БалканКанев:Секој што ќе се изјасни како Македонец во Бугарија може да биде предмет на малтретирањеВо Бугарија е опасно да се изјасниш дека си Македонец, вели за Канал 5 Красимир Канев, претседател на Бугарскиот хелсиншки комитет.Целиот разговор на Јован Ѓорговски со Красимир Канев претседател на Бугарскиот хелсиншки комитет, погледнете го во вестите во 15. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија360 полуматуранти од Ѓорче Петров добиваат еднократна финансиска поддршка од 5.000 денариОпштина Ѓорче Петров за првпат воведува еднократна финансиска поддршка за полуматурантите од општината.Градоначалникот Александар Стојкоски ги потпиша решенијата за исплата на финансиска поддршка во износ од 5.000 денари за 360 полуматуранти од Ѓорче Петров. Оваа мерка претставува конкретна поддршка за учениците и нивните семејства, во период кога младите завршуваат едно важно поглавје од своето образование и се подготвуваат за нови предизвици. „Младите се нашата иднина и наша најголема обврска. Со оваа мерка покажуваме дека Општина Ѓорче Петров ги вреднува учениците, го поддржува образованието и стои зад семејствата. За првпат воведуваме ваква поддршка, затоа што силна заедница се гради со грижа, посветеност и конкретни дела“, истакна градоначалникот Стојкоски. Од Општина Ѓорче Петров посочуваат дека поддршката за младите, образованието и семејствата останува еден од главните приоритети во работењето на локалната самоуправа. Силна заедница — силно Ѓорче Петров. Општина Ѓорче ПетровТагови: Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамЕлектричен „Bentley“ – прва фотографија и датум на премиера!„Bentley“ официјално потврди дека наскоро ќе го претстави својот прв целосно електричен автомобил.Луксузниот британски производител, кој работи во рамките на „Volkswagen Group“, ја објави првата тизер фотографија од моделот „Torcal“, чија светска премиера е закажана за 23 септември во Лондон. Извршниот директор на компанијата, Франк-Штефен Валисер, изјави дека новиот модел ќе постави „исклучително високи стандарди во сите области што се важни за клиентите“ и додаде дека „Torcal“ може да биде „највнимателно дизајнираниот „Bentley“ во историјата на компанијата“. „Torcal“ ќе им се придружи на моделите „Bentayga“, „Bacalar“ и „Batur“ во понудата на производителот. Како и другите модели, тој е именуван по природна знаменитост, карпестата формација „El Torcal de Antequera“ во Шпанија, а во исто време претставува алузија на зборот за вртежен момент. „Bentley“ го објави развојот на електричен „SUV“ модел уште во 2021 година, а „Torcal“ претставува реализација на тој план. View this post on Instagram A post shared by Bentley Motors (@bentleymotors) Прототип на новиот модел веќе е виден за време на зимските тестирања во Арктичкиот круг, каде што откри силуета на фастбек инспирирана од минатогодишниот концепт „EXP 15“. Автомобилот подоцна беше забележан на познатата патека Нирбургринг во Германија, со камуфлажа што го криеше финалниот дизајн. Шпионските фотографии потоа открија дел од ентериерот, вклучувајќи црвена кожа, црна алкантара, голем закривен екран и задржани физички контроли за одредени функции. „Bentley“ вели дека ќе објави нови детали за моделот „Torcal“ во наредните недели, до официјалната премиера. „Иако носи сосема нов концепт, Torcal останува верен на традицијата на Bentley, комбинирајќи ја врвната изработка и перформансите што го дефинираат нашиот бренд од 1919 година“, соопшти компанијата. Извор: Б92Тагови: Bentley Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПреку едукативна боенка најмладите ќе учат за знаменитостите на Општина Кисела ВодаСтанува збор за креативен проект преку кој најмладите жители ќе можат да ги запознаат најважните градби и знаменитости во Кисела Вода.Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска во детската градинка „8 Март“ во населбата Расадник присуствуваше на промоцијата на новата едукативна детска боенка посветена на најубавите и најзначајните катчиња во општината. Станува збор за креативен проект преку кој најмладите жители ќе можат да ги запознаат најважните градби и знаменитости во Кисела Вода. На страниците на оваа боенка се илустрирани голем број препознатливи локалитети, меѓу кои излетничкото место Три Круши, Домот на културата, Паркот на шахот, рекреативниот центар Пеленица и многу други значајни места за општината. Боенката е изработена по иницијатива на градоначалничката од страна на Одделението за предучилишно воспитание при Општина Кисела Вода, а ќе им биде поделена на сите дечиња од големите групи во сите детски градинки на територијата на општината. -Целта на оваа иницијатива е од најрана возраст да им ги доближиме на децата убавините, знаменитостите и културата на нашата Кисела Вода. Преку боењето на овие локалитети тие не само што ја развиваат својата креативност и моторика, туку и учат да го сакаат своето родно место. Голема благодарност до Одделението за предучилишно воспитание кое ја преточи оваа идеја во прекрасно дело. Нашата грижа и вложување во најмладите остануваат наш врвен приоритет- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter