Касами: Тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот - Канал 5

Касами: Тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот

Најголем губитник ќе биде оној што ќе излезе од коалицијата ВЛЕН. 

Касами: Тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот

Народната поговорка вели – „тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот“, вели Биљал Касами, претседателот на БЕСА за неговиот партнер во ВЛЕН, Арбен Таравари по несогласувањата во коалицијата и критиките од лидерот на Алијанса за Албанците за нејзиното функционирање како дел од Владата.

-Јас ценам дека ВЛЕН тежи... да не кажам повеќе, но толку без Таравари колку што вредеше и тежеше со него. Сепак, другите чинители се тука. Од друга страна, со секој член во една фамилија, во една коалиција, дури и една партија, има вредност, бидејќи некој ќе биде внатре. Но, кој било да излезе, автоматски создава можност некој да влезе. Јас ценам дека најголем губитник ќе биде тој што ќе излезе во случајот со коалицијата ВЛЕН. Народната поговорка вели – „тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот“. Во случајот, мислам дека ВЛЕН ќе продолжи уште посилно, вели Касами во интервју за РСЕ за превирањата во коалицијата.

На прашањето колкави се шансите од денешна перспектива коалицијата заеднички да настапи на претстојните локални избори или сепак е можно Таравари да го напушти ВЛЕН, тој оценува дека реална е можноста коалицијата да опстои.

-Јас уште верувам дека има реални шанси ние да продолжиме заедно, затоа што ценам дека прво вредноста на секој од партиите, дел од ВЛЕН, е поголема како дел од коалицијата отколку кога би била надвор. Ние сме се обиделе порано, секој поединично, до го предизвикаме Али Ахмети и ДУИ и не сме успеале. Успеавме само кога станавме заедно. Така што, се надевам дека ова ќе завладее кај секој член на оваа коалиција и на крај ќе излеземе со заеднички став дека тоа што беше целта за да бидеме заедно - и понатаму останува истата цел, вели Касами.

Според него, ДУИ уште го нема дадено одговорот на 20 години коруптивно, криминално владеење со државата и непретставување на Албанците. Смета дека комуникацијата со ДУИ би била можна откако таа партија ќе даде отчет и ќе се реформира.

-Значи, јас сум го кажал тоа неколку пати. Јас ценам дека Али Ахмети треба да одговара за тоа што им го направи на Албанците, за злоупотребата на позициите на неговите функционери, на неговите блиски членови на фамилијата. ДУИ треба длабоко да се реформира, па од после треба да видиме за можни канали на комуникација, вели Касами.

Во однос на тоа што всушност бара Таравари, а што е прифатливо за ВЛЕН кога станува збор за распределбата на градоначалничките места и советничките листи, претседателот на БЕСА вели дека не е тоа причината.

-Ако ние му дадовме пет загарантирани пратенички позиции во листите, ние бевме спремни да му дадеме исто предност во делот на позициите во локалните избори. Дали за градоначалници, дали за советници. Но, инсистирањето да се оди посебно на листите и што останува во тие позиции, за нас оди во прилог на ова што го кажуваме цело време - давање на уште една можност на ДУИ да се врати. Затоа што сепак ова се локални избори. На локални избори политичката позиција, односно вредноста на политичкиот глас се листите. Затоа што таму се гласа за листа на партија или на коалиција. Во делот на кандидатите, граѓаните повеќе избират личност. Ние цениме дека или ќе излеземе заедно и за градоначалници, и за советнички листи, кандидатите ќе бидат на коалицијата ВЛЕН или било кој што има друга комбинација, тоа не е комбинација на коалицијата ВЛЕН, потенцира Касами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пекол во Египет: Се запали цистерна, десетици загинати (ВИДЕО)

Најмалку 30 лица загинаа, а најмалку 15 се повредени кога возило што превезувало нафтени производи се преврте и се запали на голема обиколница во Египет, соопшти денес египетското Министерство за здравство.

Пекол во Египет: Се запали цистерна, десетици загинати (ВИДЕО)

Пожарот избувнал на обиколницата, во близина на метро станицата Ел Кавмија, во Гиза, во поширокото подрачје на Каиро, а екипи на цивилната одбрана и противпожарната служба веднаш биле испратени на местото на настанот за да го изгаснат пожарот и да спречат негово ширење на околните возила и области, известува Масарви.

Според египетските медиуми, пожарот зафатил цистерна со нафта, а пламен и густ чад се прошириле над областа Варак.

Сведоци изјавиле дека пожарот се проширил и на други возила.

Полицијата и спасувачките служби излегле на местото на настанот откако бил пријавен пожарот, додека пожарникарите интензивно работеле на локализирање на пожарот.

И тешка механизација била распоредена за отстранување на остатоците од урнатите возила и санирање на местото на несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маѓар и Зеленски си ги одмерија силите- играа одбојка (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Петер Маѓар сподели еден необичен момент од неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи.

Маѓар и Зеленски си ги одмерија силите- играа одбојка (ВИДЕО)

„Вака започна сè, кога одеднаш игравме одбојка со млади Унгарци и украинскиот претседател во Берегово, во лицеумот Лајош Кошут“, напиша Маѓар.

И Володимир Зеленски зборуваше за заедничката посета на училиштето. Покрај спортскиот натпревар, двајцата политичари разговараа со учениците и наставниот кадар.

Според украинскиот претседател, средното училиште има повеќе од еден век историја и во моментов го посетуваат над 500 деца, вклучувајќи ученици во инклузивни паралелки.

Наставата се одржува на унгарски јазик, додека децата учат и украински и англиски јазик. Зеленски, исто така, потсети дека во Будимпешта има училиште каде што украинските деца се образуваат на својот мајчин јазик.

„Таквото меѓусебно почитување е важно за нашите односи и мора да биде основа на целата наша соработка“, рече украинскиот претседател.

Зеленски го истакна фактот дека училиштето продолжува да се модернизира и покрај тековната војна. Училниците се реконструираат, а децата имаат услови за образование, личен развој и спорт.

Украинскиот претседател им се заблагодари на наставниците за нивните напори и не ги заборави учесниците во одбојкарскиот натпревар.

„И, секако, им се заблагодарувам на двата тима за одличната игра“, додаде Зеленски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Обезбедуваме сместување, правна и психолошка помош за жртвите на семејно насилство

На денешната панел дискусија во рамки на кампањата „16 дена активизам“,се обрати градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски .

Ѓорѓиевски: Обезбедуваме сместување, правна и психолошка помош за жртвите на семејно насилство

На денешната панел дискусија во рамки на кампањата „16 дена активизам“, под мотото „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилство“, во организација од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се обрати градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој најави дека и во текот на наредната година ќе продолжи отворањето на нови локации за привремено згрижување на жртвите на семејно насилство и посочи дека градот веќе го направил првиот чекор со обезбедување целосно опремен стан за привремен престој на жртвите, нагласувајќи дека институционалната поддршка и создавањето безбедно засолниште се од особено значење за лицата кои се соочуваат со семејно насилство.

„Првиот чекор што го обезбедиме да обезбедиме стан во којшто ќе бидат сместувани привремено жртвите на семејно насилство, и мислам дека тоа беше добар чекор, дали тоа целосно ги решава проблемите, не ги решава, но многу е важно во овој процес да тие коишто се кревки, да знаат дека имаат на кого да се потпрат токму заради тоа ќе продолжиме наредната година во обезбедување на повеќе позиции вакви, секако тоа се локации коишто се недостапни за очите на јавноста но се целосно опремени од страна на градот Скопје“, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека покрај обезбедувањето привремено сместување за жртвите на семејно насилство, градот Скопје обезбедува правна и психолошка поддршка и истакна дека поддршката опфаќа транспорт, логистичка помош, разговори со стручно лице и пакети со храна, а преку соработка со приватни компании се работи и на нивно вклучување на пазарот на трудот.

„Во меѓувреме со сите невладини организации коишто пружаат ваков тип на услуги соработуваме и даваме финансиска поддршка за да можат што поголем број на вакви случаеви да бидат опфатени и пак ќе споменам многу е важно во тие моменти да знаат дека имаат на кого да се потпрат. Вториот чекор којшто го преземаме, бидејќи не е доволно само некого да го згрижите и да му обезбедите привремено сместување, обезбедуваме правна и психолошка поддршка како град Скопје, нешто што исто така ние го воведовме како новитет, а не беше за жал пракса години наназад во градот Скопје и третиот чекор којшто го преземаме, остваруваме контакти со приватните сопственици коишто ги пласираат таквиот тип на жртви на семејно насилство на пазарот на трудот, и тука е еден комплиментарен процес, заокружен циклус на којшто практично од моментот на пружање на рака и помош во прва фаза каде што обезбедуваме и транспорт за истите жртви, обезбедување на поддршка логистичка со еден службеник да разговараат затоа што и тоа е многу важно, обезбедување пакети на храна и подоцна пласирање на пазарот на трудот“, посочи Ѓорѓиевски,се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер