ЖивотКанаѓанка се снашла: Наместо кучето, за време на полициски час го прошетала сопругот Канаѓанка се досетила како да го заобиколи полицискиот час на неконвенционален начин, за што ќе треба да плати голема казна.Откако стапил на сила полицискиот час во нејзиниот роден град, таа наместо кучето го ’шеташе’ својот партнер на поводник надвор од домот. Казната за непочитување на полицискиот час во Квебек е 1.500 американски долари. Парот од Шербрук, град оддалечен околу 150 километри од Монтреал, им рекле на полицијата дека „носењето куче на прошетка на поводник“ всушност е исто како „водењето на маж на поводник“. За канадски Хафингтон пост, портпарол на полицијата во Шербрук потврди дека парот е забележан како се шета по 21 часот, поточно по полицискиот час. Кога полицаецот се доближил до 24-годишната девојка која го водела 40-годишниот маж на поводник, таа одговорила дека штотуку го однела своето куче на прошетка и дека ова е исклучок одобрен од локалните власти. Полицаецот изјавил дека имал впечаток дека жената го провоцира. Треба да се напомене дека ниту прописите на Квебек ниту сојузната влада не содржат одредба според која на поводник, како дел од „играњето улоги“, некој може да се однесува на овој начин. Единствениот исклучок за време на полицискиот час се однесува на луѓе кои ги шетаат четириножните миленичиња. Во провинцијата Квебек, каде што живее парот, на граѓаните не им е дозволено да го напуштаат домот од 20 до 5 часот наутро, а мерката ќе биде во сила уште четири недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНеверојатни сцени од Либија: Силните дождови го поплавија Триполи, има загинати (ВИДЕО)Најмалку едно лице загина откако обилните дождови ги поплавија улиците и предградијата на либискиот главен град Триполи, уништувајќи десетици возила.Владата им нареди на јавните служби итно да интервенираат, а Дирекцијата за безбедност на Триполи прогласи затворање на обиколница, објави France24, наведувајќи поплавени електрични раскрсници, зголемувајќи го ризикот од електричен удар. Видеата што кружат на социјалните мрежи и во медиумите, исто така, покажуваат возачи кои успеваат да излезат од своите автомобили заробени во водата во последен момент. Зградите во центарот на градот беа поплавени, вклучувајќи ја и Централната болница, каде што водата влезе во ходниците. Heavy rainfall triggered severe flooding in Libya’s capital, Tripoli, submerging cars, trapping people inside buildings and inundating hospitals. Videos show residents pleading for help and a security officer reportedly carrying a man with disabilities to safety. https://t.co/d9MbbNT3CT — Al Jazeera English (@AJEnglish) October 13, 2026 Националниот метеоролошки центар на Либија прогнозира обилни дождови низ северниот дел од земјата во понеделник вечерта, предупредувајќи ги луѓето што живеат во близина на суви речни корита и во долини. France24 објави дека секоја година во текот на летото, локалните власти во Триполи се обидуваат да ги подготват градските улици пред дождовите, чистејќи ги дренажните мрежи и шахтите кои често се затнати со песок што го носи пустинскиот ветер, но и покрај ова, за време на дождовната сезона улиците редовно се поплавуваат.Тагови: Либија Триполи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисСтрашна повреда на италијанска тенисерка: Ногата ѝ пропадна во земјениот терен (ВИДЕО)Италијанската тенисерка Елеонора Алвизи претрпе една од најтешките повреди на тениската турнеја оваа година и мораше да се повлече од натпреварот во Санта Маргарита ди Пула, турнир на ИТФ.Во тајбрејкот во вториот сет против шведската противничка Елизабет Ског, таа се обиде да влезе на теренот и да стигне до топка, но се сопна на куп земјена подлога и заврши на земја. Повредата на коленото веднаш беше јасна, а судијата истрча за да види што точно се случува. Италијанката беше изнесена од теренот, а ќе видиме дали 23-годишната ќе може да се натпреварува до крајот на сезоната. La italiana Eleonora Alvisi se acaba de lesionar de la rodilla. Por su reacción (no pongáis el volumen muy alto) no tiene muy buena pinta… https://t.co/zMcKxr5VkM — Iván Sánchez (@WTAIvan) October 13, 2026 Таа влезе меѓу првите 1000 на овој турнир, но нејзиното видео привлече големо внимание во врска со подготовката на самиот земјен терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова со Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска.На средбата присуствуваа Горан Садикарио, директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Љиљана Мизрахи и Тодор Чепреганов. Сиљановска-Давкова укажа на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот и од антисемитизам. За неа, Треблинка каде што биле убиени 7.144 македонски Евреи, односно 98 проценти од македонската еврејска заедница е длабоко потресно искуство, но и споменик што сведочи за историските факти, како и причина за прераснување на одбележувањето во традиција. Претседателката му се заблагодари на Баренбаум за експертското и човечко ангажирање во одбраната на историската вистина за Холокаустот врз македонските Евреи, особено за аргументираната заложба да се сочува автентичниот натпис на спомен-плочата во Треблинка, наспроти обидите за негова измена. За професорот, присуството на Претседателката, пратеници и претставници на македонската Eврејска заедница на одбележувањето на 11 Март - Денот на депортацијата на македонските Евреи, во Треблинка, е од исклучителна важност. Баренбаум потсети дека со испишувањето на имињата на македонските Eвреи на ѕидот во Меморијалниот комплекс, секоја жртва ќе добие траен спомен и заслужена заштита од заборав. Тој укажа на важноста од документирање на историјата и едукација на младите генерации за Холокаустот во сите степени од образовниот процес, како и организирање студентски посети на Меморијалниот комплекс во Треблинка. Директорот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија информираше за тековните активности, меѓу кои и иницијативата за формирање на едукативен институт во негови рамки, како и за утрешната изложба посветена на еврејските партизани во Скопје, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook