Од 1 јануари 2022 година, данокот на промет на стоки и услуги ќе го плаќаат големите странски компании, а Владата исто така директно ќе собира дигитален данок на компаниите кои обезбедуваат дигитални услуги, покажуваат планираните измени.
Даноците може да ги зголемат буџетските приходи за 3,4 милијарди американски долари за пет години, рече Фриленд за време на презентацијата на есенскиот извештај за состојбата на економијата.
Постојниот систем наметнува даночно оптоварување на канадските потрошувачи кои го плаќаат преку ДДВ, рече канадскиот министер.
„Ова им обезбедува нефер предност на странските дигитални корпорации и ја намалува конкурентноста на канадските компании“, додаде Фриланд.
Новиот данок се очекува да ги погоди компаниите, вклучувајќи ја и матичната компанија на Google, Alphabet и Apple, како и платформите за пренос на видео и аудио, како што се Spotify и Netflix.
Дигиталните платформи за продажба, вклучително и продавниците за апликации, ќе плаќаат данок на промет на стоки и услуги од јули следната година, покажува предлогот на канадската влада.
Се очекува петгодишната измена на буџетот да донесе 1,2 милијарди долари.
Владата во извештајот наведе и други големи мерки што треба да и помогнат на економијата да го надмине падот предизвикан од пандемијата на коронавирус, вклучително и краткорочни стимулативни пакети во вредност од 70 до 100 милијарди канадски долари за околу три години.