Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица
2Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица
СветКамала го критикува Бајден: Лута сум и разочаранаХарис вели дека сметала дека помошниците на Бајден честопати ја маргинализирале, ѝ давале „невозможни задачи“ и ѝ ги негирале заслугите за нејзините успеси.Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, во своите мемоари „107 дена“ откри дека била „лута и разочарана“ по телефонскиот повик од поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, само неколку часа пред нејзината претседателска дебата против Доналд Трамп. Во книгата, која ја доби „Гардијан“ пред нејзиното објавување следната недела, се наведува дека Бајден во тоа време ѝ рекол дека моќните соработници на неговиот брат одбиваат да ја поддржат затоа што „зборувала лоши работи за него“. Харис пишува дека не разбирала зошто Бајден ја оптоварувал со приказни за „моќни брокери од Филаделфија“ во тој момент, додека се подготвувала за клучната дебата. Во своите мемоари, Харис упатила и други критики кон Бајден, вклучувајќи ја, како што рече, неговата несигурност во комуникацијата за правата за абортус по пресудата на Врховниот суд од 2022 година, како и „слабостите за време на кампањата, како што се честите вербални пропусти и лошите настапи на дебатата“. Харис вели дека сметала дека помошниците на Бајден честопати ја маргинализирале, ѝ давале „невозможни задачи“ и ѝ ги негирале заслугите за нејзините успеси. Нејзината фрустрација, напиша таа, станала очигледна за нејзиниот сопруг, Даг Емхоф, кој во еден момент рекол дека сфатиле дека таа е нивниот адут дури подоцна. Можеби ќе ве интересира: Скандалозни наводи за минатото на сопругот на Камала Харис: Ја изневерувал сопругата со дадилка Бајден на крајот се откажа од претседателската трка на 21 јули и ја поддржа Камала Харис. Нејзините советници ја советувале да се дистанцира од него, но таа признава дека тешко ги поднесувала зборовите на нејзините најблиски помошници дека луѓето го мразат Џозеф Бајден. Во книгата, Харис опишува и моменти на тензија со првата дама Џил Бајден, како и расистички напади од Доналд Трамп за време на кампањата, пишува „Гардијан“. Сепак, таа нагласила дека одбила да падне на провокациите на Трамп. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Камала Харис Џозеф Бајден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГибралтар и Шпанија потпишаа историски договор. Крај на границитеЕвропската Унија и Обединетото Кралство потпишаа историски договор со кој се укинуваат граничните контроли и се овозможува слободно движење на луѓе и стоки меѓу Шпанија и територијата Гибралтар, која е под британска контрола.Договорот беше потпишан во Брисел во вторник од страна на европскиот комесар за трговија Марош Шефчович и британскиот министер за Европа, Стивен Доути. Присутен беше и премиерот на Гибралтар, Фабијан Пикардо, објави француската новинска агенција АФП. Спогодбата ги отстранува сите физички бариери и контроли на копнената граница меѓу Гибралтар и Шпанија и вклучува планови за поблиска интеграција на територијата со Шенген зоната и единствениот пазар на ЕУ, додека целосно го штити британскиот суверенитет над Гибралтар, на барање на Лондон. Крај на проверките Од среда, нема да има повеќе проверки на документи на граничниот премин меѓу Гибралтар и шпанскиот град Ла Линеа, кој илјадници луѓе го преминуваат секој ден. Гибралтар, мала територија со население од речиси 40.000 жители на крајниот југ од Иберискиот Полуостров, прима околу 15.000 шпански работници секој ден, што претставува речиси половина од нејзината работна сила. Договорот меѓу Лондон и Брисел беше постигнат во јуни минатата година по години тешки преговори, во кои учествуваше и Шпанија. Тој следеше по референдумот за Брегзит во 2016 година и излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Шпанскиот премиер Педро Санчез треба да го посети Гибралтар во среда. Санчез го поздрави договорот, велејќи дека „по стотици години, конечно ќе биде можно да се сруши последниот ѕид во рамките на Европската унија“, пренесува АФП. Гибралтар, над кој Велика Британија го презеде суверенитетот во 1713 година со Утрехтскиот договор, е од огромно стратешко значење, особено за поморската трговија бидејќи Гибралтарскиот теснец ги одделува Европа и Африка и ги поврзува Атлантскиот Океан и Средоземното Море. Извор: Индекс.хрТагови: Шпанија Гибралтар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лицаНацрт планот не отвора нова урбанизација, туку коригира постојно решение во насока што е покорисна за граѓаните и поблиска до нивните реални потреби.„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на продолжението на 9. Седница, образложувајќи го нацрт планот за Градска четврт Ј 05-Барутана. Со ова, како што посочува Герасимовски, нацрт планот не отвора нова урбанизација, туку коригира постојно решение во насока што е покорисна за граѓаните и поблиска до нивните реални потреби. „Со овој план ја исполнуваме нашата предизборна заложба кон повозрасните сограѓани. Наместо елитни апартмани, на оваа локација ќе имаме дом за стари лица, нешто што навистина му е потребно на Центар“, порача Герасимовски. Урбанистите на Општина Центар појаснија дека новиот нацрт план не го зголемува, туку значително го намалува обемот на градење. Наместо 43.429 квадратни метри, колку што биле дозволени со стариот план, сега се предвидени 29.459 квадратни метри, односно 33% помалку. Дополнително, наместо поткровје, дозволена е градба П+2, а изградбата е ограничена на 40%. Поради безбедноста на теренот и околните објекти, предвидено е само едно подземно ниво, а зелените површини се зголемени на 40%, што е двојно повеќе од законскиот минимум. „Не станува збор за ново подрачје што првпат се урбанизира, туку за простор кој со години бил дел од урбанистичко планирање, а сега конечно добива план што е поодговорен, побезбеден и поблиску до потребите на граѓаните“, појаснија урбанистите на Општина Центар. Предлог одлуката за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за Градска четврт Ј 05-Барутана, беше изгласана на денешната седница на Советот на Општина Центар со 13 гласа за и 9 против. Општина Центар-СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите секаде ќе бидат над 32 степена.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook