Камерон Дијаз по пет години се појави на црвениот тепих (ВИДЕО) - Канал 5

Камерон Дијаз по пет години се појави на црвениот тепих (ВИДЕО)

Камерон Дијаз го привлече вниманието на премиерата на „Враќање во акција“ на Нетфликс во Берлин.

Камерон Дијаз по пет години се појави на црвениот тепих (ВИДЕО)

Тоа беше прво појавување на црвениот тепих на 52-годишната актерка во последните пет години. Таа за оваа пригода облекла црни фармерки со висок струк, црна блуза и црн капут. Камерон носеше впечатлив црвен кармин со нејзиниот црн аутфит.

Таа позираше на црвениот тепих со нејзиниот колега Џејми Фокс. Странските медиуми пишуваат дека актерката за прв пат се прошета на црвениот тепих по пет години, а повеќе од 10 години откако присуствуваше на премиера на нејзин филм. Последниот филм што го снимила бил Ени од 2014 година, во кој глумеше со Фокс. Во 2019 година, таа дојде да ја поддржи нејзината колешка од „Чарлиевите ангели“, Луси Лиу, на која потоа ѝ беше дадена ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Ниту Џејми Фокс долго време не се појавува во јавноста. Имено, тој во 2023 година завршил во болница. Неодамна снимил специјал за Нетфликс во Атланта, What Had Happened Was..., во кој откри некои досега непознати детали за неговата претходно мистериозна болест, која го одведе во болница минатата година и беше нашироко дискутирана.

Рече дека му се слошило на 11 април 2023 година, а наводно не се сеќава на настани дури 20 дена. Првиот лекар, вели Фокс, рекол дека е добро, но неговата сестра побарала второ мислење и на крајот го однела актерот во болницата Пиемонт во Атланта.

Докторот таму изјавил дека Џејми доживеал мозочен удар поради крварење во мозокот и дека му е потребна итна операција. Актерот се разбудил во инвалидска количка на 4-ти мај, без поим што му се случило. "Се вратив! Се борев за мојот живот, но сега сум тука, пред вас. Интернетот се обиде да ме убие, рекоа дека сум парализиран. Рекоа дека нема да можам да одам, а сега ме гледате“, на крајот рече Џејми.

Инаку, филмот Back in Action излегува на 17-ти јануари. Заплетот следи двајца поранешни шпиони на ЦИА кои ги играа Џејми Фокс и Камерон Дијаз. Овие поранешни шпиони мора да се вратат во светот што го оставиле откако ќе бидат откриени нивните тајни идентитети и нивните животи се загрозени.

YouTube video

Филмот го режираше Сет Гордон, а глумат и Ендрју Скот, Глен Клоуз и Кајл Чендлер. За Камерон Дијаз тоа ќе биде првиот филм во кој се појавила по единаесет години. Како што објасни додека зборуваше на самитот на Fortune's Most Powerful Women минатата година, таа се повлече од Холивуд за да посвети повеќе време на своето семејство и да започне неколку претприемачки проекти.

"За мене тоа беше неопходност. Чувствував дека морам да го направам тоа за да ја вратам контролата врз мојот живот. И искрено, ништо друго не ме интересираше", изјави Дијаз додека ѝ се обрати на публиката во најмоќните жени на Fortune.

Таа исто така објасни дека ниту една од понудите што ги добила во тоа време не била доволно добра за да ја промени нејзината одлука. „Ниту едно мислење, никаков успех, ниту една понуда или нешто друго не може да ја промени мојата одлука да се посветам на грижата за себе и градењето на животот што навистина го посакував. Сѐ се сведува на прашањето: За што сте страстни? За мене, семејство“, додаде тогаш актерката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Како договорот за набавка на „Страјкерите“ поскапел за 36 милиони евра ?

Договорот за набавка на 8-те хеликоптери не е сосема јасно како преку ноќ  поскапел за 36 милиони евра и тоа само на неколку дена пред завршување на постапката .

Мисајловски: Како договорот за набавка на „Страјкерите“ поскапел за 36 милиони евра ?

Договорот за набавка на 8-те хеликоптери не е сосема јасно како преку ноќ поскапел за 36 милиони евра и тоа само на неколку дена пред завршување на постапката и потпишување на договорот, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски во вечерашното Само Интервју..

Министерот за одбрана повика надлежните да ја истражат постапката..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Премиерот Христијан Мицкоски на ФБ објави фотографија со американскиот претседател Доналд Трамп при неодамнешното учество на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. 

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

„Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство.“, објави Мицкоски во описот на фотографијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветмина пациенти добиле персонализирана вакцина против рак, кај сите болеста се повлекла и не се вратила

Во мало клиничко испитување на персонализирана вакцина против рак на бубрег, болеста не се вратила кај ниту еден од деветте пациенти кои ја примиле. 

Деветмина пациенти добиле персонализирана вакцина против рак, кај сите болеста се повлекла и не се вратила

Учесниците биле следени во просек три години и четири месеци по операцијата, а резултатите се сметаат за охрабрувачки, иако поради малиот број испитаници не може со сигурност да се каже дека вакцината спречила болеста да се врати.

Персонализирана вакцина против рак

Научниците развија експериментална вакцина која го учи имунолошкиот систем да ги препознава клетките на ракот. Процедурата вклучува анализа на туморот на секој пациент, избирање уникатни делови од протеинот, таканаречените неоантигени и нивно користење за да се направи вакцина. Целта е да се стимулира одбранбениот систем на телото да нападне рак кој е специфичен за таа индивидуа.

Охрабрувачки резултати од мало истражување

Во истражувањето учествувале девет лица со проѕирно клеточен карцином на бубрегот, најчеста форма на оваа болест кај возрасните. Седум пациенти биле во трета и двајца во четврта фаза на болеста.

На сите им беа целосно отстранети туморите и во моментот на вакцинацијата немаа видливи знаци на болеста, но беа изложени на висок ризик за нејзино враќање. Научниците се надеваа дека ќе ја искористат вакцината за да го обучат имунолошкиот систем да ги уништи преостанатите клетки на ракот кои се премногу мали за да бидат откриени со стандардни тестови. Сите девет пациенти развиле имунолошки одговор, а кај седум од нив Т-клетките активирани со вакцината успеале да го препознаат сопствениот тумор на пациентот.

Потребна е претпазливост при толкувањето

Истражувачите предупредуваат дека резултатите мора да се толкуваат со претпазливост. „Со оглед на ограничениот број на пациенти, мора да бидеме претпазливи во понатамошните толкувања“, велат Дејвид Браун од Универзитетот Јеил и Тони Чуеири од Институтот за рак Дана-Фарбер, кој ја водел студијата.

Бидејќи студијата немала контролна група, не е можно да се одреди колку пациенти би имале релапс доколку не ја примеле вакцината. Исто така, оваа студија не може да потврди дали додавањето на лекот за имунотерапија ipilimumab, кој го примиле пет пациенти, дополнително го подобрил исходот.

Предизвици во развојот на вакцините

Развивањето вакцина за рак на бубрезите е посебен предизвик бидејќи овие тумори обично имаат помалку мутации од, на пример, меланомот, што значи помал број на потенцијални цели на вакцината. И покрај тоа, научниот тим успеа да произведе вакцина за секој учесник. „Нашата цел беше да изградиме траен имунитет на антигени специфични за туморот, што на крајот ќе доведе до имунолошки одговор против самиот тумор“, велат Браун и Чуеири.

Следењето покажа дека имунолошкиот одговор трае со години. Клучен чекор беше да се потврди дека Т-клетките активирани со вакцина може да ги препознаат вистинските туморски клетки, а не само делови од нив во лабораторија. Во седум од девет случаи успеале да го потврдат токму тоа. „Истражувавме дали Т-клетките активирани од вакцината се способни да го препознаат сопствениот тумор на пациентот“, велат истражувачите, објаснувајќи дека ова е голем технички предизвик бидејќи тие морале да ги зачуваат виталните туморски клетки за секој пациент.

Безбедност и идни истражувања

Студијата од првата фаза се фокусираше првенствено на безбедноста и подносливоста. Најчестите несакани ефекти беа благи, како што се реакции на местото на инјектирање и привремени симптоми слични на грип. Ниту еден од учесниците немал сериозни несакани ефекти. Иако наодите покажуваат дека е можно да се развијат вакцини кои создаваат траен имунолошки одговор за овој тип на рак, останува нејасно дали тие навистина ги подобруваат резултатите од лекувањето.

„Треба да тестираме персонализирани вакцини кај многу поголем број пациенти и да се увериме дека тие навистина ги подобруваат резултатите во споредба со сегашниот стандарден третман“, заклучија Браун и Чуеири. Во тек е поголема студија, INTerpath-004, која тестира друга персонализирана вакцина базирана на технологијата на mRNA во комбинација со имунотерапија. Студијата е објавена во списанието Nature.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер