Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море
1Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море
Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
СветКалас: Се надевам ќе постигнеме договор за 18-от пакет санкции кон Русија - Многу сме блиску до тоа и се надевам дека ќе се случи денеска или утре и дека ќе го усвоиме 18-тиот пакет санкции, рече Калас. Се надевам дека шефовите на дипломатиите на земјите членки на денешниот состанок ќе постигнат политичкиот договор за 18-тиот пакет санкции кон Русија, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас пред денешниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАЦ) во Брисел. - Многу сме блиску до тоа и се надевам дека ќе се случи денеска или утре и дека ќе го усвоиме 18-тиот пакет санкции, рече Калас. Таа ги поздрави најавите од САД за испорака на оружје за Украина, изразувајќи надеж дека тие ќе продолжат и дека Киев ќе го добие сето она што му е ветено. - Тобар знак е дека САД, исто така, сфатија оти Русија не сака мир. Треба да ја поддржиме Украина и треба да извршиме притисок врз Русија. Се надевам дека и Американците ќе дејствуваат со свој пакет санкции или царини, така што ќе се изврши притисок врз Русија да ја запре оваа војна, истакна Калас. Високата претставничка додаде дека на состанокот ќе стане збор за Газа и за договорот со Израел подобрување на хуманитарната состојба во Појасот, која, како што рече, се уште е многу лоша. - Гледаме некои позитивни знаци кога станува збор за отворање на граничните премини. Гледаме некои позитивни знаци дека почнуваат со обнова на електричните мрежи, со снабдувањето со вода, а пристигнуваат и повеќе камиони со хуманитарна помош. Но, секако треба да видиме вистинско подобрување за луѓето на терен, рече Калас. Според неа, јасно е дека во ситуација кога нема прекин на огнот е многу потешко да се обезбеди помош за населението, но дека ЕУ сепак работи на тоа да им се помогне на луѓето. Калас додаде дека на земјите членки им презентирала документ со можни опции на мерки против Израел доколку не преземе активности за подобрување на состојбата, потенцирајќи дека сепак во моментов главниот фокус е на подобрување на состојбата на луѓето на терен. Во однос на Грузија, Калас истакна дека ЕУ нотира „сериозно назадување“ во земјата, па министрите ќе разговараме за можните чекори на Унијата. - Сите опции се на маса, вклучувајќи и суспензија на визниот режим и други мерки што би можеле да ја натераат грузиската Влада да го промени однесувањето, рече Калас, информирајќи дека упатила писмо до Грузија со одредени услови што мораа да ги исполни Тбилиси и доколку тие не бидат исполнети во одредениот рок, тогаш ЕУ ќе мора да ја суспендираме визната либерализација. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното мореКина побарала од Иран да го искористи своето влијание врз јеменските Хути. Целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море.Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија активностите долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика на воздржаност, дијалог и безбедна пловидба.според ирански извори, Техеран смета дека стабилноста зависи од завршувањето на конфликтот. Пекинг е загрижен за безбедноста на клучните енергетски и трговски маршрути.Кина е најголем трговски партнер на Иран и значаен купувач на неговата нафта. Пекинг во 2023 година посредуваше и во приближувањето на односите меѓу Иран и Саудиска Арабија. Сепак, не е јасно дали Техеран ќе постапи според барањето на Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево и потопло, со дневна температура до 32 степениВремето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупаВо Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за „Државна лотарија“ откако на истражните органи во земјава минатата недела им се предаде првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија.Откако побегна од земјава, за Бајрами беше распишана меѓународна потерница. На 9 септември сам се предаде на граничниот премин „Блаце“, по што беше спроведен во затворот во Скопје на издржување на претходно определената мерка притвор. Покрај Бајрами, во случајот се обвинети и поранешниот вицепремиер, Артан Груби, Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу. Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејства преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29