во блиската шума. Пожарот се гаси од воздух и од копно, а според соопштението од канцеларијата на гувернерот на Мугла, на терен се распоредени речиси 400 луѓе, пет авиони и 12 хеликоптери.

Превентивни евакуации

Како мерка на претпазливост, властите евакуираа 65 лица од 43 домови лоцирани во близина на местото на пожарот. Одделенијата за интензивна нега и палијативна нега на Државната болница Сејдикемер се исто така евакуирани. Болницата е оддалечена околу 2,5 километри од пожарот.

Прекин во сообраќајот

Автопатот што ги поврзува Анталија и Сејдикемер е затворен за сообраќај. Властите соопштија дека пожарот и густиот чад целосно го покриле подрачјето, што го направило сообраќајот небезбеден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ал-Итихад му понудил на Меси рекордни 1,5 милијарди евра, но тој ги одбил

Претседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили откри дека бил подготвен да го урне светскиот рекорд за највреден договор во спортот само за да го доведе Лионел Меси.

Ал-Итихад му понудил на Меси рекордни 1,5 милијарди евра, но тој ги одбил

Според првиот човек на Ал-Итихад, клубот му понудил на капитенот на Аргентина фантастични 1,5 милијарди евра по заминувањето од ПСЖ, за трансвер во Саудиска Арабија, но Лео без двоумење ја одбил понудата и се решил кариерата да ја продолжи во Интер Мајами.

„Му понудивме 1,5 милијарди евра, но тој ја одби понудата затоа што неговото семејство сакаше да живее во Мајами“, изјави Ал Хаили.

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата без многу размислување ја одбил фанстатичната понуда бидејќи сакал да остана доследен на своите лични приоритети и изборот во иднина да продолжи да живее во САД иако саудискиот клуб бил подготвен да понуди историски договор.

39 годишниот Меси по заминувањето од Париз, од 2023 живее во Мајами во САД, каде го носи дресот на Интер Мајами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер