Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД
1Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД
3Сенаторите бараат од Трамп да ја повлече поканата на Путин: Му се дава легитимитет со доаѓањето на Г20
ЖивотКанал 5 сторија: Потресна приказна на Верица Гиговска која неодамна ја загуби ќерката„Еден лекар корона вирусот ја нарече монструм и вистина било“, вака 57 годишната Верица Гиговска почна да ја раскажува нејзината трагедија со влегувањето на корона вирусот во нејзината фамилија. Пред четири и пол месеци долгата борба против вирусот не ја издржала нејзината 34 годишна ќерка. Минатата година ја имале најголемата радост Верица и сопругот за ќерката правеле свадба во Ниш, потоа ја добила најрадосната вест дека ќе имаат внуче. Ќерката во шестиот месец од бременоста се заразила со ковид 19, состојбата се влошила и завршила на респиратор. Загубата и траумата се дополниле одкако Верица, сопругот и нејзиниот син се заразиле со корона. Температура, болки, немоќ да стане од кревет, сите роднини и пријатели помагале со храна и лекови кои ги оставале пред вратата, внатре во домот никој никому не може да му се помогне, сите биле во лоша состојба. Тешка болест и скапо лекување. За сите тројца тестовите околку седум илјади денари, клексан за неколку денови за еден човек пет илјади денари, витамини со скапи цени. Целото лекување на целото смејство чинело над 500- тини евра потрошени во домашни услови. Сопругот завршил во кумановската болница, поради влошување на здравствената состојба. На Верица и докторите од кумановската болница и рекле дека итно сопругот мора да оди во болница каде има интезивна нега. Итните услови за прием барале место веднаш и во тој момент имало само во приватна болница. 63 годишниот сопруг бил ставен веднаш на респиратор. Илјада евра дневно само за респиратор плус трошоци за сите други испитувања. По шест дена по барање на семејството бил итно префрелен во болницата „8 септември“ на респиратор. Верица вели дека и во приватната болница и во „8 септември“ докторите одлично работат. Таа и нејзиниот син денес се во подобро здравје, но живеат во чекање и прашања дали нивниот татко и сопруг ќе ја помине тешката битка за живот на респиратор. Таа со апел сите да се внимателни дружби ќе има кога се ќе заврши, но тие што починале ништо не може да ги врати. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САДПретседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на која Ормутскиот теснец е означен како „Трампов теснец“.. Мапата е објавена на „Трут Соушл“. Трамп претходно предложи теснeцот да биде преименуван по него, а исто така постојано ја изразуваше идејата тој воден пат да се прогласи за територија на САД. Во меѓувреме, Иран им нуди договор на САД за повторно отворање на Ормускиот теснец во рок од седум дена. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека неговата земја им предложила договор на САД со кој би се овозможило повторно отворање на теснецот во рок од една недела. Иако САД сè уште немаат дадено официјален одговор, весникот „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски функционери, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил предлогот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛига на нации: Македонија вечерва против првиот фаворит ШвајцаријаМакедонија и Швајцарија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го отвораат новиот циклус во Лигата на нации.За првпат Македонија е дел од Б-сегментот, а во првиот напревар ќе се соочи со фаворитот во групата, во која се наоѓаат уште и Шкотска и Словенија. Селекторот Гоце Седлоски очекува во овие натпревари репрезентацијата да покаже поголем карактер, отколку на последните четири натпревари, на кои немаше постигнато гол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаНа Косово уапсен убиецот што застрела 26-годишик во ДуќанџикВо Косово вчера бил уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик.Според информациите, тој бил уапсен од косовската полиција, во меѓународна акција за недозволена трговија со дрога на територија на Република Косово. За Кучи беше распишано централна и меѓународна потерница, а по вториот осомничен сè уште се трага. Тешкиот инцидент се случи вечерта на 6 септември во Дуќанџик. Кучи заедно со И.С. се сомничи дека пукал кон група лица од мотоцикл во движење. Во престрелката животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter