Каратистот на “Макпетрол” Витомир Трајковски бронзен на Светските игри на боречки спортови - Канал 5

Каратистот на “Макпетрол” Витомир Трајковски бронзен на Светските игри на боречки спортови

Интервју со светскиот медалист каратистот на “Макпетрол” Витомир Трајковски.

Каратистот на “Макпетрол” Витомир Трајковски бронзен на Светските игри на боречки спортови

Дали очекуваше да освоиш медал на највисокото рангирано првенство, Светските игри на боречки спортови?

- Мојот пристап е пред секое натпреварување, да си поставам цел и визија што потоа тежнеам да ги остварам. Се мотивирам така што пред секој турнир се гледам себеси на првото место, со осовоен златен медал. На истиот начин постапив и за овие Светски боречки игри (World Combat Games) во Ријад, на кои што учествуваа 1.700 спортисти од 80 држави. Во Саудиска Арабија се одржаа натпреваруваа во 16 боречки спортови, што на еден начин го направи овој турнир своевидна олимпијада во боречки спортови на која што се натпреваруваа највисоко рангираните осум спортисти во секоја категорија. Пред да заминам на моите тренери им реков дека ќе освојам прво место. Се вратив со бронза, но како резултат на одредени поени, борбата во полуфиналето многу лесно можеше да добие друга насока и повторно да станам финалист. И покрај тоа, освоеното трето место е извонреден успех.

Задоволен ли си од настапот и што преставува овој медал за твојата понатамошна кариера?

- Најискрено, задоволен сум од настапот. Верувам дека прикажав добри борби и демонстрирав врвно карате. Се подготвував напорно за ова највисоко натпреварување и верував во моите способности за што и добив потврда од постигнатиот резултат. Имав силна мотивација да се соочам со најдобрите и да оставам одличен впечаток на првенството. Дополнително, самиот факт што учествував на Светските боречки игри беше неверојатен, ова е искуство што цел живот ќе го паметам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка во Германија си го заборавила бебето во автомобил- девојчето починало

Во Шорндорф, град во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, 20-месечно девојче почина откако беше оставено со часови во автомобил . 

Мајка во Германија си го заборавила бебето во автомобил- девојчето починало

Според првичните информации, детето било оставено во возилото од нејзината мајка. Криминалната полиција и канцеларијата на државниот обвинител започнаа истрага, пишува Берлинер Цајтунг.

Истрага против мајката

Полициската управа во Ален извести дека добила пријава за безживотно дете во автомобил паркиран на Рихард-Кафан-Штрасе околу 14:50 часот во среда.

Според досегашните информации, 44-годишната мајка го пронашла малото девојче во возилото дури попладне, неколку часа откако го оставила таму. Канцеларијата на државниот обвинител во Штутгарт потврди за германската новинска агенција дека мајката е под истрага поради сомнение за убиство од небрежност.

Обидот за реанимација бил неуспешен

Иако службите за итни случаи веднаш започнаа со мерки за реанимација по пристигнувањето на местото на настанот, обидите за нејзино оживување беа неуспешни и девојчето почина. Истрагата за точните околности на смртта ја презедоа криминалистичката полиција од Вајблинген и државното обвинителство во Штутгарт, кои изјавија дека интензивно работат на случајот.

Наредена е обдукција на телото на починатото девојче за да се утврди точната причина за смртта. Истражителите сè уште не објавија никакви информации за можните причини зошто мајката го оставила детето во автомобилот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Жешко“ на трибините: Никој не гледа фудбал поради навивачка на Конго (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Конго и Португалија заврши без победник (1:1), но резултатот на семафорот беше донекаде засенет од една атрактивна дама на трибините која стана апсолутен хит на социјалните мрежи.

„Жешко“ на трибините: Никој не гледа фудбал поради навивачка на Конго (ВИДЕО)

Додека играчите се бореа на теренот, вниманието на сите присутни, како и на ТВ камерите, го украде атрактивна конгоанска навивачка. Опремена со знаме и облечена во минијатурен син топ кој едвај ги држеше нејзините бујни облини, оваа убавица не штедеше енергија бодрејќи ги своите момчиња.

Во моменти на еуфорија, по постигнатиот гол на крајот од првото полувреме, таа почна енергично да скока, а оваа глетка никого не остави рамнодушен. Нејзините величествени гради „танцуваа“ во ритамот на навивањето, што предизвика вистински транс кај навивачите во нејзина близина.

Камерата ги сними лицата на мажите околу неа кои буквално не знаеја каде попрво да погледнат - кон теренот или кон нејзиното деколте кое се закануваше да „експлодира“.

Иако Конго успеа да ремизира против моќната Португалија и одигра 1:1, се чини дека овој натпревар ќе се памети исклучиво по „најсилните атрибути“ од трибините што го запалија интернетот.

И не само таа, туку и другите навивачи на овој африкански тим кои доминираа на трибините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен екс претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски поради сомнеж за финансиски малверзации,осомничени уште 17 лица

Акција, приведувања и сомнеж за проневера на речиси 3 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија. 

Уапсен екс претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски поради сомнеж за финансиски малверзации,осомничени уште 17 лица

Обвинителството отвори истрага против 18 физички и осум правни лица, меѓу кои и поранешните претседатели на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини. Во координирана акција на ОЈО ГОКК, МВР и Финансиската полиција денеска беа приведени 12 лица, додека петмина се недостапни. За десет лица ќе биде побаран притвор, а за седуммина мерки на претпазливост. Сејдини веќе се наоѓа во притвор во друга постапка.

Според истрагата, Ѓорѓиоски во периодот од 2015 до јули 2018 година, заедно со раководителката на финансии, присвоил над 2 милиони евра, додека Сејдини од јули 2018 до октомври 2019 година уште околу 870 илјади евра.

Обвинителството се сомнева дека парите биле извлекувани преку исплати кон компании врз основа на фиктивни фактури, а потоа преку сметководствени манипулации биле прикривани трагите за нивното трошење.

- Двајцата осомничени претседатели на ФФМ, во различни временски периоди, иако биле должни да обезбедат законито, економично, наменско и транспарентно користење на финансиските средства и да вршат контрола над финансиското работење на федерацијата, одобриле и потпишале вкупно 728 налози за исплата доставени од страна на осомничената раководителка. Со тоа овозможиле исплата на парични средства без целосна и валидна финансиска документација и без претходна проверка на основаноста и намената на исплатите. Постапувајќи спротивно на член 92 од Статутот на ФФМ и член 6 од Правилникот за организација на ФФМ, тие предизвикале штета на Фудбалската федерација на Македонија во вкупен износ од 180.802.365 денари.“ - Велат од ОЈО ГОКК.

Со реакција за денешната акција се огласија и од ФФМ.

- Осомничената раководителка изготвувала налози за исплата кои биле доставувани до одговорните лица во ФФМ за одобрување и потпишување. На овој начин на ФФМ ѝ била причинета штета во наведениот износ, додека правните лица се стекнале со противправна имотна корист. Потоа, средствата прибавени со кривичното дело биле примани, раситнувани, пуштани во оптек и користени во финансискиот промет со цел прикривање на нивното незаконско потекло. -ФФМ.

Под истрага се и повеќе сопственици и управители на компании осомничени за перење пари и прикривање на потеклото на средствата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер