Како менопаузата го менува мозокот – Интересни научни откритија - Канал 5

Како менопаузата го менува мозокот – Интересни научни откритија

Истражувачи објаснуваат дека менопаузата не е само промена на состојбата на репродуктивното здравје, туку се случуваат и невролошки промени.

Како менопаузата го менува мозокот – Интересни научни откритија

Со децении, истражувачите ја проучуваат менопаузата, нејзините симптоми и влијанието врз здравјето на жените, меѓутоа, мал број студии ја објаснуваат врската помеѓу женскиот мозок и оваа состојба. Лиза Москони е дел од бранот истражувачи кои се занимаваат со овој поим, и таа има за цел менопаузата да ја реконструира не само како состојба на репродуктивното здравје, туку и како невролошка состојба, пишува Гардијан.

Експертите посочуваат дека староста и сексизмот придонеле за запоставување на оваа поврзаност, како и нивно вкрстување, но сега настануваат промени кои, според нив, имаат позитивно влијание.

Истражувањата покажуваат дека 60 до 86 отсто од жените бараат лекарска помош за симптомите на менопауза, но и дека се чувствуваат разочарани и погрешно разбрани по закажаните термини. Статистиката покажува дека многу малку жени на возраст под 40 години се информирани за менопаузата и дека само мал дел од давателите на ваквите услуги се чувствуваат подготвени да одговорат на овие прашања.

Што се случува со мозокот за време на менопаузата?

Менопаузата се состои од три фази: перименопауза - повеќегодишна транзиција што доведува до последната менструација, менопауза и постменопауза, или годините по менопаузата. Тоа е природен процес и го означува крајот на можноста за раѓање деца. Во тоа време, јајниците престануваат да ослободуваат јајце клетки, а производството на естроген и прогестерон значително се намалува.

Кога кај жената ќе изостане менструацијата повеќе од 12 месеци, се смета дека таа влегла во менопауза. Околу 70 отсто од жените доживуваат невролошки симптоми за време на транзицијата во менопауза, истакнуваат експертите. Додека оваа фаза некогаш беше поврзана само со јајниците, сега се подразбира дека симптомите како бранови на жештина, заборавеност, промени во расположението и несоницата се невролошки симптоми.

Во една студија од 2021 година, резултатите покажаа разлики во структурата на мозокот, различни делови од мозокот комуницираат меѓусебно, и дека постои разлика во енергетскиот метаболизам во фазите на менопауза.

Многу од овие промени, според авторите на студијата, се критични и привремени, на пример, падот на волуменот сива материја во прекунеусот (делот од мозокот задолжен за помнењето). Овие промени мозокот се обидува да ги надомести преку зголемениот проток на крв и производство на енергија. Студијата покажала дека овие промени настануваат поради менопаузата, а не само поради стареењето, и дека оваа состојба не е само репродуктивна преодна состојба, туку се работи и за невролошка транзиција.

Влијание на менопаузата врз меморијата

За време на менопаузата, многу жени пријавуваат дека доживуваат мозочна магла поврзана со заборавањето. Истражувачите објаснија дека способноста за меморирање кај жените опаѓа за време на менопаузата, но факторите кои водат до тоа сè уште не се докажани. Со оглед на тоа што жените ги надминуваат мажите во способноста за помнење, тие за време на менопаузата само „доаѓаат на нивно ниво“.

По анализата на крв кај учесниците во студијата, откриена е врска помеѓу честите бранови на топлина и зголемената веројатност од Алцхајмерова болест. Тоа не значи дека човекот ќе ја развие оваа болест во менопауза, но поврзаноста треба да се истражи, бидејќи 70% од пациентите со Алцхајмерова болест се жени во постменопауза.

Како да се грижите за мозокот во менопауза?

Експертите истакнуваат дека жените треба да го променат својот животен стил пред менопаузата. Одржувањето на здравјето на мозокот преку исхрана, вежбање, позитивни социјални интеракции и управување со стресот е од суштинско значење. Пушењето, на пример, може да предизвика рана менопауза. Постојат медицински опции кои ги намалуваат симптомите на менопауза, како што е хормонската терапија, која вклучува различни лекови кои го менуваат естрогенот, прогестеронот или комбинација. Когнитивната бихевиорална терапија, SSRI и лековите за топли бранови, исто така, може да ги олеснат симптомите на менопауза.

Понатамошните истражувања би можеле да откријат нови третмани, би овозможиле подобро разбирање на тоа што го прави мозокот поотпорен или поранлив за време на менопаузата и би дале подобри упатства во врска со очекувањата во тој период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Добитникот на „Златната топка“  капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина.

Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO).

Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери.

Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO).

Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат.

Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него.

Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал.

Неочекуван е и изборот на голманот.

Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“.

FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26.

ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија)

ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија)

СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија)

НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор Андреевски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

200 гр. мелено месо

2 главици кромид

2 чешниња лук

400 мл. доматен сос

масло

сол, бибер и др. зачини

малку свежо нане или магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината.

Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги.

Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки.

Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година.

Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS).

Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината.

За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер