Весиќ: Србија купува девет возови од Кина за ЕКСПО 2027 година - Канал 5

Весиќ: Србија купува девет возови од Кина за ЕКСПО 2027 година

 Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ и претседателот на Управниот одбор на кинеската компанија CRRC, Лиу Чанчинг денеска потпишаа Протокол за разбирање и соработка за набавка на девет нови електрични возови.

Весиќ: Србија купува девет возови од Кина за ЕКСПО 2027 година

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ и претседателот на Управниот одбор на кинеската компанија CRRC, Лиу Чанчинг денеска потпишаа Протокол за разбирање и соработка за набавка на девет нови електрични возови за брзини на 120 километри на час, јави дописникот на МИА од Белград.

По потпишувањето на документот во Владата на Србија, Весиќ рече дека набавката на возови била насочена кон модернизирање на возниот парк на Србјавоз за потребите на сообраќајот на идната линија Земун поле-аеродром „Никола Тесла“-национален стадион и поврзување на центарот на Белград и околните населени места со специјализираната изложба EXPO 2027 .

Тој објасни дека овие возови ќе се произведуваат во фабриката CRRC (Changchun Railway Vehicles) во Кина и треба да бидат испорачани најдоцна до 31 декември 2026 година.

Според него, новите електрични возови, кои ќе бидат прилагодени на сите стандарди на ЕУ, ќе покажат нов квалитет на транспортот во Белград.

-Ресорното министерство препозна дека CRRC е една од водечките светски компании во производството на локомотиви, автомобили, електрични и дизел мотори и други шински возила како за кинескиот така и за другиот пазар, и сакаше нивното големо искуство да го искористи и во Србија, изјави Весиќ.

Тој додаде дека Србија е подготвена да ја искористи нивната голема експертиза во транспортниот сектор и да обезбеди соодветен трансфер на знаење за поддршка на локалниот развој, вклучително и подобрување на железничкиот транспорт во Србија и поврзаните индустрии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

85 милиони евра за реновирање на студентските домови, ќе штедат 56 отсто енергија

„Стив Наумов“ наскоро ќе ги отвори вратите за студентите, додека посложената реконструкција на „Кузман Јосифовски-Питу“ треба да заврши до крајот на годинава. 

85 милиони евра за реновирање на студентските домови, ќе штедат 56 отсто енергија

Во „Кузман“ било утврдено дека зајакнувањата направени по скопскиот земјотрес не ги исполнуваат денешните стандарди, поради што била потребна дополнителна санација на конструкцијата. По реконструкцијата, домот ќе има капацитет за околу 280 студенти, сместени во еднокреветни соби со нов мебел, греење и ладење. Овие два скопски дома се првата фаза од поширокиот проект, кој до 2031 година треба да опфати девет студентски домови, шест ресурсни центри и еден ученички дом во седум града. Подобри услови треба да добијат повеќе од пет илјади студенти и ученици. За преостанатите седум студентски домови тендерите се во завршна фаза, а наскоро треба да започне реконструкцијата и на „Никола Карев“ во Охрид.

Расположливиот буџет изнесува над 80 милиони евра. Од нив, 60 милиони се заеми од германската развојна банка, повеќе од 21 милион се неповратни средства од Европската Унија, а 3,85 милиони евра обезбедува Министерството за образование и наука. Од ЕУ и и развојната банка објаснуваат дека комбинирањето на грантовите со заемите го прави финансирањето поповолно за државата. Со реконструкцијата и помалата потрошувачка на енергија оченувањата се да се создат заштеди што ќе помогнат во отплатата на заемите.

По обновата, потребата за енергија во домовите треба просечно да се намали за 56 проценти, а емисиите на јаглерод диоксид за 49 проценти. Четири од домовите – во Охрид, Прилеп и Штип, како и „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје , ќе се реконструираат според повисок стандард, близу до објекти со речиси нулта потрошувачка на енергија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија

Неврофизиологија доби нов лик – подобри услови за пациентите и посовремена работна средина за медицинскиот персонал. 

Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија

Внатрешниот дел е целосно реновиран, а обновата продолжува во втора фаза со реконструкција на фасадата и кровот.

Со вкупно 20 болнички легла, од Клиниката велат дека се зголемуваат капацитетите за хоспитализација и се подобруваат условите за третман на пациентите.

Новина е и Кабинетот за когнитивна стимулација, кој треба да овозможи нов пристап во работата со пациентите со деменција.

Директорот Јован Божиновски најавува и набавка на апарат за магнетна резонанца, како еден од приоритетите на Клиниката.

Но, инвестициите не се насочени само кон просторот и опремата. Од Клиниката велат дека во изминатиот период е зајакнат и медицинскиот кадар.

Ангажирани се нови лекари и друг медицински персонал, а 25 млади здравствени работници одлучиле својата професионална иднина да ја продолжат во земјава и да придонесуваат во домашното здравство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали е потребно „сеопфатно сексуално образование“ во средните училишта?

Бројката од 300 ученици кои сами избрале да посетуваат сексулано образование како изборен предмет во средните училишта покажува дека младите имаат потреба и интерес за темите кои се важни за нивното здравје, заштита. 

Дали е потребно „сеопфатно сексуално образование“ во средните училишта?

Училиштето е најдоброто место овие знаења да бидат достапни за младите со обучен кадар. Повлекувањето на Сексуалното образование нема да ги тргне ризиците од добивање на информации кои можат да им наштетат на младите луѓе, велат од ХЕРА.

Професорот Глигор Тофоски објаснува дека сексуалното обрзование е повеќе од потребно како гинеколог посочува дека бременоста кај малолетни девојчиња е зголемна, тука се и сексуалните пренослови болести, но и се поголемото врсничко насилство. Истражувањата покажале дека децата се информираат меѓу себе од она што го виделе и слушнале од интренет.

Сексуалното образовние се повлече од наставните содржини, по барање на јавноста. Министерката за образование Весна Јаневска објасни дека Бирото за развој мора да го разгледа целиот предмет. Повлекувањето доаѓа откако епископот Јаков преку писмо и се обрати на министерката Јаневска повикува на раѓање на повеќе деца, а од друга страна потпишува образовни политики кои го релативизираат полот, семејството го сведуваат на една од многуте менливи форми, а од малолетниот ученик бараат да „прифати“ однапред подготвени идеолошки заклучоци.

Во 2022 година, по пилотирањето на ССО како изборен предмет, дури 11 стручни здруженија на гинеколози, семејни лекари, психолози, психотерапевти, социјални работници, рехабилитатори, правници, вклучително и македонското лекарско друштво, побараа изучување на сеопфатното сексуално образование уште во основното училиште.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер