Каракачанов: Бугарија не е против, но смета дека не е време за меѓувладина конференција

Бугарија нема што да менува во својата политика. 

Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Тој за за бугарската ТВ Европа истакнува дека никој не сака да се воведат нови критериуми за Македонија, но оти постои многу јасен услов на ЕУ: секоја земја кандидат за членство мора да ги расчисти проблемите со соседите пред да започне преговори, пренесува БГНЕС.

– Бугарија нема што да менува во својата политика. Во октомври минатата година многу јасно кажавме дека ако не се почитува Договорот за пријателство меѓу Република Бугарија и Република Македонија од 2 август 2017 година, ќе се спротивставиме на закажувањето на првата меѓувладина конференција, вели Каракачанов.

Тој упатува и критики кон поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, дека три години не е направено ништо за подобрување на билатералните односи, како и кон Драги Ѓоргиев, копретседавач на заедничката Комисија за историски и образовни прашања.

– Тие мислат дека можат да ги прикријат работите. Тие замислуваат дека некој во Брисел или низ целиот свет ќе ја притисне Бугарија и ние ќе клекнеме. Очигледно, не разбраа што е ЕУ и како работи. Имаа три години да се превоспитаат. Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција. Кога некој не е подготвен да се појави во прво одделение, има предучилишна подготовка. Во моментов зборувам во име на владата, изјави Каракачанов. /МИА.

Згодната Никол покажа со што го завела Бред Пит

Освен убавото лице, полните усни, заради што неверојатно потсетува на Ирина Шајн, таа има и совршена фигура.

Откако во јавноста како бомба одекна веста за нејзината врска со Бред Пит, атрактивната Германка со полски корени Никол Потуралски стана вистинска сензација. Нема веќе кој не знае за нејзиното име, а згодната бринета тоа знае да го искористи.

Се до неодамна таа беше обичен модел со адреса на живеење во Берлин, а денес името Никол Потуралски и тоа како е познато. Заради врската со холивудскиот шармер, и се отворија многу врати во модната индустрија.

Но, не е само новата љубов заслужна за тоа. Потуралски дефинитивно има предиспозиции да стане нов супермодел.

Освен убавото лице, полните усни, заради што неверојатно потсетува на Ирина Шајн, таа има и совршена фигура.

Тоа сега и го покажа на јавноста преку својот јавен Инстаграм профил на кој ја следат неверојатни 230 илјади луѓе.

Додека во тоалетот од хотелската соба позираше пред последното снимање, многумина останаа без здив гледајќи го нејзиното совршено обликувано тело. Совршените пропорции дојдоа до израз,а на многумина им стана јасно со што таа успеала да го заведе хиливускиот актер.

Никол се фотоградираше во бикини со леопард принт и напиша дека не може да оди на плажа, но затоа себе ќе си дозволи ден во спа центар.

Видео: Студенти во Англија преку прозор бегаат од обезбедување

Студенти во Англија се снимени како скокаат низ прозорци за да побегнат од обезбедувањекое им ја попречило забавата во време на корона.

Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат како студентите се спуштаат од голема височина додека пријателите се обидуваат да ги фатат.

Гласноговорникот на Универзитетот во Салдорд рекол дека се свесни за проблемот и дека преземаат мерки.

-Студентите ги потсетувавме и продолжуваме да ги потсетуваме на правилата и однесувањето кое од нив се очекува, рекол тој.

Гебрејесус: Наредните месеци ќе бидат посебно тешки

Наредните месеци ќе бидат посебно тешки кога станува збор за пандемијата со корнавирусот, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Гебрејесус.

Гебрејесус на состанокот во Женева рекол дека ова е критичен момент кога станува збор за пандемијата, особено на северната хемисфера. Тој истакнал дека неколкуте наредни месеци ќе бидат многу тешки и дека некој земји се на опасен пат, пренесе „ТАС“.

Голем број земји бележат раст на бројот на заразени, што доведува до преоптоварување на здравствениот систем, истакна генералниот директор на СЗО.

Тој ги повика лидерите на државите да преземат итни чекори со цел спречување на понатамошно влошување, како и сеопфатна анализа на епидемиолошката ситуација и итно прилагодување на мерките во оние места кои бележат голем раст на бројот на новозаразени.

Освен тоа, властите мораат јасно да ја информираат јавноста за реалната епидемиолошка ситуација и да им помогнат на граѓаните и економијата, додава Гебрејесус.

Тој забележал дека има недостаток на кислород во многу болници низ светот.

Некои од најсиромашните држави на светот имаат само 5 до 20 отсто од потребниот кислород за лекување на пациенти, истакна генералниот директор на СЗО.

притисни ентер