Скандалозни наводи за минатото на сопругот на Камала Харис: Ја изневерувал сопругата со дадилка - Канал 5

Скандалозни наводи за минатото на сопругот на Камала Харис: Ја изневерувал сопругата со дадилка

Сопругот на Камала Харис, Даг Емхоф, се најде на удар откако некои медиуми објавија дека ја изневерил својата прва сопруга и наводно ѝ направил дете на дадилката.

Скандалозни наводи за минатото на сопругот на Камала Харис: Ја изневерувал сопругата со дадилка

Дејли Мејл пишува дека Емхоф признал дека имал афера додека бил во брак со својата прва сопруга.

„Мојата прва сопруга Керстин и јас имавме тешки времиња, и поради моите потези.

Емхоф даде изјава за американскиот CNN откако британски таблоид напиша дека ја изневерил својата прва сопруга Керстин и дека бил во врска со „русокоса дадилка“, која предавала и во приватното училиште во кое учеле неговите деца. Наводно, и тој ѝ направил дете.

Извор на Си-Ен-Ен рече дека Емхоф длабоко жали за аферата, но бил подготвен дека нивната врска „може да излезе на виделина“.

Жената со која бил во врска, Најен Нејлор (47) не го негираше сознанието кога новинарите на Дејли Мејл тропнаа на вратата од нејзиниот дом во Хемптонс.

Таа не сакаше ништо да коментира, само рече: „Сега сум многу шокирана“.

Блиска пријателка, која била запознаена со аферата и наводната бременост на Најен, за Дејли Меил изјавила дека таа не го чувала детето, но велат дека видеото од „мистериозната девојка“ по име Брук во 2009 година, кога се родило детето, се гледа на социјалните мрежи.

Друга пријателка, Стејси Брукс, која родила близнаци во исто време кога Најен наводно требало да се породи, исто така не негираше ниту едно од тврдењата - но рече дека нема да открива дополнителни информации без дозвола на Најен.

Кога вистината излезе на виделина, според DailyMail, настанала паника меѓу блиските соработници на Камала Харис, а пред изјавата на Емхоф.

Емхоф и неговата прва сопруга се разделија во 2009 година по 16 години брак, наводно откако Керстин дознала за аферата. Нивната ќерка Ела тогаш имала 10, а Кол 15 години.

Изворите рекоа дека по аферата, Нејлор морала да ја напушти работата како учителка во елитното приватно основно училиште во Калвер Сити, Калифорнија, каде што ги подучувала децата на Емхоф и исто така работела како дадилка за парот.

Даглас Емхоф (59) е адвокат и одигра голема улога за време на претседателската кампања на Џо Бајден во 2020 година.

Тој е роден во Бруклин и се преселил со семејството во Јужна Калифорнија кога бил тинејџер.

Неговата и приказната на Камала започнува на состанок на слепо. Имено, клиентот на Даглас и пријателката на Камала ги зближиле во 2013 година, кога Харис била позната политичарка во нејзината родна држава Калифорнија.

Во пресрет на нивната средба, Емхоф се јавил и остави долга говорна пошта, на која Харис одговара на секоја годишнина. Оттогаш се заедно, а се венчаа во 2014 година во Санта Барбара.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кинотеката во септември: Филмот како историја и отворена културна територија

Септемвриската програма на Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува нејзината суштинска улога како простор во кој филмот не е само средство за гледање, туку и начин на паметење, преиспитување и откривање на различните лица на кинематографијата

Кинотеката во септември: Филмот како историја и отворена културна територија

Септемвриската програма на Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува нејзината суштинска улога како простор во кој филмот не е само средство за гледање, туку и начин на паметење, преиспитување и откривање на различните лица на кинематографијата. Програмата обединува дела од македонската продукција, филмови од поширокиот балкански простор, класици на светската кинематографија, неми и класични филмови, како и посебни програмски целини посветени на хрватскиот филм и на филмската и културната традиција.

Месецот започнува со „Сведок“ на Митко Панов, драма во која потрагата по сведок на воени злосторства постепено се претвора во сложена приказна за вината, правдата, политичката меморија и границите на поделбата меѓу доброто и злото. Филмот, снимен на македонски, хрватски и ирски локации, отвора простор за преиспитување на едноставните историски и морални категории, особено во општествата што сè уште живеат со последиците од насилното минато.

Во продолжение, септемвриската програма се свртува кон класичниот американски филм со неколку значајни остварувања. „Beat the Devil“ на Џон Хјустон, со Хамфри Богарт, Џенифер Џонс и Питер Лоре, е иронична и жанровски разиграна авантуристичка комедија во која режисерот ги превртува конвенциите на авантуристичкиот филм и ги претвора алчноста, измамата и човечката слабост во црна комедија на апсурдот.

„Suddenly“, политичкиот трилер на Луис Ален со Френк Синатра, ја гради својата тензија врз идејата за атентат и опасноста што ненадејно навлегува во навидум мирната секојдневност. Филмот е истовремено и интересен пример за атмосферата на американската жанровска кинематографија од педесеттите години, кога стравот, политичката параноја и насилството постепено стануваат дел од популарната филмска имагинација.

Посебно место има и „Angel and the Badman“ на Џејмс Едвард Грант, класичен вестерн со Џон Вејн, во кој мотивот на преобразбата станува основа за приказна за насилството, искупувањето и можноста човекот да избере поинаков живот. Традиционалниот вестерн овде добива и морална димензија, спротивставувајќи ги културата на оружјето и логиката на одмаздата со идејата за ненасилство и човечка промена.

Септември носи и посебна целина посветена на немиот и класичниот филм, со која Кинотеката повторно ја нагласува потребата од курирано присуство на филмското наследство во современиот културен простор. Ваквите проекции се потсетување дека историјата на филмот е жива уметничка традиција која и денес може да вибрира со својата естетика, јазик и радикалност.

Во рамките на месецот е предвидена и програмата „Денови на хрватскиот филм“, која отвора простор за претставување на хрватската кинематографија во нејзините различни историски, естетски и тематски пројави. Во таа смисла, програмата е и можност за повторно согледување на заедничките културни и филмски врски на просторот на поранешна Југославија, како и на специфичните патишта по кои се развивале националните кинематографии.

Месецот завршува со „The Man with the Golden Arm“ на Ото Премингер, еден од значајните филмови на американскиот филмски модернизам од педесеттите години. Со својата смела тематизација на зависноста, социјалната маргинализација и човечката слабост, филмот претставува дело што во своето време ги поместил границите на она што холивудскиот филм можел отворено да прикаже. Воедно, визуелниот и графичкиот стил на Премингер останува еден од препознатливите примери за модернизацијата на американскиот филмски израз.

Така конципирана, септемвриската програма ја потврдува филмската разновидност како една од најголемите вредности на Кинотеката. Од македонскиот филм до класичниот Холивуд, од балканските трауми до европските културни судири, од вестернот и политичкиот трилер до немиот филм и регионалната кинематографија, септември нуди повеќе увиди во спектарот на кинематографската уметност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Поплави во Кина, евакуирани 54000 жители

Во Кина, околу 54.000 луѓе се евакуирани поради поплави, вклучително и 8.000 преместени во привремени прифатилишта, што е последица на обилните врнежи предизвикани од тајфунот Нара.

Видео: Поплави во Кина, евакуирани 54000 жители

Поплавите особено го погодија регионот Гуангси, а метеоролозите предупредуваат на нови обилни врнежи во наредните денови, јавува CCTV. Водостоите на 15 реки го надминаа прагот за издавање предупредувања.

Снимките емитувани на кинеската телевизија прикажаа поплавени патишта и спасувачи кои газат низ вода длабока до колена, користејќи гумени чамци за да ги евакуираат жителите од поплавените населби.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16

 Радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана на Романија регистрираше повремени сигнали во воздушниот простор на Република Молдавија, во областа Кахул, утрово околу 6 часот, поради што беа испратени борбени авиони.

Драма во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16

Како што беше наведено, еден од тие сигнали подоцна се појавил во областа Таргу Бујор, во округот Галац.

Според соопштението на Министерството за национална одбрана, два авиони Ф-16 на романското воено воздухопловство и еден хеликоптер биле подигнати за да ја следат ситуацијата, пренесува Аџерпрес.

Како што беше наведено, Националниот центар за воена команда го извести Генералниот инспекторат за вонредни ситуации за воспоставувањето мерки за предупредување на населението во зафатеното подрачје.

Ова не е првпат Романија да крева борбени авиони поради војната во Украина, бидејќи беспилотните летала, поради попречување на сигналот, често завршуваат во земјите што граничат со Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер