Како протоколот со Бугарија ќе се одрази на делата на македонските автори?

Добронамерна сугестија или предупредување да не се навлегува во сензитивните прашања со Бугарија? 

Изјавата на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во која ги насочува уметниците да творат во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката за да нема говор на омраза, предизвика бурни реакции во јавноста.

„Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња кадешто навистина не видовме ништо добро“, посочува министерката за култура.

По реакциите, министерката се дообјасни преку статус на „Фејсбук“. Вели дека цензурата е одлик на минати опшества и не ѝ е место во 21 век во земја кандидат за влез во ЕУ.

„Доколку изјавата која денес е цел на “слободни” толкувања, повредила чувства, порив, мотив и обиди за творење, жал ми е. намерата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, мојата интенција секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување“, напиша Костадиновска Стојчевска.

Бројни писатели, филмски режисери и други лица од културно-уметничкиот живот јавно прашуваат дали ова им ја загрозува креативната мисла и е предвесник за цензура на сето сегашно и идно творештво. Професорката Елка Јачева Улчар во изјава за Канал 5 се надева дека се работи за избрзана изјава на министерката но додава дека, од друга страна, ваквит сугестии имплицираат на нешто сосема спротивно.

„Ваквите давања на насоки од еден висок владин функционер ме тераат да се сомневам дека можеби зад ова нешто се крие една работа која што ја дефинираа веќе некои од јавните личности денес по социјалните мрежи. Би сакала да не е така затоа што ако ова е така, тогаш излегува дека со оваа своја изјава министерката за култура го крши членот 16 од нашиот Устав.“

Во точка 3 од билатералниот Протокол, односно делот за спречување на говорот на омраза, стои дека двете страни се обврзуваат државното финансирање на целата уметничка продукција, од издавање книги па се до споменици на културата и прослави, да се реализира во духот на Договорот за добрососедство - а секое непочитување ќе биде основ за укинување на паричната помош.

Оливија Њутн-Џон ја загуби долгогодишната битка со ракот на дојка, почина на 73 годишна возраст

Актерката и пејачка Оливија Њутн-Џон почина на 73 години, објави нејзиниот сопруг на Фејсбук.

„Оливија почина мирно на нејзиниот ранч во јужна Калифорнија, окружена од семејството и пријатели. Таа беше симбол на триумфи и надеж во изминатите 30 години, споделувајќи го своето патување со ракот на дојката“, напиша Џон Истерлинг.

Во 2017, Њутн-Џон откри дека ѝ се вратил ракот од кој првпат се разболе во 1992, при што ѝ се проширил на ‘рбетот. Таа кажа дека имала и втора дијагноза во 2013, но јавноста не дознала за неа.

Нејзиниот активизам за истражување и подобро лекување на ракот останува еднакво клучен елемент на нејзиното наследство како и кариерата во шоу бизнисот.

Таа освои четири Греми награди и продаде над 100 милиони албуми, но улогата во мјузиклот „Брилјантин“ од 1978 година е она што ѝ го зацементира митскиот статус. Иако на 29 години ја играше средношколската љубов на Џон Траволта, „Брилјантин“ беше најголемиот хит таа година, а албумот со песните од филмот помина 12 недели на врвот на американската топ-листа.

Ноќна мора за родителите: На ТикТок „оперираат“ предатори, внимавајте на ќерките

Родителите се предупредени да внимаваат на своите ќерки. Имено, на TikTok има голем број предатори кои бараат девојчиња и девојки кои позираат во училишни униформи, пишува Sunday Mirror.

Предаторите контактирале со бројни тинејџерки преку приватни пораки и ги замолиле да им ги испратат своите видеа, пренесуваат медиумите. Една 15-годишна девојка објавила видео на кое танцува во училишна униформа, додека друга добила низа пораки во кои ѝ кажувале дека е „секси“.

Во делот за коментари до видеото на ученичката имало барање од анонимен маж да стави камера во нејзината соба.

„Ова е јасен ризик од злоупотреба на деца. Случаите на онлајн злоупотреба се на рекордно високо ниво, а девојчињата се жртви во повеќе од 80 проценти од случаите“, изјави Хана Рушен од Националното здружение за спречување на суровоста кон децата во Велика Британија.

TikTok ги отстраниле сите непристојни видеа, како и оние сметки каде што имало несоодветна интеракција.

„Постапуваме по секој извештај што предупредува на прекршување на нашите безбедносни правила“, соопшти TikTok.

Русија од денеска ги намалува можностите на инвеститорите од „непријателските земји“

Централната банка на Русија денеска објави мерки кои имаат за цел да ги спречат инвеститорите од „непријателските“ земји да ги искористат придобивките што им овозможуваат на оние од „пријателските земји“ да продолжат да тргуваат на Московската берза.

Московската берза во петокот објави дека ќе им дозволи на клиентите од пријателските земји, или оние кои не ја санкционирале Русија поради војната во Украина, да започнат со тргување по речиси половина година пауза.

Но, подоцна било кажано дека ова ќе важи само за пазарот на деривати, а не за главната берза, и не било кажано кога ќе биде дозволен поширок пристап. Аналитичарите веруваат дека доцнењето делумно се должи на загриженоста дека инвеститорите од ЕУ, САД и Обединетото Кралство, на кои во моментов им е забрането да тргуваат во Москва, би можеле да го искористат континуираното тргување со инвеститори од земји што Русија ги смета за пријателски како задна врата за тргување со руски акции, кои се во нивна сопственост.

Централната банка денеска објави дека шест месеци ги блокира руските депозитари и регистри да извршуваат трансакции поврзани со хартии од вредност добиени од странски партнери, вклучително и од пријателски земји.

Регулаторот објавил дека забележал како брокерите нудат опција за купување хартии од вредност од резиденти на странски земји и потоа нивно пренесување во руски депозитар, потег што се опишува како ризичен и „без гаранција за очекуваниот финансиски исход“. Западните санкции го ограничија пристапот на Русите до светските берзи, додека контрамерките од Москва исто така ги блокираа повеќето странци да купуваат и продаваат руски акции.

притисни ентер