Кари постигна 45 поени против Портланд - Канал 5

Кари постигна 45 поени против Портланд

Бекот на Голден Стејт Стефан Кари го предводеше својот тим Голден Стејт до нова победа (64).

Кари постигна 45 поени против Портланд
Кари во триумфот од 116:105 против Портланд постигна 45 поени, а шутираше од игра 17 погодени од 23 обиди и притоа го подобри сопствениот рекорд и сега има реализирано 276 тројки во една сезона.

На вториот натпревар од НБА лигата одигран ноќеска Чикаго го победи Мајами на гости со 89:78, а клучна беше серијата од 39:8. По овој пораз ланскиот финалист Мајами ги намали шансите за плеј офот. Пау Гасол од Чикаго на овој дуел реализираше „дабл-дабл“ – 16 поени и 15 скокови што е негов 51.ви во кариерата.

Пласман Источна конференција: Атланта 59-19 (победи-порази), Кливленд 51-27, Чикаго 47-32, Торонто 46-32, Вашингтон 45-33, Милвоки 38-40, Босотн 36-42, Бруклин 36-42, Индијана 35-43, Мајами 35-44, Шарлот 33-45,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 64-15, Мемфис 53-25, Хјустон 53-25, Портланд 51-28, ЛА Клиперс 53-26, Сан Антонио 53-26, Далас 47-31, Њу Орлеанс 42-36, Оклахома Сити 42-36,.../МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Намален јавниот долг во вториот квартал во споредба со првиот квартал од годинава

Намален јавниот долг во вториот квартал во споредба со првиот квартал од годинава, понизок и во споредба со крајот на 2024 и 2025 година – изнесува 58,8% од БДП.

Димитриеска-Кочоска: Намален јавниот долг во вториот квартал во споредба со првиот квартал од годинава

Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал од 0,1 процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра. Изразен како процент од БДП јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во споредба со состобјата на јавниот долг на крајот на 2024 година за 2,6 процентни поенти и во однос на состојбата на крајот на 2025 година намалување за 0,6 процентни поени.

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за нивото на јавниот и државниот долг заклучно со вториот кварал од 2026 година. Согласно објавените податоци нивото на јавен долг изразен како процент од БДП изнесува 58,8% додека во апсолутен износ тој е на ниво од 10.726 милиони евра.

Имено, во вториот квартал од 2026 година беше исплатен износ од над 300 милиони евра за сервисирање на дел од Еврообврзницата во вкупен износ од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Поголемиот дел од оваа Еврообврзница беше сервисиран во првиот квартал.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување на МТВ истакна дека состојбата со јавниот долг до овој момент успешно се менџира.

„Јавниот долг во вториот квартал изнесува 58,8% од БДП. Да погледнеме и да видиме колку изнесувал во 2021 година и да видиме колку бил во 2024 година. Ние успеавме да го изменаџираме сето тоа и да ги ставиме работите под контрола. Верувајте, не е едноставно цело време да се движите со ниво на јавен долг околу 60% од БДП и да се борите да не го надминете тој праг“, рече министерката.

Таа истакна дека кога станува збор за задолжувањата некогаш може да се надмине лимитот којшто постои како некаква психолошка граница, но дека е многу важно за што се потрошени тие пари и да расте економијата, што во последните години се случува.

„Кога станува збор за новите задолжувања, во исто време гледаме и што се случува и што се прави. Тоа дава дополнителен раст на економиијата и тоа што значи понатаму подобар животен стандард. Животниот стандард не значи само да имате подобра плата. Животниот стандарде да имаме добри болници, да имаме добри патишта, добри железници и сето тоа е животен стандард. Значи ако правилно ги насочуваме парите, можеби во некој момент ние може да излеземе од таа психолошка граница, како што излегле многу земји, но многу е важно да расте економијата и тоа во последните години се случува“, потенцира министерката за финансии.

Министерството за финансии податоците за јавен долг ги објавува на квартално ниво, додека податоците за сосстојата на државниот долг на месечно ниво.Согласно последните податоци државниот долг заклучно со 30.06.2026 година изнесува 9.432 милиони евра или 51,7% од БДП и бележи намалување во споредба со претходниот месец за 41 милион евра или за 0,2 процентни поенти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНТ се отвора кон меѓународната публика, премиерата на „Три сестри“ со превод на англиски јазик,

Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиера на претставата „Три сестри“, според драмата на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември.

МНТ се отвора кон меѓународната публика, премиерата на „Три сестри“ со превод на англиски јазик,

Новата сезона во МНТ носи важна новина за публиката - воведување превод на англиски јазик за дел од претставите во однапред определени термини. На тој начин, театарот станува уште подостапен за странската публика и сите љубители на уметноста кои не го разбираат македонскиот јазик, овозможувајќи им целосно да ја доживеат сценската изведба.

Токму премиерата на „Три сестри“ ќе биде првата претстава изведена со превод на англиски јазик - чекор што ја потврдува определбата на Македонскиот народен театар кон поголема отвореност и доближување на македонската театарска продукција до пошироката меѓународна публика.

Новата сценска адаптација, по текст на Васил Христов и Нела Витошевиќ, а во драматургија на Викторија Рангелова-Петровска, претставува современо читање на едно од најзначајните дела на светската драмска литература.

Во претставата настапуваат: Дарја Ризова - Ирина, Наталија Теодосиева - Маша, Верица Недеска - Олга, Дамјан Цветановски - Андреј, Благој Веселинов - Александар, Емил Рубен - Иван, Ивица Димитријевиќ - Игор, Нина Деан - Наташа и Антонио Ташковски - Никола.

Креативниот тим го сочинуваат сценографот Игор Васиљев, костимографката Роза Трајческа, композиторот Огнен Анастасовски и извршните продуценти Симона Угриновска и Виктор Рубен.

Билетите за премиерата и за првите изведби се веќе во продажба. Ја покануваме публиката навреме да го обезбеди своето место и да биде дел од свеченото отворање на новата театарска сезона. Со оваа нова практика, уметноста на МНТ станува сè подостапна за меѓународните посетители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евростат: 27,5 проценти од Европејците не можeле да си дозволат седумдневен одмор

Според Евростат, 27,5 проценти од Европејците не можeле да си дозволат седумдневен одмор во 2025 година.

Евростат:  27,5 проценти од Европејците не можeле да си дозволат седумдневен одмор

Финансискиот притисок им отежнува на Европејците да одат на еднонеделен одмор, при што речиси тројца од 10, или 27,5% од населението на ЕУ признаваат дека не можат да си го дозволат тоа, според најновите податоци објавени од Евростат.

Во 2025 година, 27,5 проценти од населението на Европската Унија(ЕУ) на возраст од 16 години и повеќе не можеле да си дозволат една недела одмор надвор од местото на живеење.

Овој удел се зголемил за 0,5 процентни поени во споредба со 2024 година, но е значително помал (за 7,7 процентни поени) отколку пред една деценија, во 2015 година, објави Европскиот завод за статистика – Евростат.

Најголем дел од луѓето кои не можеле да си дозволат една недела одмор се забележани во Романија (61,4 проценти), Грција (46,6), како и во Бугарија и Унгарија (39,1 процент во обете земји).

Во Грција, 46,6% изјавиле дека не се во можност да платат за еднонеделен одмор. Грција е на претпоследната позиција меѓу земјите од ЕУ и само над Романија, каде што 61,4% изјавиле дека не можат да си дозволат одмор.

Спротивно на тоа, 10,6 проценти од луѓето во Луксембург, 12,4 во Шведска и 12,8 проценти во Холандија изјавиле дека не можат да си дозволат една недела одмор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер