Кочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планираното
2Кочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планираното
3Народната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноември
ЖивотКако жените на мултимилионерите им ги трошат парите на своите сопрузи!Ноели Гофорт (45) и Ирене Малин (35) имаат нешто заедничко - и двете се мажени со ултра богати мажи и не се согласуваат со изреката - парите не можат да купат среќа!Ноели, сопруга на 65 годишниот милионер Робин, вели: Секој ден се будам и се чувствувам како барбика! Таа и Робин се во брак 5 години. Живеат во палата во Донкастер со огромен имот околу неа, на кој имаат сопствен паб. Неодамна 5 годишнината од бракот ја прославија во Венеција а Ноели потроши цело богатство на дизајнерска облека - пишува Дејли меил. Таа вели дека толку се возбудува кога троши пари што не знае дали може да има нешто поубаво во животот од трошењето на пари! - Сакам да ги трошам парите на маж ми и не знам зошто да не го правам тоа! - вели таа, и на сите фотографии позира со лижавче со дијамантска дршка! И 10 години помладата Ирене, која е мажена со 52 годишниот Сем, вели дека не може да го замисли животот без „сериозен“ шопинг. Таа со сопругот и петте деца живее во Кент, во куќа со 47 соби. - Кога нешто ми се допаѓа го купувам во сите бои, тоа е најдобриот начин за шопинг! Никогаш немам доволно чанти, обожувам да купувам, а еден мал глас во мојата глава постојано вели - го заслужуваш тоа! И Сем и Робин самите го заработиле своето богатство. Сопругата на Робин, Ноели, вели дека дала пари „колку што должи Грција“ на пластична хирургија. Ирене пак, се запознала со Сем кога тој пред 20 години бил на службен пат во Камерун - таа тогаш живеела скромно како едно од деветте деца во семејството. - Ние немавме ништо како мали и затоа ги размазивме нашите деца. Им го дадовме најдоброто. Низ нашите деца ги живееме животите кои ги немавме - вели Ирене. Таа признава дека на забавите кои ги организира се преоблекува до 10 пати во скапа дизајнерска облека. - Секој што вели дека парите не можат да донесат среќа, нема дизајнерска гардероба или чанта (!?) вели Ирене. А што велат мажите? Сопругот на Ноели, Робин, ужива да ја размазува својата сопруга. - Многу сакам да ја размазувам. Па затоа работам! Ние сите работиме за да ги размазиме нашите животни партнери, а таа е уништена, тотално уништена - вели Робин. / извор: Дејли меил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСекое десетто бебе на ГАК се раѓа предвремеСекое десетто бебе на Гинекологија се раѓа предвреме, а битката за живот во инкубаторот трае долго, бидејќи понекогаш се случува и да забораваат да дишат кога ќе се тргнат од апарат, но се почесто малите, но големи борци си заминуваат дома. Вака, со гордост во погледот, лекарите од одделот за неонатологија раскажуваат за третманот на децата кои пред време доаѓаат на овој свет, а по повод Светскиот ден посветен на прематурните новороденчиња. Годинава најмалото бебе родено на ГАК имало само половина килограм. Состојбата е значително променета во последните години и не е како порано по две бебиња да се третираат во еден инкубатор, велат од ГАК. Сега со донации има доволно инкубатори. Македонија сега има помала смртност кај предвремено родените бебиња споредено со европскиот просек, но сепак, фалат медицински сестри. Во моментов 40 тина бебиња се на одделот за неонатологија, но поради случаите на грип и морбили, посетата на родителите и блиските е ограничена, поради што здравствените власти апелираа на вакцинација со цел да се заштитат најранливите – бебињата кои во првата година не смеат да примаат МРП вакцина. Тагови: ГАК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЛицата со афазија добиваат прв клуб во државатаНа околу десет илјади луѓе им е потребна помош со состојба на афазија или нарушување на говорот, разбирањето, читањето и пишувањето настанато по мозочен удар или повреда на мозокот. Во рамките на Центарот за рехабилитација за говор се отвори центарот. Иницијатор е адвокатката Мирјана Марковска и Здружението за поддршка на лица со афазија ХОУП, која по состојба на мозочен удар, таа сака да им помогне на сите луѓе кои имаат афазија. Овој центар може да го посетат сите кои имаат ваква состојба заедно со нивните семејства, и да им се помогне и на другите членови на семејството за полесна комуникација. Со лицата ќе работат логопеди, психолози и кадар што е потребен за оваа состојба. Логопедите објаснуваат дека со правилни вежби им се помага многу на лицата со афазија, пред се на помладите луѓе кои се работо способни и имале мозочен удар или повреда на мозокот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМитовски бара мандат за дејствување: Ќе го решам проблемот со кравитеГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска повторно побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот.Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска повторно побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните, во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор. Според Митовски, правосилните и извршни решенија за одземање на добитокот постојат повеќе од две години, но сè уште не се целосно спроведени. Тој истакна дека граѓаните предолго трпат материјални штети и дека е неопходна заедничка и координирана акција на надлежните институции во најможен краток период. -Се што барам од вас е да ми дадете законски мандат. Барем правен механизам што ќе ми овозможи да ја превземам организацијата и координацијата на терен заедно со сите надлежните останати институции и конечно да ги релоцирам животните од улиците и имотите на граѓаните. Ќе подготвам протокол и оперативен план и ќе ја спроведам акцијата за помалку од 10 работни дена, само најдете начин да добијам законски овласувања – изјави Сашко Митовски – Градоначалник на Крива Паланка. Од друга страна, директорот на АХВ, Јовица Андовски, вели дека минатата недела остварил средба со градоначалникот и дека веќе се подготвува оперативен план со конкретни надлежности, активности и рокови за решавање на проблемот. „Во постојана комуникација сме со градоначалникот. Знае тој дека го работиме оперативниот план со којшто целосно точно ќе се знае која институција за што ќе биде задолжена, со точни активности, законски рокови и очекуван исход. Овој оперативен план е во завршна фаза, очекувам во наредниот период да го споделиме со надлежните институции и заеднички со градоначалникот и другите институции коишто имаат надлежност да го разгледаме, додадеме некоја плус активност и во најкуси утврдени рокови, прецизни и надлежности да излеземе на терен и да го решиме проблемот – изјави – Јовица Андовски, директор на АХВ. Градоначалникот Митовски претходно побара и прогласување 30-дневна кризна состојба поради неконтролираното движење на повеќе од илјада грла добиток, кои предизвикуваат штети на земјоделските површини и приватните имоти, а претставуваат и опасност за сообраќајот. Сепак како што посочи тој планот минатата недела бил отфрлен од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓуврем проблемот со кравите во Крива Паланка беше во фокусот на повеќе регионални и светски медиуми, а новинската агенција Асошиејтед прес објави видео-сторија за состојбата во градот за проблемот кој трае повеќе од 15 години. Тагови: „Дурмо турс“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55