Канческа-Милевска: Заштитата на културното наследство еден од приоритетите - Канал 5

Канческа-Милевска: Заштитата на културното наследство еден од приоритетите

Еден од приоритетите на Владата и на Министерството за култура е заштита на културното наследство што може да се види од реализацијата на голем број проекти ширум нашата држава, рече министерката Елизабета Канческа-Милевска во одговорот на пратеничките прашања од нејзината надлежност.

Канческа-Милевска: Заштитата на културното наследство еден од приоритетите
На прашањето за скопскиот Аквадукт, таа информира дека е изготвен елаборат за валоризација на Споменикот на културата за Аквадуктот и предлог за прогласување на културниот предел за културно наследство од историско значење.

При изработката на овој елаборат, посочи, Министерството за култура има издвоено средста за негова конзервација, а во рамки на проектот на Советот на Европа исто така се издвоени средства за изработка на три проекти, како грантови во рамки на истата програма.

Канческа-Милевска потенцира дека Националната установа конзерваторски центар-Скопје, како надлежна установа за заштита на културното наследство, во рамки на проектот „Љубљански процес 2“ има добиено два гранта. Првиот од 5 илјади евра е за археолошки истражувања на Аквадуктот и треба да започне во ноември годинава. Таа напомена дека реалната пресметка е околу 12 илјади евра, а останатите средства, истакна, ќе се обезбедат од Министерството за култура. Вториот обезбеден грант е од 29.707 илјади евра за геотехнички истражувања, хемиски и други анализи на каменот, статиката, динамиката и стабилноста на објектот. Постапката за тендерот, информира, треба да заврши до крајот на 2013 година.

Покрај овие грантови, појасни таа, Министерството за култура преку надлежните институции во 2014 година, согласно стратешкиот план за зачувување и рехабилитација на споменици на културата, ќе предвиди финансиски средства со цел да се влезе во приоритетната програма, затоа што Аквадуктот е лична карта и на Скопје и на РМ.

Говорејќи за заштитата на културното наследство во Струга и Струшко, таа истакна дека е реновирана целокупната куќа на браќа Миладиновци во Струга, а таму, посочи, се наоѓа и огромен оригинален мозаик од 50 метри квадратни од ранохристијанската базилика пронајдена во струшкото село Октиси.

- Работиме континуирано и на фрескоживописот на „Св. Ѓоргија“ во Струга и на голем број останати културни наследства, како што е постојаната поставка за животот и делото на Димитар Константин. Еден дел од куќата е определен за административни простори, а останатиот е во функција на промоција на културното наследство, рече министерката за култура.

За реставрирањето на фрескоживописот на „Св. Ѓоргија“ во Струга, Канческа-Милевска информира дека е изработена архитектонско-техничка документација и до крајот на годинава ќе бидат завршени првите конзерваторски зафати за чистење на фрескоживописот, а од следната година ќе биде конзервирано и промовирано од страна на надлежната институција.

Во врска со сувенирниците, таа информира дека досега се поставени 20 унифицирани сувенирници кои според неа се примени позитивно од граѓаните, но и од сите посетители. Во Струга се уште не се поставени затоа што, подвлече, се уште нема одговор од Општината за нивно поставување, а тие се изработени и по добивање на одобрението ќе бидат поставени. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност

Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

Царинска управа: Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност

Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на државата нотира добро ниво на подготвеност во реформските процеси што ги презема Царинската управа во Поглавјето 29 - Царина унија, со цел забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на Европската унија. Зголемените приходи, воспоставување на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот, зајакнување на капацитетите на Секторот за контрола и истраги, надградбата на ИТ системите и усогласеноста на царинското законодавство, се дел од областите каде е забележан напредок.

„Вкупните приходи наплатени од Царинската управа во 2025 година беа за 5,2 проценти повисоки во споредба со 2024 година, надминувајќи 2,1 милијарди евра“, нотира ЕК во последниот извештај.

Во делот на оперативни и административни капацитети, од Комисијата го истакнуваат воспоставувањето на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот како и новиот систем за управување со ризик и податочен склад. Во оваа насока потенцирано е учеството во меѓународни операции и размената на разузнавачки информации. Контролите, се засноваат на анализа на ризик поткрепена со разузнавачки информации, информации добиени пред пристигнување на стоката и техники на селективност.

Воедно, со финансиска поддршка на ЕУ со цел зајакнување на борбата против организираниот криминал, нотирано е дека капацитетите на Секторот за контрола и истраги се значително зајакнати со нови возила и заштитна опрема, како и ИТ опрема за сервер салата со што се подобрува ИТ безбедноста на царинските операции. Во делот на борбата против корупција Комисијата наведува дека продолжува спроведувањето на Стратегијата за интегритет и борба против корупција за периодот 2024-2027 година.

Во делот на дигитализацијата се потенцира дека е обезбедено одржување и понатамошен развој на системот за Интегрирана тарофна околина, како и започнување на пилот фаза на системите за регистрација и идентификација на економските оператори и за унифицирано управување со корисниците и дигитален потпис.

Царинското законодавство е со висок степен на усогласеност со правото на ЕУ, при што Царинската тарифа во 2026 година е донесена и усогласена со Комбинираната номенклатура на ЕУ.

Во областа на добрососедски односи и регионална соработка нотирано е ратификувањето на Протоколите 5 и 6 со кои се воспоставува рамка за олеснување на трговијата преку царинска соработка и либерализација на трговијата со услуги, соопштуваат од ЦУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсена е поранешна турска министерка за членство во криминална организација

Поранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена во рамките на истрага за трансакции на пазарот на капитал, под сомнение за кршење на Законот за пазари на капитал и членство во криминална организација.

Уапсена е поранешна турска министерка за членство во криминална организација

Поранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена во рамките на истрага за трансакции на пазарот на капитал, под сомнение за кршење на Законот за пазари на капитал и членство во криминална организација, објави денес обвинителството во Истанбул.

Според документот на обвинителството, Каја е осомничена дека имала информации што можеле да влијаат на цената на акциите на „Озата Денизчилик“, објави „Анадолу“.

Истражителите изјавија дека поранешната министерка ги купила акциите на компанијата во април 2026 година и ги продала на 16 септември, денот пред одлуката за ликвидација на средствата.

Обвинителството се сомнева дека Каја знаела за претстојната ликвидација и дека ги префрлила акциите на „Тера Јатирим Менкул Дегерлер“, која ѝ ја исплатила нивната вредност истиот ден, наместо парите да бидат исплатени во вообичаените два работни дена.

Поранешниот претседател на Одборот на пазарите на капитал, Ибрахим Омер Ѓенул, и Илијаш Каја беа ослободени под мерки на судски надзор, кои вклучуваат редовно пријавување кај властите и забрана за патување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира без облека, а косата никогаш не ѝ била посветла (ВИДЕО)

Џенифер Лопез избра костим од Барбарела за овогодинешниот Ноќ на вештерките, ликот што Џејн Фонда го играше во истоимениот филм од 1968 година. 

Џенифер Лопез позира без облека, а косата никогаш не ѝ била посветла (ВИДЕО)

За таа пригода, таа беше трансформирана со помош на прекрасна руса фризура моделирана по познатата актерка, а носеше и реплика од проѕирниот боди со светки од филмот. Таа дополнително го адаптираше костимот за Ноќта на вештерките со солзи и детали што имитираат крв.

Пејачката и актерка често експериментирала со фризури во текот на својата кариера, од природни кадрици од деведесеттите до медено руси прамени, пишува Харперс Базар.

Најсветлата нијанса досега

Иако Ноќта на вештерките заврши, се чини дека Лопез сè уште не е подготвена да се збогува со својот нов изглед. Нејзиниот фризер Крис Аплтон објави претходно невидени фотографии на Инстаграм на кои пејачката е речиси непрепознатлива.

На фотографиите, Лопез позира целосно гола, а посебно внимание привлекува нејзината екстремно светла руса коса, најсветлата нијанса што некогаш ја носела. „Бомбастични боцки“, напиша Аплтон во описот на објавата, алудирајќи на Барбарела и нејзиниот костим. Тој ја обликуваше нејзината коса во луксузни, волуменозни кадрици, со дополнителен волумен нагласен на темето.

Фризерот одговорен за бројни трансформации

Аплтон стои зад многу фризури на Џенифер Лопез, вклучувајќи го и нејзиното неодамнешно „фенирање од милион долари“. Станува збор за луксузно стилизирана коса со костенливи прамени и шишки што го врамуваат лицето.

@jlo

Her specialty is LOVE ❤️ Barbarella 🚀 Happy Halloween everybody!

♬ original sound - JLO

Перика или трајна промена?

Дали Лопез ќе ја задржи новата боја на косата сè уште не е познато. Не е ни јасно дали носи перика на фотографиите. Имено, Аплтон е позната по големите трансформации на изгледот на неговите познати клиенти, вклучувајќи ги Ким Кардашијан и самата Џенифер Лопез. Затоа, останува да се види дали ова е потрајна промена или само привремен експеримент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер