Бојковска: Политиките на Владата кои носат инвестиции, раст и поголема економска сигурност даваат резултати
1Бојковска: Политиките на Владата кои носат инвестиции, раст и поголема економска сигурност даваат резултати
БалканКанал 5 во Софија: Бугарија по седми пат за четири години на избориУморна од избори, Бугарија по седми пат за неполни четири години излегува на гласање, чиј епилог со внимание го следи и македонската влада.Над шест милиони луѓе се со право на глас, а анкетите укажуваат дека и овој пат тешко ќе се обезбеди стабилна политичка влада. Канал 5 е во Софија. Михајло Видимлиски ги следи изборите. Се предвидуваше ниска излезност. Што велат бројките денеска? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБојковска: Политиките на Владата кои носат инвестиции, раст и поголема економска сигурност даваат резултатиДенес продолжуваме со економските показатели кои најдиректно ја покажуваат состојбата во државата, јавниот долг, економскиот раст и инфлацијата за време на претходната влада на СДС, со периодот на власт на ВМРО-ДПМНЕ.Кога ќе ги ставиме бројките на едно место, можеме јасно да видиме од каде тргнуваме, каде сме денес и какви се предизвиците што стојат пред нас. На 31 декември 2017 година јавниот долг изнесувал 4,787 милијарди евра, односно 47,7% од БДП, а според податоците на ММФ, БДП изнесувал 11,34 милијарди долари. Шест години подоцна, на 31 декември 2023 година, јавниот долг достигнал 8,477 милијарди евра, односно 57,8% од БДП, додека БДП изнесувал 15,86 милијарди долари. Тоа значи дека за период од шест години власт на СДС, јавниот долг се зголемил за 3,690 милијарди евра, додека БДП во истиот период пораснал за 4,52 милијарди долари, односно приближно 3,9 милијарди евра. Сега да ги споредиме бројките за време на власт на ВМРО-ДПМНЕ. На 31 декември 2024 година јавниот долг изнесувал 9,619 милијарди евра, односно 61,4 проценти од БДП, додека БДП според податоците на ММФ изнесувал 16,95 милијарди долари. Заклучно со 30 јуни 2026 година, јавниот долг изнесува 10,726 милијарди евра, односно 58,8 проценти од БДП. Според проекцијата за крајот на 2026 година, јавниот долг би достигнал околу 11 милијарди евра, додека според ММФ, Бруто домашниот производ ќе изнесува 21,61 милијарда долари. Тоа би значело дека за период од две години јавниот долг би пораснал за околу 1,381 милијарда евра, додека БДП би се зголемил за околу 4,66 милијарди долари, односно приближно 4,02 милијарди евра. Ова е разлика која покажува дека за прв пат со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, БДП производ е за скоро три пати поголем од нивото на задолжување, што значи дека задолжувањето е со јасна економска цел што создава дополнителна вредност за државата. Овие показатели потврдуваат дека задолжувањето е преточено во инвестиции кои создаваат услови за посилен економски раст, нови работни места и повисок животен стандард. Тоа е разликата меѓу задолжување за развој и задолжување без јасен резултат. Истовремено, кога зборуваме за економската состојба, мора да ја земеме предвид и да ја анализираме и инфлацијата, сега со периодот на власт на СДС. Во јули 2026 година, инфлацијата во Македонија изнесува 2,3% на годишно ниво, што претставува сериозно намалување на ценовните притисоци во споредба со јули 2022 година, кога инфлацијата изнесувала високи 16%. За споредба, од земјите во регионот само Србија има пониска инфлација од нас со 1,9%, потоа Словенија 2,9%, Албанија и Грција по 3,4%, Црна Гора 3,8%, Хрватска 3,9% Бугарија 4,1, Босна и Херцеговина 4,5%, Косово 6,5, Романија 8,16 и Турција 31,75%. Додека за време на власт на СДС кога во Македонија инфлацијата рушеше рекорди со 16% во јули, во истиот период поголем дел од земјите во регионот имаа пониска инфлација од нас. Така, Албанија имала инфлација од 7,5%, Словенија 11%, Грција 11,6%, Хрватска 12,7%, Србија 12,8%, Косово 14,2%, Црна Гора 14,9% и Романија 15%. Само Босна и Херцеговина со 16,7%, Бугарија 17,3% и Турција од дури 79,6% имаа повисоко ниво на инфлација од Македонија. Овие проценти покажуваат дека темпото со кое растат цените е значително забавено, а задача на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да обезбеди дополнително зголемување на куповната моќ на граѓаните преку реален раст на платите и пензиите, поголема продуктивност и силна економска активност. Од друга страна, сакаме секое задолжување да има своја економска оправданост, секоја инвестиција да носи резултат, а економскиот раст да се претвори во повисок животен стандард, затоа што тоа е одговорен пристап кон јавните финансии и кон иднината на државата. Политиката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон економски раст кој се темели на инвестиции, производство, нови работни места и повисоки приходи за граѓаните, затоа ќе продолжиме со политики кои носат инвестиции, раст, повисоки плати и пензии и поголема економска сигурност, рече Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“ – безбедноста на децата е наш приоритетОпштина Центар реализира голем градежен зафат во објектот „Панорама“ на ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“, каде што во тек е изградба на нов армирано-бетонски потпорен ѕид за стабилизација на земјиштето и спречување на ерозивни процеси.Новиот потпорен ѕид е проектиран согласно постојната конфигурација на теренот и е поделен на шест одделни кампади, со вкупна висина од 3,20 метри заедно со темелната конструкција. Целата конструкција се изведува од армиран бетон, согласно техничките прописи и стандарди. Зад потпорниот ѕид ќе биде поставен дренажен слој од дробен камен обвиткан со геотекстил, со цел заштита од ерозија и соодветно одведување на водата. На нивото на темелот се поставува и ПВЦ дренажна цевка со дијаметар од 300 милиметри, преку која ќе се одведуваат подземните и инфилтрираните води зад ѕидот. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека станува збор за сериозен и неопходен градежен зафат, при што уште пред почетокот на работите се преземени сите мерки за безбедност на децата. „Ова е голем и важен зафат со кој трајно го стабилизираме теренот и создаваме побезбедни услови во градинката. Уште пред да започнат градежните работи, сите деца од објектот „Панорама“ ги префрливме во објектот „Бели Мугри“, каде што непречено продолжија со престојот. Безбедноста на децата за нас секогаш е на прво место и затоа не правиме компромиси кога станува збор за вакви инфраструктурни зафати“, изјави Герасимовски. Општина Центар продолжува со инвестиции во објектите за згрижување и воспитување на најмладите, со посебен фокус на безбедноста, стабилноста и подобрувањето на условите за престој на децата. Општина Центар - СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНајмалку 27 загинати во руски напад во близина на Буча- силнит еексплозии траеле со часови (ВИДЕО)Најмалку 27 лица загинаа, а уште 42 се повредени во рускиот напад врз округот Буча во Киевската област, објави началникот на регионалната воена администрација, Тимур Ткаченко. Меѓу повредените има четири деца. Спасувачите евакуираа 381 лице, а околу 50 куќи беа оштетени. Нападот се случи синоќа околу 20:10 часот во селото Мила, каде што руски дрон удрил или паднал на територијата на една компанија. По ударот, избувнал голем пожар, а потоа започнала силна детонација на материјалот складиран на локацијата. ‼️ Russians hit a tire warehouse in Bucha district of Kyiv region — local media. A black column of smoke is visible from different parts of the city. pic.twitter.com/kNjyu5RDee — The Ukrainian Review (@UkrReview) August 29, 2026 Пожарот се проширил на околните станбени згради. Се истражува што имало во магацинот. Премиер на Украина: Ова е криминална небрежност Украинското државно обвинителство започна истрага не само за рускиот напад, туку и за можна службена небрежност поврзана со складирањето на експлозивни предмети и материјали. A Russian Geran-4 loitering munition struck an ammunition depot near the M06 Zhytomyr Highway in Bucha District, Kyiv Oblast. Footage shows a large fireball and shockwave, followed by multiple secondary explosions as stored munitions detonated. pic.twitter.com/zkvsocKjTk — OSINTWarfare (@OSINTWarfare) August 28, 2026 Истражителите ќе проверат дали експлозивните материјали биле легално поставени и складирани во просториите на компанијата, дали биле постоечки потребните дозволи и кој од службените лица донел одлуки за нивното складирање. Украинскиот премиер Сергеј Корецки го нарече целиот случај „криминална небрежност“ и побара строга казна за одговорните. 🇺🇦🇷🇺Close up footage of secondary detonation after Russian Geran-4 drone attack on ammunition depot in Bucha,Kiev. pic.twitter.com/sjhxDW2x8B — Global Surveillance (@Globalsurv) August 28, 2026 „Правењето на истите грешки во петтата година од целосната инвазија е криминална небрежност. Сите виновници, без исклучок, мора да бидат строго казнети за да не се повторат вакви ситуации“, рече тој. Корецки се потсети на претходниот напад врз магацинот во Вишнево во близина на Киев и рече дека властите очигледно не научиле од таа трагедија. Експлозиите траеле со часови Поради големиот пожар и секундарните експлозии, властите привремено затворија дел од автопатот Киев-Коп за да овозможат работа на спасувачките служби и евакуација на населението. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат огромна експлозија проследена со голема топка оган што се издига кон ноќното небо. Пожарникарите, полицијата, пиротехничарите и другите служби за итни случаи работеа со часови на местото на ударот. Претходно во текот на ноќта, властите пријавија шест повредени и непознат број на жртви, а бројот на жртви расте додека спасувачите се движеа подлабоко во погодената област. Русија испрати 267 дронови Нападот врз Буча беше дел од голем руски воздушен напад врз Украина. Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала 267 дронови, една противбродска ракета „Оникс“ и една балистичка ракета „Искандер“ од петокот навечер. Украинската воздушна одбрана тврди дека до сабота наутро соборила или електронски неутрализирала 233 дронови. Во одделен руски напад со дронови врз Херсон, еден човек е убиен, додека 44-годишно лице е повредено од експлозија и шрапнели. Две лица се повредени и во населбата Свјатошин во Киев. Зеленски сака да ја нападне Русија со 1.000 дронови дневно Русија и Украина ги засилуваат нападите длабоко зад фронтовските линии во последните месеци, а енергетските и логистичките објекти се меѓу честите цели. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера повика на понатамошно зголемување на украинските напади со долг дострел врз Русија и постави цел од 1.000 лансирања на дронови дневно. „Моментално во просек имаме повеќе од 300 санкции со долгорочен дострел. Мора да има повеќе“, рече Зеленски.Тагови: руски напад Буча Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter