Камерите го снимиле убиецот на мистеризоната девојка во Милано- полугола била најдена покрај зграда - Канал 5

Камерите го снимиле убиецот на мистеризоната девојка во Милано- полугола била најдена покрај зграда

Полицијата во Италија сè уште се обидува да открие што се случило со девојката чие безживотно тело беше пронајдено вчера наутро во подножјето на станбена зграда во северно Милано, на улицата Виа Парута.

Камерите го снимиле убиецот на мистеризоната девојка во Милано- полугола била најдена покрај зграда

Девојката била делумно гола, имала модринки по целото тело, а нејзиниот идентитет сè уште е непознат. Во овој момент, сè укажува на убиство, а истражителите ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да утврдат точно што се случило со младата жена.

Полицијата запленила снимки од безбедносните камери од областа каде што е пронајдено телото, како и од неколку приватни имоти, како и снимки од камера лоцирана над портата што води до дворот каде што е пронајдено телото.

Според италијанските медиуми, постојат снимки на кои се прикажани силуетите на две лица, можеби маж и жена, во темнината, но во овој момент не е можно да се каже дали едно од лицата на снимката е девојката што е пронајдена мртва, а снимката бара понатамошна обработка.

Она што е познато досега е дека телото било оставено во двор во близина на цветна градина, дека жртвата носела само тренерка, раскопчана маица и патики и дека била покриена со јакна. Кај девојката не се пронајдени документи или други докази што би помогнале во идентификацијата, па жртвата останува непозната. Девојката чие тело е пронајдено е со светла кожа, со црти на лицето што укажуваат дека не е од азиско потекло и се верува дека е на возраст меѓу 25 и 30 години.

Телото го пронашол чистач вчера наутро, околу 8:30 часот, и тој ја повикал полицијата. Обвинителот наредил обдукција за да се расветлат трагите, модринките и раните на вратот и лицето, што укажуваат на напад. Засега се проценува дека времето на смртта било по 22 часот во недела, но ништо повеќе не се знае.

Случајот е дополнително комплициран од недостатокот на одговор од разни засолништа и заедници за луѓе во Милано и околината, до кои истражителите веднаш испратиле фотографија од жртвата, но никој не се јавил да пријави дека била гостин. Покрај тоа, од собраните сведоштва, се чини дека никој од соседите во околните згради никогаш не ја видел, ниту некој ја забележал, ниту пак парот што шетал во близина.

Иако се прават напори за идентификација на девојката, меѓу различните хипотези што се истражуваат е и онаа за можен сексуален напад пред убиството. Ова може да се заклучи од фактот дека таа била гола, иако конечната одлука за ова прашање зависи од лабораториските тестови што сè уште треба да се извршат.

Обдукцијата е закажана за почетокот на јануари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Њоки

Во понеделник (28.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Анета Љумаковска.

„Гответе со Дракче“ - Њоки

Состојки за денешниот рецепт:

400 гр. њоки

100 мл. павлака за готвење

5 - 6 сушени домати

1 чешне лук

малку пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селекторот на Португалија: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Селекторот на португалската репрезентација, Жорже Жезус, изјави дека Кристијано Роналдо може да се врати во националниот тим доколку одлучи да го стори тоа.

Селекторот на Португалија: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

41 годишниот Роналдо кој со децении беше капитен на Португалија, го напушти репрезентативниот камп за време на Лигата на нациите, откако натпреварот против Норвешка го мина на клупата за резерви и потоа дозна дека нема да биде во почетниот состав ниту против Данска.

Напаѓачот на Ал-Наср има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 гола за Португалија – што претставуваат светски рекорди во двете категории.

По напуштањето на кампот, тој на социјалните мрежи напиша: „Кога ќе дојде време, ќе им ја кажам на Португалците целата вистина за причините поради кои ја напуштив репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил целосно посветен“.

Селекторот Жезус зборуваше за ситуацијата со Кристијано на пресот по синоќешниот натпревар против Норвешка, во кој Португалија обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на нации.

„Ако сака да се врати во репрезентацијата, ќе се врати“, рече Жезус, кој исто така му беше тренер на Роналдо во Ал-Наср.

„Можеме да разговараме пред следниот повик, но Крис е тој што ја носи одлуката. Кристијано треба да ја заврши својата репрезентативна кариера под свои услови; тој е тој што ќе одлучи како ќе замине“, изјави селекторот.

Жезус се потсети и на нивниот претходен договор. „Кога го објавив првиот состав, му реков: 'Ми требаш; те сакам покрај себе, без разлика дали играш или не'. И истото му го кажувам и сега.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Крвава забава во САД: Има загинати; испукани најмалку 50 куршуми

 Две лица загинале, а 35 се повредени откако дојде до пукање на улична забава во американската сојузна држава Џорџија, соопштија денеска локалните власти. 

Видео: Крвава забава во САД: Има загинати; испукани најмалку 50 куршуми

Дваесет и петмина од повредените се пренесени во болница, објави „Си-би-ес њуз“ (CBS News).

Пукањето се случило во раните утрински часови во градот Вајена, а замениците на шерифот слушнаа истрели околу 1:25 часот по локално време додека патролираа низ областа.

Од Бирото за истраги на Џорџија соопштија дека, кога полицајците пристигнале на местото на настанот, затекнале повеќе лица кои биле застрелани.

Две лица кои се здобиле со смртоносни повреди биле пронајдени на неколку блока од местото каде што, според истражителите, започнало пукањето.

Шерифот на округот Дули, Крег Пиви, изјави дека повеќе од 1.000 луѓе се собрале на улицата Пајн за да ја прослават годишнината од собирот на поранешни ученици и локални жители, при што биле испукани најмалку 50 истрели на две различни локации. Надлежните не објавија информации за можен осомничен или за евентуален мотив за пукањето, ниту пак јавно ги идентификуваа загинатите и повредените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер