ЖивотКалуѓерки во Германија им носеле деца за силување на свештениците и политичарите Калуѓерки од католички дом за сираци во Германија ги носеле децата кај свештеници, политичари и бизнисмени кои потоа ги силувале на забави, раскажува еден од жртвите кој победил во судска битка против неговите насилници.Судот за социјална помош во Дармштад му доделил обештетување на човекот, кој сега има 63 година, откако детално опишал како монахињите го носеле кај свештеници и моќници кои потоа го злоставувале на забави. Злоупотребата започнала во неговата петта година. На монахињите им плаќале. Човекот, кој останал анонимен, вели дека бил силуван илјада пати за времето поминато во сиропиталиштето во текот на 1960-тите и 1970-тите, заедно со другите момчиња. Судот пресудил за случајот во мај, но последниот скандал со злоупотребата во католичката црква се појави овој месец откако висок службеник на свештенството јавно зборувал за тоа. Епископот Спајер Карл-Хајнц Виземан јавно го посочи поранешниот епархиски службеник Рудолф Моценбенкер, кој починал во 1998 година, за наводна вмешаност во злоупотребата. Епископот рекол дека оттогаш се појавиле уште три жртви. Жртвата на злоупотребата имал само пет години кога во март 1963 година бил донесен во куќата управувана од Редот на сестрите на Божествениот Спасител во германскиот град Спејер. Тој раскажува дека монахињите „буквално го влечеле“ во станот на Моценбенкер каде бил сексуално злоставуван, објави „Дер Шпигел“. Ако се спротивставил, ќе бил претепан. Жртвата рекла дека посетителите на сиропиталиштето го малтретирале на „сексуални забави“. Тој вели дека на ваквите настани, монахињите измамувале помлади деца на возраст од седум до 14 години кај свештеници, локални политичари и бизнисмени. „Калуѓерките беа макроа“, рече тој. Ако се спротивставија на однесувањето на забави, ќе ги тепаа со стапови или ќе им ги удираа главите во ѕид. „Имаше просторија каде монахињите им нудеа пијалоци и храна на луѓето, а во другиот агол од таа соба децата беа силувани“, се вели во изјавата на жртвата. „Монахињите заработуваа на тоа, мажите великодушно им донираа во знак на благодарност“. Човекот вели дека еднаш бил силуван од три свештеници истовремено. „Понекогаш крв ми течеше низ нозете“, рече тој, а потоа продолжи со сведочењето: „Пред да заминам од дома во септември 1972 година, бев сексуално злоставуван илјада пати“. Анонимен човек сведочел пред судот дека монахињите се клучни за целиот систем на злоупотреба и дека некои дури и самите сексуално злоставувале помлади момчиња. Сиропиталиштето каде наводно се случило сето ова е затворено во 2000 година. Католичката црква, покрај пензија на жртвата, на човекот му исплатила 15.000 евра обештетување и 10.000 евра трошоци за терапија. „Колку ми вредат парите?“, се прашува жртвата, која страда од посттрауматско стресно нарушување и депресија. "Мојот брак е растурен. Коските, црниот дроб и бубрезите исто така." „За жртвите на злоупотреба, преземањето правни активности е поврзано со значителен психолошки стрес“, рече судијата Андреа Херман од Социјалниот суд во Дармштад. Од 2010 година, Католичката црква се соочува со низа случаи на злоупотреба. Внатрешната истрага за злоупотребата во 2018 година открила злоупотреби во кои учествувале 1.670 свештеници и 3.677 жртви помеѓу 1946 и 2014 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаЃорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. „Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм. Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски. Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци. За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм. Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ. Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“! За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања СДСМ целосно ги поддржува барањата на професионалните војници за еднакви права и достоинствени услови за работа и пензионирање. Дискриминацијата со која што денес се соочуваат припадниците на Армијата е недозволива. Неправедно е поранешните припадници на Армијата кои заминале во пензија пред 14 февруари 2024 година да имаат значително помали отпремнини од оние кои се пензионирале по овој датум. По кој основ луѓето кои со години и служеле на државата и ја извршувале истата должност да бидат различно вреднувани? Сите војници заслужуваат еднакви права и правичен третман од државата. Луѓето кои ја чуваат безбедноста на државата заслужуваат сигурност и достоинствени плати. Го поддржуваме барањето на професионалните војници за трансформирање на работниот однос на неопределено време после петта година како што предвидува Законот за работни односи и за зголемување на платите. Откако е Мицкоски на власт, две години нема зголемување на платите во Армијата. Во мандатот на владата на СДСМ значително се подобрија условите за сите припадници на Армијата, како и за вработените во одбраната. Платите на воениот персонал - офицерите, подофицерите и професионалните војници, но и на цивилните лица на служба во Армијата, етапно беа зголемени за 15 проценти. СДСМ го обезбеди членството во НАТО во 2020 година. Треба условите да се подобруваат постојано а не да се влошуваат. Со ВМРО парите завршуваат во криминални тендери. Владата на Мицкоски нема пари за поголеми плати во Армијата – нема за работниците, нема за земјоделците, едноставно нема пари за граѓаните. Државната каса ја киднапираа за свои бизнис интереси. СДСМ ќе поднесе законско решение во Собранието согласно барањата на професионалните војници - за обезбедување сигурност и достоинство на сите војници. Армијата е чувар на безбедноста на државата, како членка на НАТО мора да имаме силна одбрана, задоволни и мотивирани војници, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28