МакедонијаКанал 5 репортажа - што доби, а што изгуби Старата Скопска чаршија изминативе децении?Што доби, а што изгуби Старата Скопска чаршија изминативе децении? Што треба да се поправи и како тече сегашната реконструкција на дел од патеките... Автентичниот изглед на Старата скопска чаршија полека, но сигурно се губи. Веднаш по поминувањето на камениот мост и навлегувањето кон чаршијата, може да се забележи дека покрај естетиката која се помалку се задржува, претставува и небезбедно место за движење на пешаците поради искршените плочки. Од другиот влез кадешто е плочникот кај плоштадот Скендер Бег, се наоѓа фонтаната која е оградена со стакло, а искршени се и дел од клупите. Кај споменикот на Скендер Бег кадешто луѓето можат да ја видат фонтаната и да седнат да одморат може да се забележи дека едно од стаклата коишто се наоѓаат зад мене е искршено и не е поправено, додека овие што се здрави, не се исчистени. При спуштањето од плочникот кон влезот на чаршијата, може да се забележи дека се поставени тезги коишто продаваат сувенири карактеристични за Скопје и Македонија. За истите, пред околу месец дена од општина Центар рекоа дека се отстранети бидејќи биле бесправно поставени и со тоа беше расчистен еден од најфреквентните делови на историската и туристичка локација. При обиколката во околината на чаршијата поразговаравме со дел од луѓето кои ги сретнавме. Најголем дел од нив беа туристи кои се дојдени на прошетка во Скопје. Дел од нив и претходно ја посетиле земјава и забележуваат промени во изгледот. „Ако ја споредам состојбата пред три години, има големи промени и навистина повеќе туристи, кога ќе споредам од пред три години.“ „Ние во Италија се грижиме за спомениците, но има премногу историски споменици. И вообичано не може за се, да се грижиме.“ Затекнавме и еден наш сограѓанин кој живее долги години во странство кој вели дека драстично е променет изгледот на чаршијата и дека во Италија многу подобро би било третирано вакво историски значајно место. „Не ја гледам старата чаршија како што била.Во Италија овие коцките малецки си остануваат секогаш исти. Имаат измени, подобрувања, но секогаш во истиот стил.“ При одењето преку чаршијата кон црквата свети Спас има бројни локали кои имаат поставени тераси и го стеснуваат просторот за движење на пешаците. Од општина Чаир до почетокот на овие вести сеуште не добивме одговор колку такви има и дали се легално поставени или станува збор за дивоградби, а оштетени се и скалите кои водат нагоре. Кај црквата свети Спас не дочека нешто поразително. Главната врата за влез во неа, кадешто е и гробот на Гоце Делчев беше недостапна за влез, а околу неа се наоѓа дива депонија. На само неколку метри од главната врата во цркавата св. Спас кадешто е закопан великанот Гоце Делчев се наоѓа ваквата депонија во којашто може да се забележи дека има од лименки, преку кабаст отпад до градежен шут. Старата скопска чаршија не се знае од кога точно постои, но првите документирани податоци за постоење трговски центар датираат од XII век, а претрпело огромни штети од земјотреси, но и во двете светски војни. Таа е културен споменик на културата во која може да се види наследство од повеќе култури и цивилизации кои учествувале во нејзиното создавање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари КејнДобитникот на „Златната топка“ капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина. Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO). Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери. Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO). Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат. Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него. Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал. Неочекуван е и изборот на голманот. Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“. FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26. ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија) ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија) СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија) НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).Тагови: ФИФА Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор АндреевскиСостојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 200 гр. мелено месо 2 главици кромид 2 чешниња лук 400 мл. доматен сос масло сол, бибер и др. зачини малку свежо нане или магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаНАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секогоАмериканската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината. Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги. Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки. Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година. Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS). Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината. За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter