Камила ќе биде крунисана за кралица заедно со Чарлс - Канал 5

Камила ќе биде крунисана за кралица заедно со Чарлс

Камила Паркер-Боулс ќе биде крунисана за кралица на 6 мај 2023 година на свечена церемонија покрај кралот Чарлс.

Камила ќе биде крунисана за кралица заедно со Чарлс

„Кралицата ќе биде крунисана покрај кралот, на слична, но поедноставна церемонија“, се вели во соопштението од Бакингемската палата. Камила ќе биде крунисана и помазана на церемонијата. Палатата нагласи дека церемонијата ќе ги комбинира древната и модерната изрека дека ќе биде „вкоренета во долгогодишна традиција“ и дека „ќе ја одразува улогата на монархот денес и ќе гледа кон иднината“.

Последната кралица која беше крунисана беше Кралицата Мајка заедно со кралот Џорџ Шести во 1937 година. Надбискупот од Кентербери на церемонијата ѝ ја помаза главата со свето масло. На раката ѝ го ставиле прстенот на кралицата и ѝ дале жезол и стап од слонова коска. Кралицата мајка потоа му се поклони на својот сопруг.

Кралот Чарлс ќе има 74 години за време на крунисувањето и ќе стане најстариот монарх што бил крунисан. Тој ден е роденден и на неговиот внук Арчи, синот на принцот Хари и Меган Маркл.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Општина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

„Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасено мече фатено во стапица на планината Јакупица

На планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. 

Спасено мече фатено во стапица  на планината Јакупица

Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес.

Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла.

Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар.

Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово.

Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата  за лечење на пациентите за наредните две години.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер