Божиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економија
2Божиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економија
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Градиме посилен систем на ревизија и контрола на јавните средстваСилните институции и одговорното управување со јавните средства се темел на довербата на граѓаните, а ревизијата е еден од клучните механизми за обезбедување контрола, отчетност и спречување на неправилностите. Во таа насока се и двата значајни чекори преземени во изминатиот период – унапредувањето на соработката меѓу Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија и воспоставувањето национален испит и сертификација на внатрешните ревизори во јавниот сектор, наведува во објава на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. „Со потпишувањето на Меморандумот за соработка со Државниот завод за ревизија воспоставивме поцврста институционална основа за заедничко дејствување во заштитата на јавните средства, како и во спречувањето и откривањето на неправилности, измами и коруптивни дејствија. Ова партнерство значи поголема координација, размена на знаења, искуства и податоци, унапредување на професионалните капацитети и примена на европските стандарди. Нашата цел е јасна – посигурен, поефикасен и поодговорен систем на јавни финансии“, вели министерката. Таа посочува дека силен систем не се гради само преку правила и институционални механизми, туку и преку континуирано инвестирање во професионалните капацитети на луѓето кои го спроведуваат системот. Токму во таа насока, за првпат во земјава, преку Министерството за финансии ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор и ќе се воспостави национална сертификација на внатрешните ревизори. „Со воспоставувањето на националниот испит создаваме услови за посилни професионални капацитети во институциите, поефикасна внатрешна ревизија и дополнително зајакнување на механизмите за законско и одговорно управување со јавните средства. Надворешната и внатрешната ревизија имаат различни улоги, но заедничка цел – јавните средства да се управуваат законски, наменски, ефикасно и одговорно“, истакнува министерката за финансии во објавата. Димитриеска-Кочоска нагласува дека двата процеса се дел од пошироките активности за унапредување на системот на финансиска контрола и негово приближување кон европските стандарди и практики. И унапредувањето на институционалната соработка со Државниот завод за ревизија и професионализацијата на внатрешната ревизија придонесуваат кон исполнување на обврските и препораките во рамки на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, како и кон реализација на реформските процеси предвидени со Реформската агенда. „Продолжуваме паралелно да ги зајакнуваме институциите, контролните механизми и човечкиот капитал. Секој денар од Буџетот и секое евро од европските фондови се средства на граѓаните, а наша обврска е да обезбедиме тие да се користат одговорно и во нивен интерес“, пишува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објавата на Фејсбук. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Во тек е поставување на подземен контејнер со три корпи на ул. „Никола Минчев“ Во тек е поставување на подземен контејнер со три корпи на ул. „Никола Минчев“ спојот со ул. „Моша Пијаде“, информира преку својот фејсбук профил градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. -Во насока на унапредување на комуналната инфраструктура и одржување на почиста и поуредена животна средина, во тек се активности за поставување на подземен контејнерски систем со три корпи, кој ќе придонесе за поефикасно собирање на отпадот и подобро искористување на јавниот простор. Изведувач на работите е „Метал Апостолов“. Со ваквите активности продолжуваме со унапредување на јавните површини и создавање почиста, поуредена и поздрава животна средина за сите граѓани. [♻️] Заедно за почист и поубав град!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаБожиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економијаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го отвори Саемот за енергетика, технологија и иновации „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го отвори Саемот за енергетика, технологија и иновации „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“, нагласувајќи дека енергетската транзиција бара стратешко планирање, нови инвестиции, модернизација на инфраструктурата и примена на иновативни технолошки решенија. Во своето обраќање, Божиновска истакна дека енергетиката денес е многу повеќе од производство и снабдување со електрична енергија – таа е директно поврзана со економската конкурентност, енергетската безбедност, технолошкиот развој и квалитетот на животот на граѓаните. „Одлуките што ги носиме денес во енергетскиот сектор ќе влијаат врз економијата на утрешнината, нашата отпорност на глобалните кризи и можностите што ќе им ги оставиме на идните генерации“, посочи министерката. Таа нагласи дека успешната енергетска транзиција не подразбира само промена на изворите на енергија, туку и модернизација на мрежата, поголема енергетска ефикасност, дигитализација, складирање енергија и воведување паметни системи за управување. Божиновска посочи дека државата располага со значаен потенцијал за развој на обновливите извори на енергија, особено сончевата, ветерната и хидроенергијата. За целосно искористување на овој потенцијал, неопходни се паралелни инвестиции во инфраструктурата и технологиите што ќе обезбедат стабилно и сигурно функционирање на енергетскиот систем. Посебен акцент стави на улогата на иновациите, дигиталните технологии, автоматизацијата и вештачката интелигенција во унапредувањето на индустриските процеси, намалувањето на потрошувачката на енергија и поефикасното користење на ресурсите. „Вистинската вредност на иновациите се гледа тогаш кога знаењето се претвора во конкретни решенија – поефикасни компании, подобри услуги, нови инвестиции и поквалитетен живот за граѓаните“, истакна Божиновска. Министерката ја нагласи и важноста од посилно поврзување на образованието, науката, индустријата и институциите, со цел младите да добијат повеќе можности за практична примена на знаењето, учество во развојни проекти и професионален напредок во државата. „Како Министерство, остануваме посветени на создавање стабилна и предвидлива регулаторна рамка, поттикнување инвестиции и развој на енергетски сектор што ќе одговори на потребите на граѓаните и стопанството и ќе придонесе за европската интеграција на државата“, нагласи Божиновска. Таа додаде дека резултатите од енергетската транзиција треба да се оценуваат не само преку реализираните проекти и инсталираните капацитети, туку и преку сигурноста на снабдувањето, конкурентноста на индустријата, поефикасното користење на ресурсите и новите можности за идните генерации. Со отворањето на „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“ беше истакната важноста на континуираната соработка меѓу институциите, бизнис-секторот, научната заедница и младите во создавањето современ, одржлив и конкурентен енергетски сектор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕстонија планира да изгради околу 150 бункери на границата со РусијаЕстонија планира да изгради околу 150 бункери на границата со Русија, како дел од напорите за зајакнување на одбранбената подготвеност, изјави естонскиот министер за одбрана Мартин Херем пред новинари.Бункерите ќе бидат изградени во регионот Ида-Виру, кој граничи со Русија. Околу 100 бункери ќе бидат поставени на државно земјиште, а приближно 50 на приватни парцели или на земјиште во сопственост на локалните самоуправи, рече Херем, според естонскиот медиум ERR. Министерот не даде детални информации за тоа како ќе се користат бункерите. Најновите мерки доаѓаат во време кога продолжуваат руските закани кон источното крило на НАТО. Како одговор на зголемената руска агресија во регионот, балтичките држави во последните години ставаат силен акцент на стратешката подготвеност, поттикнувајќи ја подготвеноста на цивилното население и зголемувајќи ги трошоците за одбрана. Претставници на НАТО предупредија на навлегувања на руски беспилотни летала, повреди на воздушниот простор, саботажи и други хибридни закани, додека земјите во регионот истовремено ја зајакнуваат својата противвоздушна одбрана. Откако Русија започна целосна инвазија врз Украина, НАТО го зајакна своето источно крило преку распоредување дополнителни трупи и подготовка на план за брз одговор. Претходно овој месец, естонската војска објави дека трајно ќе премести една борбено подготвена бригада поблиску до руската граница. Првата бригада треба да биде преместена во новопроширена воена база, оддалечена помалку од 50 километри од руската граница, со цел армијата подобро да се подготви за евентуален руски напад.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter