Катастофален пораз на Карпош Соколи во БИБЛ лигата - Канал 5

Катастофален пораз на Карпош Соколи во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Карпош Соколи претрпеа катастрофален пораз од тимот на Пеќ во регионалната Балканска лига (БИБЛ).

Катастофален пораз на Карпош Соколи во БИБЛ лигата
На средбата од Б групата одиграна вечерва во Пеќ кај истоимената екипа, тимот на Карпош Соколи на загуби убедливо со 90-64 по четвртини 24:12, 26:21, 26:10 и 14:21.

Во редовите на „соколите“ најефикасен беше Горан Врбанц со 17 поени, а двоцифрен број на поени имаа и Доминик Мавра 13 и Драган Зековиќ кој средбата ја заврши со 11 поени.

За Карпош Соколи ова беше петти пораз во шестиот одигран натпревар во БИБЛ лигата.

Во четврток во рамките на А групата, екипата на Куманово гостува кај Сигал Приштина.

Преостанатите два македонски претставници во ова натпреварување, Фени Индустри и Кожув се слободни во оваа рунда.

Табела - А група: Куманово 5-0 (победи-порази), Теодо 3-2, Берое 3-2, Башкими 2-4, Кожув 1-4 и Сигал Приштина 0-2.

Табела - Б група: Сутјеска 4-1(победи-порази), Фени Индустри 3-2, Трепча 2-3, Тирана 2-3, Карпош Соколи 1-5 и Пеќ 2-0. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ескалира конфликтот на САД и Иран

Конфликтот меѓу САД и Иран добива нова, опасна димензија откако американската војска изврши серија воздушни напади врз цели во Иран .

Ескалира конфликтот на САД и Иран

Конфликтот меѓу САД и Иран добива нова, опасна димензија откако американската војска изврши серија воздушни напади врз цели во Иран како одговор на иранскиот ракетен и беспилотен напад врз американска база во Јордан, во кој загинаа најверојатно тројца американски војници а уште некокумина се повредени. Нападите беа извршени по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), операцијата имала за цел да ги ослабне иранските воени капацитети и да испрати јасна порака дека нападите врз американските сили нема да останат без одговор. Во соопштението се наведува дека загинатите војници биле погодени додека американските и сојузничките сили се бранеле од ирански балистички ракети и беспилотни летала.

Трамп по возобнувањето на војната истакна дека загинувањето на војниците е трагедија, но мисијата продолжува.

-Тие големи патриоти се бореа за да Иран нема нуклеарно оружје. Иран е многу тешко погоден и оштетен. Изгубија се што е воено. Ние го контролираме Теснецот, тие не контролираат ништо. И ќе видиме што ќе се случува. Удривме по нив ноќеска многу силно и тоа го сторивме во чест на најверојатно трите загинати војници, кои беа големи патриоти – изјави Трамп.

Од друга страна американскиот државен секретар Марко Рубио е со поблаг тон во однос на Трамп. Според Рубио и покрај се Техеран може да се врати на преговарачката маса доколку сака.

-Ние секогаш сме отворени за дипломатија. Иран мора да биде реален, дека мода да има договор, со кој тие ќе мораат да живеат. Иран пред една недела требаше да соопшти дека Ормунскиот Теснец ќе биде отворен и нема повеќе да напаѓаат бродови. И наместо да го прават тоа тие нападнаа три брода. Нивното поведение треба да се смени, ако сакаат и ние да го смениме – вели Рубио.

Во моментов нема извештаи од Иран за можни жртви или штети од нападите. Иранските државни медиуми изутринава објавија дека се слушнале експлозии во јужниот и северозападниот дел на Иран.

Новата ескалација на Блискиот Исток ги покачи цените на нафтата и тие нагло растат поради конфликтот меѓу САД и Иран, надминувајќи ја границата од 90 долари за барел од типот Брент, откако пропадна привремениот договор постигнат минатата недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјална посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре - ќе ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму која ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Официјална посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму

Индиската претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на церемонија во кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба, пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на претседателките.

Предвидено е претседателката на Република Индија да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Утре попладне ќе се одржи македонско индиски бизнис форум на кој ќе бидат презентирани инвестициските можности на земјава.,.

Инаку, како што соопшти МВР од денеска па до 23 јули додека трае официјалната посета на индиската претседателка Друпаду Мурму , СВР Скопје – единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија е нов светски првак, селекторот на Аргентина низ солзи го призна поразот

Во 106тата минута од продолжението, Фернан Торес го постигна погодокот што ја однесе Шпанија на светскиот фудбалски трон. 

Шпанија е нов светски првак, селекторот на Аргентина низ солзи го призна поразот

„Црвената фурија“ ја совлада Аргентина со 1:0 и по 16 години повторно се закити со титулата светски шампион. Во натпревар исполнет со неизвесност, цврста игра и малку вистински шанси, победникот беше решен дури во дополнителното време. По последниот судиски свиреж следуваше голема радост за Шпанците, но тешко разочарување кај Аргентинците.

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте истакна дека освоената титула е резултат на напорната работа и заедништвото на неговиот тим, кој покажале зрелост и заслужено стигнале до најголемиот успех. Од другата страна, аргентинскиот селектор Лионел Скалони, видно емотивен спортски го призна поразот..

„Добри и великодушни луѓе со вистински вредности се способни да формираат автентичен тим. Игравме против најдобрите национални тимови во светот, но ние сме најдобриот тим во светот и го докажавме тоа.“

„За да продолжиме, потребно е да се направат многу работи. Најпрво, да го притиснеме „ресет копчето“ и да почнеме да правиме група како оваа од почеток, група што ќе биде тешко повторно да се создаде. Душата ме боли, ве молам извинете.“

По последниот свиреж, славјето се пресели и надвор од стадионот. Илјадници навивачи ги преплавија улиците на Мадрид, Барселона, Севиља, Валенсија и бројни други шпански градови. Со знамиња, песни, факели и огномети, тие до доцна во ноќта го славеа новото светско злато, претворајќи ги плоштадите во вистински фудбалски арени.

Но, финалето не помина само во знакот на фудбалот. Пред почетокот на натпреварот внимание привлече и кратката средба во свечената ложа на стадинот и поздравот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и шпанскиот премиер Педро Санчез, кои во изминатиот период имаа разчични ставови за повеќе прашања. На церемонијата на доделување на трофејот пак откако трамп Трамп се појави на теренот во друштво на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, беше пречекан со свирежи од дел од публиката. Трамп и Инфантино потоа заедно му го врачија пехарот на капитенот на Шпанија, Родриго, кој беше прогласен за најдобар играч на турнирот..

На Мундијалот, кој за првпат се играше со 48 репрезентации во САД, Канада и Мексико, беа одиграни рекордни 104 натпревари. За Шпанија ова е втора светска титула во историјата, а прва по триумфот во Јужна Африка во 2010 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер