Канје Вест со лисици пренесен во болница „за негово добро“ - доживеал нервен слом! - Канал 5

Канје Вест со лисици пренесен во болница „за негово добро“ - доживеал нервен слом!

Во тешка психичка состојба Канје Вест вчера бил пренесен во болница во Л.А. Се противел на транспортот па морале да му стават лисици на рацете. Неговите пријатели велат дека тој бил под исклучително тежок стрес и доживел нервен слом и под огромен стрес, предизвикан од проблемите во бракот со Ким Кардашијан и кавгата со Џеј Зи и Бијонсе, како и од неодамнешното ограбување на Ким. Канје веќе откажал 22 концерти од неговата турнеја...

Канје Вест со лисици пренесен во болница „за негово добро“ - доживеал нервен слом!
Ким Кардашијан веднаш фатила лет за Лос Анџелес откако нејзиниот сопруг бил префрлен во болница по доживеан тежок нервен слом.

Таму бил задржан на психијатриско посматрање, поради тешката состојба низ која минува поради проблемите во бракот со Ким Кардашијан, и паранојата во односот со Џеј Зи и Бијонсе.

Состојбата му била толку тешка што морал да ги откаже сите преостанати концерти од американската турнеја, поради што ќе загуби 10 милиони долари.

Таблоидите пренесуваат дека се работи за чисто психички проблеми а никако ефекти од злоупотреба на дрога бидејќи Канје не користи дрога.

Загрижените фанови веќе почнаа со твитови со хаштаг #PrayForKanye (молете се за Канје).



Сето ова се случува само два дена по сцената која канје ја направи на својот концерт во Сакраменто. Рекол дека е повреден што Бијонсе не сакала да настапи на Американските музички награди ако не го победи Канје во конкуренција за најдобро музичко видео, и драматично го повикал Џеј Зи „да се јави и да зборува со мене како маж“! Кога публиката на ова реагирала негативно, тој продолжил - не ви се допаѓа, а јас сум повреден! И потоа во говорот некако ја вмешал и Хилари Клинтон со порака дека ова е новата Америка во која чувствата се важни и - го прекинал концертот.



Каприциозното и грубо однесување на Канје Вест и се смачило и на неговата сопруга. Нејзини блиски за таблоидите велат дека таа повеќе не може да ги поднесе испадите на Канје.

Особено ја погодило што по грабежот во Париз тој не ја прекинал турнејата да биде покрај неа...

/извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со филмот „Фантази“ и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова

Со филмот „Фантази“ на Кукла Кешеровиќ, словенечко-македонска копродукција и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова.

Со филмот „Фантази“  и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова

Со проекција на „Фантази“ е долгометражен игран филм од 2025/2026 година, кој претставува словенечко-македонска копродукција во режија и сценарио на Кукла Кешеровиќ, вечерва се затвора 11. издание на МФФ Киненова. Филмот е словенечки официјален кандидат за најдобар меѓународен игран филм на 99. Доделување на наградите Оскар (2027)

Филмот ја следи приказната на Михрије, Сина и Јасна — три блиски пријателки во раните дваесетти години чиј неконвенционален начин на живот се менува кога ја запознаваат Фантази, млада трансродова жена. Низ нивната интеракција, ликовите истражуваат прашања поврзани со родот, желбите, идентитетот и личното себеоткривање.

Годинава, одлуката за најдобрите филмски остварувања на 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ е во рацете на истакнато меѓународно жири, составено од врвни филмски авторитети:

Емин Алпер – Филмски режисер чии авторски потписи се препознатливи по силниот социо-политички супстрат и суптилната психолошка длабочина.

Александра Марковиќ – Режисер, документарист и професор, чиј критички поглед и креативен сензибилитет носат посебна димензија во валоризацијата на филмскиот израз.

Гоце Цветановски – Филмски режисер од Македонија, автор со значаен придонес во развојот и промоцијата на националната и меѓународната кинематографија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 16.10.2026 во 17:05 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.В.(22) од Македонски Брод. 

Претрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, истиот со Наредба од основен суд Кичево пронајдена и одземена била грутчеста материја, марихуана, шише со течна материја и хартија за тутун. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Денес во Брвеница гласаат болните или немоќни лица и затворениците

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

ДИК: Денес во Брвеница гласаат болните или немоќни лица и затворениците

Вкупно 88 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница.

Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Државна изборна комисија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер