Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
1Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
Шоу бизКако изгледал „патот надолу“ за Чарли Шин?Ѕвездата во серијата „Два ипол мажи“, Џон Краер, за „Huffington Post"изјави како изгледал „патот надолу“ за Чарли Шин. Изјави дека се заедно „полека еволуирало“, но дека „првата пукнатина на фасадата“, била кога Шин на радио емисија зборел за теориите поврзани со 9/11. Од тој момент почнале да се случуваат работи на „сите нивоа“ кој со време довеле до негово отпуштање од шоуто во 2011. година. Краер се присети дека го гледал како повторно се жени, веројатно малку пребрзо, а после тоа набрзо е уапсен поради нападот на тогашната сопруга Брук Милер. „Тоа апсење не го очекував, тоа е сигурно“ - изјави и додаде дека Шин се борел со зависноста од алкохол и дрога и дека често морал да се грижи за него. „Сите кои имале пријатели зависници знаат како е да се живее во страв - дали следниот телефонски повик ќе биде тој каде што ќе дознаеш дека се случило нешто лошо? Тоа постојано ми се случуваше со Чарли и со тоа беше тешко да се живее“ - додаде и продолжи:„ Чарли и јас имавме неколку разговори. Да повторам, си имате работа со некој, кој има проблем со зависност, тешко е до него да допрете. Ја очигледно не успеав тогаш“. И покрај непрофесионалноста на Шин, CSB проба да работи со него додека е тоа можно, тврди Краер. „Се случи неколку пати да дојдам на работа и да видам дека не е се како што треба, а тогаш Чак Лор ќе ми пријдеше и ќе ми речеше:„Дали е се во ред? Можеш ли да разговараш со него? Бидејќи јас веќе пробав. Постои ли некој за кого мислиш дека може да допре до него?“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаЛансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“. „Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата. Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети. „Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата. „Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата. Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураВо организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во СкопјеФилхармонијата беше домаќин на музички спектакуларчен концерт насловен „Мозаико Медитерано“ на грчката лирска сопранистка Марија Костраки и ансамблот предводен од виолинистот Андонис Сусамоглу.Настанот во организација на Амбасадата на Грција понуди уникатен спој на медитерански музички традиции, со посебен фокус на творбите на познатиот композитор Манос Хаѕидакис. Пред полната голема сала и покрај големиот интерес, концертот помина во преубава атмосфера, воодушевувајќи ја публиката која уживаше во врвните изведби... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаЗеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија .Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија и дека понатамошните одговори, односно целите за напади со долг дострел, веќе се утврдени. „Благодарен сум на секоја единица за нивната прецизност и на сите наши одбранбени и безбедносни сили на Украина за систематската природа на украинските напади со долг дострел. Операцијата против руската индустрија за рафинирање на нафта продолжува, како одговор на руските напади врз украинските енергетски објекти“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. Зеленски додаде дека електраните, енергетските мрежи, снабдувањето со топлина, снабдувањето со вода и цивилната логистика на територијата на Украина се под постојани напади од руски беспилотни летала и ракети „Шахид“, и дека Русија не ја менува природата на своите агресивни активности и дека ги напуштила чекорите за деескалација за кои зборуваа партнерите и дека планира понатамошни напади. Тој рече дека искуството од хуманитарната операција во градот Олешки, кој е под руска контрола, во југоисточна Украина, каде што кон крајот на октомври беше воспоставено локално примирје за неколку дена за хуманитарни активности, покажува дека ако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја запре војната, може да дојде до смирување. „Украина не треба да биде убедена дека е потребен мир што е можно поскоро. Ние го сакаме тоа. Русија треба да одлучи дека времето за војна е завршено. Нашите напади со долг дострел, нашите напади со среден дострел, како и целиот притисок од партнерите врз Русија поради оваа војна, тоа е она што создава мотивација за вистински преговори“, нагласи Зеленски.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook