Карпош Соколи загуби од Сутјеска во БИБЛ лигата - Канал 5

Карпош Соколи загуби од Сутјеска во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Карпош Соколи го претрпеа четвртиот пораз во БИБЛ лигата откако вечерва загубија на гостувањето кај Сутјеска со 85:81. Резултат по четвртини: 23:19; 27:19; 12:25 и 23:18.

Карпош Соколи загуби од Сутјеска во БИБЛ лигата
По овој триумф тимот на Сутјеска го презеде првото место во Б групата. Во првото полувреме домашниот тим имаше водство од 50:38, но екипата на Карпош Соколи со одличната трета четвртина која ја добија со 25:12 по 30 минути водеа со 63:62. Незвесноста траеше до последнта минута кога резултатот беше изедначен 79:79, но во самиот финиш Сутјеска беше подобра со 6-2 и го доби натпреварот.

Најефикасен на дуелот беше Горан Гајовиќ со 21 поен, а кај Карпош Соколи најпрецизен беше Драган Лабовиќ со 18 поени.

Табела Б група: Сутјеска 9 бодови, Фени Индустри 8, Трепча 6, Карпош Соколи 6, Тирана 5, Пеќ 2. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Магазинот „Сајенс Дајрект“: Светските експерти го поддржуваат методот за суво јаловиште најавен за „Иловица“

Еколошки одговорно рударство: „Сувото јаловиште“ станува нов глобален стандард за заштита на животната средина и луѓето!

Магазинот „Сајенс Дајрект“: Светските експерти го поддржуваат методот за суво јаловиште најавен за „Иловица“

„Сувото одлагалиште“ е една од најзначајните иновации во модерното рударство со која се елиминираат ризиците по животната средина. Светските експерти во научната студија „Модерна одржливост на рударството“ (објавена во списанието ScienceDirect) истакнуваат дека глобалниот индустриски стандард за управување со јаловина воспоставува сè построги правила за безбедност.

За разлика од класичните, „влажни“ или водени јаловишта што наликуваат на големи езера со течна кал и огромна количина на токсични материи, т.н. суво јаловиште овозможува добивање сув материјал (сличен на влажен песок). Овој материјал лесно се обликува и безбедно се транспортира до местото за отпад.

Компанијата „Еуромакс ресоурцес“, инвеститор во рудникот за бакар во Иловица, најави дека ќе го имплементира овој најсовремен метод. Преку писмо до Министерството за животна средина, тие потврдија дека ќе применат засилени мерки за заштита.

„Нашиот проект вклучува создавање одлагалиште со висока густина (околу 90% цврсти материи и само 10% вода), што е огромно подобрување во однос на традиционалните методи. Намалените оперативни трошоци во комбинација со посигурна технологија го прават ова производство целосно изводливо за проектот 'Иловица-Штука'“, истакнуваат од компанијата.

Примената на оваа нова технологија носи клучни придобивки за локалната заедница:
-Намалување на загубите на вода од рудникот;
-Забележително намалување на површината што ја зафаќа одлагалиштето;
-Побрза и поефикасна рекултивација и рехабилитација на земјиштето.

Рударството се наоѓа во предвечерјето на голема трансформација. Како што светот се насочува кон обновлива енергија и електрификација, побарувачката за клучни метали — бакар, литиум, кобалт и никел — се очекува четирикратно да се зголеми до 2040 година.

Светските експерти заклучуваат дека за да се исполни оваа глобална транзиција кон чиста енергија, самото рударство мора да стане почисто, водејќи се од принципот: „зелените минерали мора да се рударат на зелен начин“.

Линк до веста во Сјаенс Дајрект

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТАВ Македонија го одбележува додавањето на седмиот авион на Визер на Меѓународниот аеродром во Скопје

ТАВ Македонија, дел од ТАВ Аеродроми и Групацијата АДП, ја поздравува одлуката на Визер да постави седми авион на Меѓународниот Аеродром Скопје, што означува уште една важна пресвртница во долгогодишното партнерство.

ТАВ Македонија го одбележува додавањето на седмиот авион на Визер на Меѓународниот аеродром во Скопје

ТАВ Македонија, дел од ТАВ Аеродроми и Групацијата АДП, ја поздравува одлуката на Визер да постави седми авион на Меѓународниот Аеродром Скопје, што означува уште една важна пресвртница во долгогодишното партнерство меѓу аеродромскиот оператор и авиокомпанијата, а воедно дополнително ја зајакнува поврзаноста на Македонија со Европа.

Додавањето на седмиот авион претставува значаен чекор во континуираниот развој на Меѓународниот Аеродром Скопје како водечки авијациски центар во земјата и го одразува одржливиот раст на македонскиот воздухопловен пазар.

Зголемениот капацитет ќе им обезбеди на патниците поголема флексибилност преку зголемени фреквенции на неколку постоечки линии, а воедно ќе ги поддржи и неодамна воведените авиолинии до Палермо и Алгеро. Се очекува ова зголемување на капацитетот да генерира повеќе од 120.000 дополнителни патници и приближно 230.000 дополнителни седишта годишно, придонесувајќи за континуираниот раст на патничкиот сообраќај на Меѓународниот Аеродром Скопје.

„Додавањето на седмиот авион на Визер на Меѓународниот Аеродром Скопје претставува значаен успех за ТАВ Македонија и за континуираниот развој на воздушната поврзаност во Македонија. Освен проширувањето на опциите за патување за патниците, овој развој ја зајакнува улогата на Скопје како регионална порта, ги поддржува туризмот и деловната активност и придонесува за економскиот раст на земјата. Горди сме на нашето успешно партнерство со Визер и остануваме посветени на натамошен развој на нашите аеродроми и создавање можности за одржлив раст“,​​изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Континуираното проширување на операциите на Визер доаѓа во време на силен раст за двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.

Во текот на првите шест месеци од 2026 година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид пречекаа речиси 2 милиони патници и опслужија повеќе од 13.000 летови, што претставува зголемување од 28% во патничкиот сообраќај и зголемување од 7,6% на бројот на летови во споредба со истиот период во 2025 година.

Меѓународниот Аеродром Скопје опслужи над 1,83 милиони патници, додека на аеродромот во Охрид опслужени се преку 122.000 патници, што ја одразува растечката побарувачка за патување со авион и растечката улога на Македонија на регионалната воздухопловна мапа. Меѓу 15-те аеродроми управувани од ТАВ Аеродроми, ТАВ Македонија забележа најголем раст на патници во текот на првата половина од 2026 година.

„Придобивките од додавањето на седмиот авион на Визер се протегаат многу подалеку од воздухопловството. Секој дополнителен авион е дополнителна поддршка за туризмот, трговијата, деловната мобилност и економскиот раст, а воедно создава нови можности за вработување во поширокиот екосистем на воздухопловната и угостителската индустрија. Подобрата авио поврзаност ја зајакнува конкурентноста на земјата, го поддржува дојдовниот туризам и ја прави нашата земја подостапна за меѓународните посетители и инвеститори“, додаде Курт.

„Македонија останува еден од најважните пазари на Визер, а денешната објава ја покажува нашата континуирана посветеност на инвестирање во поврзаноста и економскиот развој на земјата. Додавањето на нашиот седми авион во Скопјe ни овозможува да понудиме уште повеќе можности за патување преку зголемени фреквенции, а воедно да продолжиме да им нудиме прифатливи цени и сигурна услуга на нашите клиенти. Горди сме што дополнително ја зајакнуваме нашата позиција како водечка авиокомпанија во Северна Македонија и со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на уште повеќе патници на летовите“, изјави Андраш Сабо, Офицер за мрежата на авиолинии во Визер.

Како дел од ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, ТАВ Македонија останува посветена на блиската соработка со своите партнери авиокомпании и институциите како засегнати страни за проширување на поврзаноста, привлекување нови авиолинии и создавање поголема вредност за патниците, туризмот, бизнисот и националната економија. Преку континуирани инвестиции во инфраструктура, иновации, безбедност, сигурност, дигитализација и квалитет на услугите, компанијата ќе продолжи да го поддржува одржливиот раст на цивилното воздухопловство и да ја зајакнува позицијата на Македонија како сè повеќе поврзана дестинација во регионот и низ цела Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Mанасиевски: СДС, Левица и ДУИ се единствената коалиција што се обедини против реформите

СДС, Левица и ДУИ се единствената коалиција што се обедини против реформите. 

Mанасиевски: СДС, Левица и ДУИ се единствената коалиција што се обедини против реформите

Откако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сама исполни 9 реформски закони од вкупно 10, неисполнувањето на 10 реформски закон е директно на контото на СДС, Левица и ДУИ.

Тоа е нивниот политички модел, кога државата треба да оди напред тие прават се за тоа да биде обратно.

СДС, Левица и ДУИ се заедно само кога треба да се запре некој процес кој е од интерес за државата, а и за самите политички партии.

Оваа блокада е само поради создавање на алиби за поразот на следните избори и виктимизација.

Приказната која се обидуваат вештачки да ја наметнат не им поминува, бидејќи досега сме лидер во регионот по исполнување на закони од Реформската агенда, а лидери сме и по повлечените финансиски средства од Планот за раст.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да испорачува, а СДС, Левица и ДУИ ќе блокираат кога ќе имаат таква можност.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер