МакедонијаКарпош: Општината со неверување ја прифати иницијативата за укинување на „Член 62 а“Општината со неверување ја прифати иницијативата за укинување на „Член 62 а“ од Законот за градба.Општина Карпош со неверување ја прифати иницијативата за укинување на „Член 62 а“ од Законот за градба и не можеме да се изначудиме како владејачката ВМРО-ДПМНЕ укина еден вака важен член од законот. Членот „62 а“ ја обврзуваше локалната самоуправа при издавање на градежна дозвола соседите да бидат информирани во рок од 48 часа, за градбата во нивното непосредно соседство и им даваше право да извршат увид во проектната документација и издадената градежна дозвола. Да потсетиме, овој член од законот го донесе министерот Миле Јанакиевски во владата на Никола Груевски и го промени претходниот закон со кој задолжително се бараше согласност од соседите доколку градбата е поблиску од 3 метра до оградата. Ваквата одредба навистина претставуваше кочница при изградбата и до израз многу често доаѓаа лошите соседски односи кои на моменти дури се претвораа во изживување. Измената предложена од министерот Јанакиески беше во склад со транспарентноста и овозможи соседите да бидат информирани, да извршат увид, но дали ќе се гради или не, зависеше од законските и подзаконските акти, а не од волјата на комшилукот. Транспарентноста беше запазена. Кочница при издавање на дозволите немаше и не ни е јасно што има потреба владејачката партија која се декларираше дека не ги штити интересите на инвеститорите, туку на граѓаните да направи ваква измена со која целосно ќе го укине дури и информирањето на најблиските соседи, што е според наше мислење недозволиво. Длабоко сме убедени дека ова не е барање на локалната самоуправа, туку е барање исклучиво на инвеститорите, а министерството за транспорт и врски се крие зад наводното барање на општините. Недозволиво е соседот да нема право дури и да изврши увид во документацијата. Оваа измена не е во согласност со европските директиви, ја намалува транспарентноста и затоа ја повикуваме претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, да не ги потпише овие измени на законот. Општина Карпош и понатаму ќе ги информира соседите при издавање на градежните дозволи.Тагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви кучиња, кои веројатно биле отруениНад осум тела на мртви кучиња биле пронајдени на јавен простор во скопската населба Бутел. Од здружението „Анима Мунди“ се сомневаат дека кучињата биле отруени и дека станува збор за кучиња од исто леглно и се пронајдени на исто место. Од здружението бараат поведување на истрага за овој случај и веруваат дека убиените кучиња имаат и сопственик. Од полицијата за Канал 5 потврдија дека нема официјлна потврда за овој случај, исто и од Агенцијата за храна и ветеринарство. По објавувањето на снимките инспектори од АХВ излегле на терен да го проверат целиот случај. Но, мртвите тела на кучињата ги нема, а засега не потврди ниту една институции дека ги тргнала кучињата од местото каде биле најдени мртви. Од Анима Мунди објаснуваат дека најголем проблем со негрижата кон милениците води кон создавање на улични кучиња, а труењето е проблем и за луѓето, особено за децата. Според, Член 233 од Кривичниот законик се предвидува парична казна или затвор до три години за неоправдано усмртување, грубо злоупотребување или мачење животно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска ќе има средба со студентите за нов модел на студентски оброкДополнителен попуст од 20 проценти за студентите, не само за субвенционираниот оброк, туку и за сите други производи што ќе ги купуваат со сопствени средства кај оператори кои ќе ги избере Владата. Ова го предвидува новиот модел што го подготвува Министерството за образование, а кој ќе функционира преку електронска апликација. Сепак, конечен договор сè уште нема. Министерката Весна Јаневска денеска најави средба со новиот претседател на Студентското собрание на УКИМ, по што ќе следуваат разговори и со студентските претставници од сите универзитети. ,, Сè додека немаме конечен став од студентите, ние го разработуваме овој модел. Она што е важно е дека ќе станува збор за електронска апликација преку која студентите, кај сите оператори што ќе ги избере Владата, ќе добиваат 20 отсто попуст со картичката за студентски оброк, односно со е-апликацијата или ваучерот за студентски оброк. Попустот ќе важи за она што ќе го купат со тие средства, но и за сè друго што ќе го купат кај избраниот оператор. Ваква мерка во ваква криза навистина е нешто што укажува дека особено многу внимаваме на студентите и дека водиме голема грижа за младите луѓе во земјата,, – Весна Јаневска, министерка за образование и наука Покрај повисоката финансиска поддршка за исхрана, Владата подготвува и поширок пакет поволности за студентите, кој ќе опфати и други производи и услуги. Според премиерот Mицкоски станува збор за иновативен модел кој досега не бил применет во ниту една друга држава. Надлежните институции веќе работат на решението, а конкретните детали ќе бидат соопштени наскоро. Владата претходно предложи месечната вредност на студентскиот оброк од околу 3.500 да се зголеми на 4.500 денари, односно околу 180 денари дневно за 25 субвенционирани дена, наместо досегашните 140 денари, и да оди преку ваучери. Студентските претставници пак побараа дневниот износ да се усогласи со стапката на инфлација и да нема ограничување каде да ги користат средствата за исхрана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаАндоновски: Македонија напредна за 16 места на индексот на ОН за е-влада за 2026Наскоро нови услуги од МВР и ФЗО.Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги од МВР и Фондот за здравство на националниот портал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook