Како ЉуБчо Георгиевски и Љубомир Фрчковски и се заканија на Канал 5 и други медиуми - Канал 5

Како ЉуБчо Георгиевски и Љубомир Фрчковски и се заканија на Канал 5 и други медиуми

Како ЉуБчо Георгиевски и Љубомир Фрчковски и се заканија на Канал 5 и други медиуми
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами

​Асоцијацијата за е-трговија го објави најновото ажурирано издание на Регистарот на е-трговци со цел да им помогне на граѓаните да проверат од кого купуваат пред да направат онлајн плаќање.

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами

Според податоците на Народната банка, во 2025 година во земјата имало 1.829 места на продажба за е-трговија, од кои 1.396 биле активни, односно реализирале најмалку една трансакција во текот на годината согласно методологијата на НБРМ.

Регистарот на е-трговци е единствениот регистар кој претставува сеопфатна база на сите онлајн продавачи во земјава кои нудат плаќање со картичка и се ажурира во соработка со петте банки кои процесираат е-трансакции- Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка, Халк Банка и УНИБанка.

Со цел негово ажурирање, АЕТМ добива подароци од петте банки, врши проверка, идентификација, категоризација и ажурирање на е-продавниците, со што Регистарот на е-трговци обезбедува единствен и структуриран увид во понудата на домашниот пазар на е-трговија. За активни е-продавници согласно методогијата на АЕТМ се подразбираат оние е-продавници кои реализирале најмалку една онлајн трансакција во текот на годината и имаат активна веб-страница за време на проверката.

Каква е домашната понуда во е-трговијата

Регистарот на е-трговци опфаќа 1374 активни е-продавници распределени во 25 категории. Податоците покажуваат дека најголем дел од понудата во македонската е-трговија ја сочинуваат е-продавници за козметика, производи за убавина или нега (115), облека, обувки и модни додатоци (100), храна и пијалаци (87), бела техника и електроника (86), туризам (81), веб услуги, стриминг или преземања (73), едукација (71), дом, мебел и градина (61) и многу други категории, што укажува на сè поголема разновидност на производи и услуги достапни преку домашните е-трговци.

Податоците од регистарот покажуваат дека домашната е-трговија повеќе не е ограничена само на традиционалните категории како мода, козметика и електроника. Значајно присуство имаат и услугите, туризмот, образованието и дигиталните услуги, што укажува на постепено зреење на пазарот и проширување на навиките за онлајн купување кај потрошувачите.

Регистарот добива дополнително значење ако се земе предвид континуираниот раст на е-трговијата во Северна Македонија. Според анализата на АЕТМ на најновите податоци од Народната банка на РМ, во 2025 година вкупната вредност на онлајн трансакциите достигна 950 милиони евра, што претставува раст од 32% во однос на претходната година. Од нив, 522 милиони евра се слеале кон македонските е-трговци, додека бројот на активни места на продажба за е-трговија е зголемен за 84 во однос на 2024 година.

- „Податоците покажуваат дека е-трговијата продолжува да се развива со солидно темпо, како во однос на вредноста на трансакциите, така и во однос на понудата. Регистарот на е-трговци ни овозможува не само да ги идентификуваме активните е-продавници, туку и да добиеме појасна слика за тоа кој ја сочинува понудата на домашниот пазар. Анализата покажува дека покрај традиционално силните категории како козметика, мода и електроника, сè поголема застапеност имаат услугите, едукацијата, туризмот и дигиталните производи, што е показател за зреење на дигиталната економија и проширување на навиките за онлајн купување кај потрошувачите“, вели д-р Нина Ангеловска Станков, претседател на АЕТМ.

Корисна алатка за заштита на потрошувачите и борба со нерегистрираните трговци

Регистарот на е-трговци претставува практична алатка за зголемување на довербата на граѓаните при онлајн купување. Со оглед на тоа што значителен дел од онлајн измамите се случуваат преку нерегистрирани продавачи, најчесто преку социјалните мрежи, регистарот им овозможува на граѓаните лесно да проверат дали еден продавач е регистриран правен субјект и дали користи интегрирано онлајн плаќање преку банка.

Регистарот истовремено придонесува и кон намалување на сивата економија преку поголема транспарентност и видливост на активните е-трговци. За самите е-трговци, присуството во регистарот претставува дополнителен знак на кредибилитет и доверливост, како и можност за поголема видливост пред потенцијалните купувачи.

Во регистарот се вклучени е-трговци со регистриран правен субјект во Република Македонија и интегрирано онлајн плаќање преку една од петте банки, а кои реализирале најмалку една онлајн трансакција во текот на 2025 година.

Регистарот е јавно достапен и може да се пребарува по URL адреса, правен субјект и категорија на е-продавницата на: https://ecommerce.mk/registar

За потребите на ажурирањето, АЕТМ користеше и алатки базирани на вештачка интелигенција за автоматизирана проверка на активноста, достапноста и категоризацијата на е-продавниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?

Тој нагласи дека Македонија не може да прифаќа процес без гаранции дека после едно исполнето барање нема да следуваат нови.

Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?

Македонија мора да најде решение за европскиот пат, но не решение кое ќе отвори нови прашања за македонскиот идентитет, историја и јазик, порача министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Горан Минчев, во гостувањето во „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ.

Минчев посочи дека прашањето не е само дали Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, туку што ќе се случи потоа. „Хипотетички, утре да ги внесеме Бугарите во Уставот. И што следно? Ако следното барање биде Гоце Делчев?

Има ли Македонец кој ќе се согласи дека Гоце Делчев не е Македонец?“ праша Минчев.

Тој нагласи дека Македонија не може да прифаќа процес без гаранции дека после едно исполнето барање нема да следуваат нови.

„Ние имаме ситуација каде што од бугарска страна постојат ставови дека Македонците постојат по 1945 година или дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Тоа не се само историски прашања, туку прашања што го допираат темелот на македонскиот идентитет“ рече Минчев.

Минчев го постави и прашањето како може Македонија да прифаќа определени толкувања на историјата, а да се игнорираат настаните и жртвите.

„Пред неколку дена бев во Ваташа, каде што оддадовме почит на 12-те младинци, жртви на едено тешко историско злосторство. Тоа било масакр, трагедија која народот не ја заборава. И замислете перверзија. Венко Филипче и СДСМ полагаат цвеќе таму, а во исто време велат дека ако Бугарите се внесат во Уставот, треба да се признае дека биле „бугарски администратори“, а не окупатори.“ истакна Минчев.

Според него, Македонија не може да дозволи европскиот процес да значи прифаќање на тези со кои се оспорува македонската посебност.

„Не може да се бара од нас да прифатиме дека нешто што е дел од нашата историја и идентитет е предмет на преговарање. Ние мораме да најдеме начин да излеземе од оваа состојба, но тоа не значи да излеземе по секоја цена. Македонија мора да оди кон Европската Унија, но како рамноправна држава, со свој јазик, историја и идентитет“ порача Минчев.

Движењето ЗНАМ продолжува да се залага за политика која ја става Македонија над партиските интереси, за европска иднина, силни институции и држава која знае да преговара, но и да ги брани своите темели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата е видлива а резултатите очигледни, Македонија забрзува

Владата на ВМРО-ДПМНЕ испорачува резултати, проекти, инвестиции и развој.

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата е видлива а резултатите очигледни, Македонија забрзува

Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните.

За две години ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи одговорно и посветено владеење базирано на резултати.

Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија повторно се гради и се развива.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во моментот работи на реализација на шест нови автопатски делници кои треба да бидат завршени до крајот на 2027 година, а во следната деценија се предвидени 10 милијарди евра капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, затоа што тие се иднината на Македонија. Се обновуват студентски домови, се обезбедија ваучери за електронски уреди. Се отвораат можности за нови бизниси и создаваат услови младите својата иднина да ја гледаат и градат дома.

Доделени беа 55,000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома.

Во изминатиот период се зголемија платите и пензиите, ја зајакнувме економијата и седум квартали по ред бележиме економски раст над 3 проценти. Истовремено градиме нови градинки, училишта, здравствени установи, спортски сали и патишта, додека враќаме наследени долгови во просек од над 2 милијарди евра годишно.

ВМРО-ДПМНЕ докажа дека знае како да работи за државата и граѓаните. Докажа дека националните интереси немаат цена и дека Македонија може да има власт која не капитулира кога се во прашање достоинството, идентитетот и интересите на народот.

Денес Македонија не стои во место. Македонија се движи напред. Македонија забрзува.

Македонија забрзува а тоа е и наша обврска да продолжиме уште посилно, уште поодлучно и уште поодговорно да работиме за повисок животен стандард, силна економија, нови можности и модерна европска Македонија.

Резултатите се видливи. Разликата е очигледна. Македонија забрзува.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер