Казнета е градоначалничка во Хрватска, зашто службениот автомобил го користела за приватни цели

Комисијата за спречување судир на интереси денеска ја казни градоначалничката од ХДЗ на Мали Лошињ, Ана Кучиќ со парична казна од 1.000 евра поради злоупотреба на службен автомобил со користење за приватни цели.

Комисијата донесе одлука дека функционерката Кучиќ го прекршил членот 7в од Законот за спречување судир на интереси, изјави портпаролката на комисијата Миа Јуриниќ.

Станува збор за злоупотреба на посебните права за користење службени автомобили“, нагласи Јуриниќ.

Таа е казнета со илјада евра затоа што 24 часа го користела службениот автомобил, иако таквата употреба не е утврдена со прописите на градот Мали Лошињ или со некој друг акт.

Комисијата на денешната седница донела одлука и за предметот против директорот на КБЦ Загреб, Анто Ќорушиќ. Поради неусогласеност во имотната книшка, во врска со информации за ординацијата лекар специјалист на сопругата и нејзиниот ОПГ, добил опомена од Комисијата.

Комисијата ја предупредила и парламентарката Анта Пркачин (Клуб на пратеници на Татковинското движење) затоа што не доставила имотна книшка до Комисијата за 2021 година, објави Индекс .

Боба Живојиновиќ на распит во Обвинителство: Осомничен за измама при продажба на јахта

Легендата на светскиот тенис, сопруг на мегапопуларната пејачка Лепа Брена, Боба Живојиновиќ синоќа бил сослушан во врска со кривичната пријава поднесена против него и уште едно лице за измама, открива српски„Курир“.

Како што наведуваат, тој и Н.Р. се обвинети дека двапати продале ист брод и зеле по 300.000 евра, односно вкупно 600.000 евра.

- Живојиновиќ денеска со адвокатсам се пријави во Обвинителството, каде што беше сослушан од обвинителот, по што беше пуштен - вели извор на Курир запознаен со случајот.

Изворот додава дека попладнето бил одржан и распитот на второосомничениот, кој се товари за помагање во споменатото кривично дело.

Боба и Брена имаат јахта долга 30 метри, со шест спални соби, вредна дури 6.000.000 евра. Двојката која ужива да поминува време на неа и да плови низ Јадранското Море, реши да ја продаде. Таа се најде на веб-страница за изнајмување на луксузни јахти, по цена од 65.000 евра за неколку месеци во сезоната. Според сајтот, јахтата можете да ја изнајмите во вонсезона, односно од октомври до април, по нешто пониска цена, за околу 60.000 евра.

Вавринка со историско достигнување

Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка испиша историја со тоа што стана најстариот играч кој победил на Мастерс 1000 меч откако го победи Французинот Џовани Мпечи-Перикард со 7-6 (2), 7-6 во првото коло на турнирот во Шангај. 

Дуелот траеше 1 час и 50 минути, а 39-годишниот ветеран покажа исклучителен дух и умешност на теренот.

Вавринка, кој е цели 18 години постар од противникот, спаси две сет-топки - едната во првиот, а другата во вториот сет, пред да ја обезбеди победата. Оваа победа е особено значајна бидејќи претходниот рекорд за најстар победник на Мастерс го држеше Хрватот Иво Карловиќ, кој на 40-годишна возраст го доби својот меч на Индијан Велс во 2019 година против Австралиецот Метју Ебден.

Овој успех беше прв за Вавринка во Шангај од 2016 година и прва победа на Мастерс 1000 во Синсинати од 2023 година. Со денешниот успех тој ја забележа и својата 100-та победа на Мастерс турнирите, со што стана само 12-тиот тенисер на кој тоа му успеало, со што бележи значајна пресвртница во кариерата.

Екс тренерот на Партизан, Дуле Вујошевиќ по тешката операција пуштен дома

Трофејниот тренер на Партизан, Душко Вујошевиќ неодамна е опериран во болница во Белград, а денеска е пуштен на домашно лекување, пренесува српските медиуми.

-Ја напуштив болницата, полека се враќам. Добро сум“, изјави накратко Вујошевиќ за „Sport klub“.

Засега не се знае поради што популарниот Дуле бил хоспитализаран и опериран.

Но љубителите на кошарката на Балканот се среќни и задоволни што може да слушнат дека тој е добро и е пуштен на домашно лелукување.

Вујошевиќ и претходно имаше сериозни здравствени проблеми. Поради лошата функција на бубрезите беше подложен на дијализа, а се започнало поради погрешниот третман на дијабетесот. Засега уште не е познато кој здравствен проблем бил причината за неодамнешната интервенција.

Инаку, Вујошевиќ важи за жива легенда во Партизан со кого има осоено дури 23 трофеи.

Освен црно белите од Белград, тој работел и во екипите на во Пистоја, Варезе, Црвена Звезда, ЦСКА Москва, Лимож...

притисни ентер