МакедонијаКакви опции има Македонија да ги добие бараните европски гаранции за предвидливост на ЕУ процесКако до излез од ќорсокакот на македонските интеграции? Долгогодишниот експерт за европски политики Драган Тилев во изјава за Канал 5 наведува неколку негови предлози за проактивен однос на државата во потрагата по можно решение за надминување на статус кво ситуацијата за почеток на преговорите со ЕУ. Според Тилев уставните измени се политичка волја, но претходно треба одново да се изанализираат и да се бара прецизно толкување на сите билатерални акти и документи кои ги потпишаа Македонија и Бугарија, како вториот протокол, а кои влегоа во заклучоците на ЕУ. Во тоа треба да се инсистира на поддршка од ЕУ и од клучните земји, пред се, Франција и Германија. -Говорам во мое лично име, на пример, јавно признавање на македонскиот јазик како еден од официјалните јазици на ЕУ како дел од пристапните преговори. Ние не бараме нешто што не треба да се случи. Второ, обезбедување од страна на ЕУ на непречена работа на Комисијата за историски и образовни прашања. Дополнително, гаранции од ЕУ за воздржување од унилатерално толкување на спорните делови од билатералните договори. Бидејќи кога ЕУ разговара на тема билатерални односи меѓу две држави, дали меѓу Бугарија и Македонија или меѓу Бугарија и Грција секогаш тие седат на масата и го даваат своето толкување, ние не сме на масата и не можеме да го дадеме своето, смета Тилев. Факт е дека од технички аспект никој не би можел да ни даде гаранции дека не би имало нови опструкции на нашиот европски пат, смета Тилев, бидејќи одлуките во ЕУ се носат консензуално, но она на што треба да се инсистира е да нема политички притисоци за билатерални прашања. -Зборот гаранции многу луѓе различно го толкуваат. Некој ќе го гледа тоа од самиот технички процес на евроинтеграција, тоа е овој што г-ѓа Кос го говори дека никоја нема гаранции кога ќе ги почне преговори и кога ќе ги заврши и дека се ќе биде мазно и ние сите услови преавни и технички ќе ги исполниме, но кога говориме за таков тип на гаранции ние не говориме за отстапување од европското право или дерогации туку за отстранување на опасноста да се користат билатерални прашања којшто можат да се внесат преку преговарачката рамка во тој процес и да го блокираат, изјави Тилев. Чекор напред според Тилев би било и утврдување на заеднички правила од страна на ЕУ за следење и елиминирање на говорот на омраза од двете страни и на сите нивоа од општеството и особено неселективно признавање на сите одлуки на Судот за човекови права на Советот на Европа, како и писмен договор за завршување на Коридорот 8 и од македонска и од бугарска страна со гаранции од ЕУ. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter