Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра - Канал 5

Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра

- Имаме договор. Одлуката за обезбедување поддршка од 90 милијарди евра за Украина за 2026-27 година е одобрена. Се обврзавме, исполнивме, наведе Кошта во објавата.

Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра

Минатиот петок во раните утрински часови, нешто пред три часот, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во објава на Икс обелодени дека лидерите на земјите членки на ЕУ постигнале договор за начинот на финансирање на Украина за 2026 и 2027 година.

- Имаме договор. Одлуката за обезбедување поддршка од 90 милијарди евра за Украина за 2026-27 година е одобрена. Се обврзавме, исполнивме, наведе Кошта во објавата.

Со ова, по 16 часа преговори шефовите на држави или влади на членките на ЕУ се договорија средствата за финансиската поддршка на Украина да се обезбедат „врз основа на задолжување на Унијата на пазарите на капитал, поддржано од нејзиниот долгорочен буџет“. Ова во пракса значи дека ЕУ ќе издаде еврообврзници од кои ќе обезбеди 90 милијарди евра за Украина.

Договорот на лидерите на ЕУ предвидува дека Украина ќе треба да ја врати оваа позајмица, но само ако Русија ѝ плати воени репарации. Проценките се дека веројатноста за нешто такво е мала, па затоа, ова задолжување најверојатно ќе мора да се покрие преку буџетот на Европската Унија. Дополнително, само на име каматата од задолжувањето ќе мора да се плаќаат приближно три милијарди евра годишно.

Сето ова значи дека на крајот ЕУ дополнително се задолжува и враќањето на тој долг ќе падне на товарот на европските даночни обврзници.

На овој начин, ЕУ која до пред 15 години практично беше без долгови, сега ќе се соочи со ново задолжување и дополнително зголемување на нејзиниот долг, кој сега изнесува околу 670 милијарди евра, со што блокот се претвора во „Должничка Унија“, хорор идеја од која стравуваа Германија и останатите „северни“ земји, кои важат за жестоки противници на нови задолжувања.

Со толкав долг, Европската Унија е петти најголем суверен должник во Европа, по Италија, Франција, Германија и Шпанија.

Иако, опцијата за заедничко задолжување на ЕУ се споменуваше како можност откако Белгија не покажуваше знаци дека ќе попушти и ќе се согласи на планот за т.н. заем за репарации, односно користење на замрзнатите руски средства за исплата на финансиската поддршка за Украина, речиси до четвртокот вечерта преовладуваше ставот дека дел од земјите членки нема да прифатат зголемување на долгот на Унијата.

Еврообврзниците дојде во центарот на вниманието по избувнувањето на должничката криза во Грција во 2010 година, кога европските лидери минаа месеци во одржување на кризни самити, на кои се дебатираше дали и како да спречат банкрот на државата.

Тогаш оценките беа дека главна загриженост на повеќето лидери не беше Грција, на која и се забележуваше за водење „паралелно сметководство“ прикривајќи ја реалната финаниска состојба, туку пред сè тие се грижеа за стабилноста на еврото и за ризикот од распад на Еврозоната.

Главната дебата во тој период се сведе на прашањето за заедничко европско задолжување, преку издавањето на еврообврзници. Германија и другите „штедливи“ земји сметаа дека издавањето на еврообврзници претставува „пат кон пропаст“. Германскиот аргумент против заедничкото задолжување за спас на Грција, беше дека тоа би поставило „опасен преседан“ што на крајот би ги оптоварил даночните обврзници во Германија со обврските на земјите заглавени во долгови.

На крајот, Грција ја спасија директно земјите од Еврозоната со билатерални заеми, потоа и индиректно преку т.н. Европски механизам за финансиска стабилност (ЕФСФ), основан наменски за да ѝ се исплати кредит на Атина од 80 милијарди евра, и на крајот преку Европскиот механизам за стабилност.

Германија и останатите „северни“ земји на блокот, оттогаш жестоко се противеа на сите предлози за зголемување на заедничкиот долг на ЕУ. Исклучок беше направен кога беше прифатено заедничко задолжување во 2021 година за финансирање на Механизмот за опоравување и отпорност, формиран за поддршка на земјите членки за закрепнување од ковид пандемијата.

Иако, одговорот на ЕУ на пандемијата беше широко оценет како успешен, тој успех, заедно со помошта за спас на Грција, имаше своја цена – од некогаш маргинален емитер на обврзници, Унијата се претвори во еден од најголемите суверени должници на континентот. По санацијата на грчката должничка во 2013 година долгот на Унијата достигна околу 55 милијарди евра, за до крајот на деценијата во 2019 да се сведе на околу 50 милијарди евра, но по корона кризата сега достигна околу 670 милијарди евра. Дополнителното зголемување на овој долг би можело да има долгорочни импликации на заедничкиот пазар, буџетите и политиката на ЕУ.

Предвидувањата се дека отплаќањето на овој долг ќе фигурира во билансот на финансиската состојба на ЕУ најмалку до 2058 година, во случај редовно да се исплатуваат доспевањата од еврообврзниците, без рефинансирање на задолжувањето со издавање нови обврзници.

Ваквото задолжување претставува ризик од преоптоварување на суверениот долг на ЕУ и пад на кредитниот рејтинг на блокот. Дополнителен проблем е што каматната стапка на ваквото задолжување од нешто над нула отсто во 2020 година, сега, како резултат на растот на инфлацијата, изнесува речиси три проценти.

Дополнителното задолжување на ЕУ со украинските 90 милијарди евра се очекува уште повеќе да ги усложни преговорите за усогласување на повеќегодишната буџетска рамка на блокот за периодот од 2028 до 2035 година, што би можело да ги зголеми поделбите меѓу земјите членки во самата Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешна порно ѕвезда со 17 годишен стаж открива што ѝ било најтешко (ФОТО)

Поранешната ѕвезда во филмови за возрасни Линдзи Брук одлучи јавно да проговори за тоа што се случува зад сцената по 17 години во индустријата. 

Поранешна порно ѕвезда со 17 годишен стаж открива што ѝ било најтешко (ФОТО)

На Threads, таа ги покани следбениците да ѝ постават прашања за работата што ја напушти во 2024 година, а нејзините одговори се отворија за заработката, условите за работа, дрогата и последиците од долгогодишното работење во индустријата.

„Најдобриот дел? Завршено“

Брук објасни дека по толку години, тешко ѝ е да избере нешто позитивно од самото снимање. „Најдобриот дел? Хм. Завршено. Најлошиот дел: секс со целосен странец.“

Таа откри дека во еден момент заработувала околу 1.500 долари по сцена, но верува дека тоа не било доволно со оглед на работата што ја работела. Во текот на првите десет години, снимала речиси секој ден, додека подоцна нејзината работа била значително намалена.

Кога ја прашале дали целата индустрија е токсична, таа не дала едноставен одговор. „Има добри и лоши работи во секоја работа. Постојат одлични компании за кои сакав да работам, но и оние од чии сетови едноставно си заминав.“

Таа зборуваше и за дрогата

Најсериозниот дел од нејзините одговори се однесуваше на начинот на кој се справувала со својата работа. Брук рече дека во текот на целата кариера користела дрога за емоционално да се одвои од она што се случувало на снимањето. „Не, јас сум во состојба на дисоцијација. Земам наркотици. Се ставам настрана и влегувам во улогата.“

„Дрогите ѝ го олеснија“, односно, како што објасни, дрогата ѝ ја олесни работата. Ги користела за да не може ништо да чувствува за време на снимањето, додека дома ги користела за да може воопшто да чувствува било што.

Брук, која е мајка на три деца, се обидела да ја напушти индустријата по раѓањето на секое дете. Сепак, финансискиот притисок и стигмата поврзани со нејзината претходна работа ја терале да се враќа секој пат.

„Требаше да бидам мртва“

Пресвртницата се случила во 2024 година, кога, непосредно пред да потпише нов договор, зела смртоносна доза апчиња. Преживеала обид за самоубиство, а подоцна одлучила целосно да престане со дрогата и порно индустријата.

„Требаше да бидам мртва. Тоа не е драма, тоа е фармакологија.“ Таа на својот Substack наведува дека 1 ноември 2024 година бил првиот ден кога не земала апчиња ниту алкохол, и тогаш решила да ги напушти дрогата, работата и претходниот начин на живот.

За причината зошто конечно одлучила да си замине, таа рекла: „Сакав да се откажам од моментот кога почнав. Не знаев како. Се откажав затоа што повеќе не можев да земам доволно дрога за да потпишам уште еден договор.“

„Порнографијата е изградена врз илузии“

По напуштањето на индустријата, Брук почнала да пишува и јавно да зборува за своите искуства. На својата страница, таа се опишува себеси како поранешна работничка во индустријата за возрасни која денес се обидува да зборува за тоа што ѝ донел таков живот.

Особено е упатена кон мажите кои ја перцепираат порнографијата како претстава за вистинскиот сексуален живот. „Целата индустрија е изградена врз илузии. Жените всушност не сакаат мажите да ги прават сите работи што им ги покажуваме во филмовите. Жените не сакаат да имаат секс со мајстор кој дошол да го поправи мијалникот, а камоли да имаат оргии со нивната маќеа или девојки.“

Брук тврди дека порнографијата може да создаде искривена слика за сексот и врските и ги предупредува мажите дека она што го гледаат на екранот не треба автоматски да се сфаќа како претстава за вистинските желби на жените.

Зборувајќи за сопственото искуство, таа заклучи: „Колку повеќе е нарушен вашиот систем, толку повеќе машинеријата има контрола врз вас. Јас сум надвор... зошто сте сè уште внатре?“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Колку вреди пасошот на една земја? Аргентина штотуку даде многу специфичен одговор - најмалку 350.000 долари.

Аргентина им  ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување државни обврзници.

Што нуди Аргентина во рамките на програмата

Програмата треба да започне да прифаќа апликации во текот на последниот квартал од оваа година, а на потенцијалните кандидати ќе им бидат понудени две опции, според „Бизнис и финансии“.

Првата е директна, неповратна уплата од 350.000 долари во аргентинската државна каса.

Втората бара значително повеќе пари - купување на посебна државна обврзница во вредност од 800.000 долари.

Програмата беше презентирана за време на „Неделата на Аргентина“ во Париз од страна на министерот за економија Луис Капуто и началникот на кабинетот Диего Сантили.

Пасошите како начин за привлекување капитал

Зад необичната понуда стои многу специфична економска цел. Владата на претседателот Хавиер Милеј се обидува да привлече нов странски капитал, да го зголеми приливот на долари и дополнително да ја отвори аргентинската економија за меѓународни инвеститори.

Властите ја претставуваат програмата како уште еден дел од реформите насочени кон подобрување на инвестициската клима во земјата.

Аргентина со години се соочува со големи финансиски проблеми, а според АП, новата програма би можела да донесе до 2,5 милијарди долари во следните пет години. Во исто време, земјата се соочува со десетици милијарди долари обврски за надворешен долг.

Колку чини пасош за целото семејство?

Можноста нема да биде ограничена само на главниот апликант. Членовите на неговото семејство исто така ќе можат да аплицираат за државјанство, но за дополнителен надомест.

Брачниот другар, како и невенчаните или вонбрачните деца на возраст од 18 до 25 години без свои деца, ќе можат да аплицираат со дополнителен придонес од 100.000 долари по лице.

За дете под 18 години ќе бидат потребни уште 25.000 долари. Така, според пресметките на аргентинската влада, типично семејство од четири лица - родители и две малолетни деца - би можело да аплицира за аргентинско државјанство за вкупно 500.000 долари преку модел на плаќање што не може да се врати.

Парите нема да бидат единствениот услов

Чек од 350.000 долари нема автоматски да значи добивање пасош. Аргентина најавува детални проверки на кандидатите, вклучувајќи го потеклото на парите, идентитетот, криминалното досие и други безбедносни критериуми.

Сите средства ќе мора да поминат низ официјалниот финансиски систем, со примена на правила за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Аргентина започна со подготовка на законската рамка за државјанство преку инвестиции уште во 2025 година, кога беше овозможено странец кој прави инвестиција од особено значење да побара натурализација без оглед на должината на претходниот престој во земјата.

Сега, за прв пат, државата ја прецизираше и цената на овој пат до пасош - 350.000 долари што не може да се вратат или 800.000 долари преку државни обврзници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посвоиле пет деца, па ги претвориле во робови- осудени се на 375 години затвор и казна од 4,4 милиони долари

Пет афроамерикански деца кои биле принудени да трпат злоупотреба и држени во услови слични на робови од страна на нивните посвоители ќе добијат огромна финансиска компензација.

Посвоиле пет деца, па ги претвориле во робови- осудени се на 375 години затвор и казна од 4,4 милиони долари

Децата, кои некогаш биле посвоени од Џин Кеј Вајтфедер (63) и Доналд Лантс (64), добиле спогодба во вредност од 4,4 милиони долари од државата Западна Вирџинија поради начинот на кој Службите за заштита на децата се справиле со повеќекратните пријави за нивна загрозеност, објавува Дејли Меил..

Парите ќе им бидат распределени на децата преку фонд за доверба и ќе се користат за да им се помогне да се опорават, бидејќи неколку од нив сè уште се соочуваат со сериозни последици од траумата предизвикана од злоупотребата.

„Тоа значи дека овие деца ќе добијат шанса да бидат деца. Тие беа ограбени од нивната невиност и детство од луѓе кои им биле родители, кои всушност биле чудовишта“, рече адвокатот Данте ди Трапано, кој ги застапуваше.

Платената сума претставува максимална компензација што секое дете можеше да ја добие според државните ограничувања, а спогодбата ја плати Одборот за управување со ризици на Западна Вирџинија.

375 години затвор за „тинејџерски клуб“

Спогодбата доаѓа повеќе од една година откако Вајтфер и Лантс беа осудени на децении затвор за злоупотреба на деца.

Вајтфер моментално отслужува казна од 215 години, со минимум 40 години за да се добие условна слобода.

Лантс беше осуден на 160 години затвор, со задолжителен минимум 30 години зад решетки пред да може да аплицира за условна слобода. И двајцата беа осудени да платат вкупно 280.000 долари отштета на децата.

Децата беа пронајдени од полицијата во октомври 2023 година заклучени во барака до домот на двојката во Сисонвил. Бараката немаше светла, храна или вода, а областа беше под надзор со камери.

Вајтфер тврдеше дека децата не биле држени против нивна волја и дека бараката се користела како „тинејџерски клуб“. Сепак, детективите утврдија дека децата биле заклучени од надвор.

Откако властите ги пронајдоа трите постари деца заклучени во бараката, открија и деветгодишно девојче заклучено во главната куќа. Децата имаа силен мирис, носеа валкана облека и имаа рани на нозете.

Предупредувањата беа игнорирани, децата беа подложени на расистички навреди

Подоцна беше откриено дека соседите го пријавиле она што го забележале во куќата во Службата за заштита на децата, но нивните извештаи во голема мера не беа земени предвид.

Сосетката Џојс Бејли сведочеше на суд дека видела како Лантс ги тера децата да носат тежок материјал за ограда, кофи со вода и резервоари за пропан низ дворот. Според неа, децата биле толку исцрпени од работата што во еден момент најстарото момче едвај можело да оди.

За време на судењето беа презентирани и расистички текстуални пораки. Најстарото дете, сега 18-годишно, сведочеше дека нејзините посвоители ја принудувале да копа со рацете, ги хранеле неа и нејзините браќа и сестри претежно со сендвичи со путер од кикирики и ги принудувале да користат кофа за да се олеснат.

Таа исто така рече дека нејзините посвоители одбивале да јадат од истите чинии како децата и ја нарекувале „валкана“.

И покрај овие обвинувања, Службата за заштита на децата не обезбеди документација дека нејзините службеници разговарале со децата, изјави адвокатот на ди Трапано во тужбата против државата.

Според сведочењето на судењето, агенцијата едноставно оставила белешка на вратата на семејството. Кога службениците конечно разговарале со децата, Лантс и Вајтфер биле доволно блиску за да го слушнат разговорот.

„Целиот систем е расипан“

„Имаше многу повици од соседите, и мислам дека имаше само една посета на таа куќа. Требаше да има многу повеќе“, рече ди Трапано.

Тој тврди дека „целиот систем е расипан“ и дека начинот на кој се обработуваат пријавите за злоупотреба на деца, вклучително и обуката на вработените, начинот на кој се спроведуваат интервјуата и начинот на кој се документираат случаите, треба да се промени.

Портпаролот на гувернерот на Западна Вирџинија, Патрик Морисеј, Ларс Далсеид, рече дека вработениот кој ги интервјуирал децата бил отпуштен за време на претходната администрација.

Тој додаде дека сегашната администрација направила промени за зајакнување на системот за заштита на децата, вклучително и реорганизација на управувањето, појасни правила и дополнителна обука за вработените.

Децата оттогаш се сместени кај нови згрижувачки семејства. Двајца од нивните нови згрижувачки родители зборуваа на суд за тоа каков е нивниот живот сега. Еден опиша одење на плажа, забавни паркови и музеи.

„За мене како адвокат беше неверојатно искуство да видам дека овие деца сега имаат нешто за што да бидат среќни“, рече диТрапано.

Нова тужба за претходни обвинувања

Ди Трапано и неговата фирма сега планираат да поднесат уште една тужба, овој пат против Одделот за социјални услуги на државата Вашингтон.

Тие тврдат дека агенцијата им дозволила на Вајтфедер и Лантс да ги преместат децата од Вашингтон во Западна Вирџинија и покрај претходните обвинувања за злоупотреба на деца.

Во Вашингтон нема ограничување на штетите, така што децата би можеле да добијат дополнителна отштета ако успеат во нивната тужба.

Државниот претставник Холис Луис, исто така, објави дека ќе воведе закон наречен Закон за спречување на притвор на деца, кој би барал од семејствата што се преселуваат во Западна Вирџинија и планираат да ги школуваат своите деца дома да го известат Одделот за социјални услуги.

Луис додаде дека верува оти Вајтфедер и Лантс не се преселиле во Западна Вирџинија поради убавината или економијата на државата, туку затоа што верувале дека таму можат да се однесуваат кон своите деца со мал надзор.

Тој нагласи дека родителите треба да имаат можност да изберат како да ги воспитуваат своите деца, но дека мора да постојат и разумни мерки за да се спречи таквите можности да се искористат за злоупотреба.

Луис рече дека треба да им оддаде признание на жителите на Сисонвил кои продолжиле да го пријавуваат случајот на Службите за заштита на децата и на полицијата. „Всушност, заедницата беше таа што го крена алармот. Да не беа нивните напори, овие деца можеби сè уште ќе беа поробени и злоупотребувани, или ќе се случеше нешто полошо“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер