Како дел од меѓународната програма за поддршка, NIVEA обезбедува донации на националните организации во Македонија

Компанијата Beiersdorf, која стои позади брендот NIVEA, донираше 5.000 евра, во рамките на својата меѓународна програма за поддршка на колективната борба на општеството против ширење и влијание на Covid-19.

Компанијата Beiersdorf, која стои позади брендот NIVEA, донираше 5.000 евра, во рамките на својата меѓународна програма за поддршка на колективната борба на општеството против ширење и влијание на Covid-19, на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија. Програмата за директна поддршка е во согласност со новиот концепт на компанијата „Care Beyond Skin“, и ја покажува одлучноста на Beiersdorf да оди пошироко од својата основна дејност – негата на кожа - и да даде максимален придонес за општеството и планетата.

Бранко Котарац, генерален директор: „Пандемијата на вирусот COVID-19 во многу краток временски период стана закана по здравјето и речиси го замрзна социјалниот живот, што досега беше незамисливо. Со овие донации, Beiersdorf сака да обезбеди поддршка на националните организации кои им помагаат на сите луѓе на кои им е потребна помош во овие тешки времиња, како што е и Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки.”

Голем број здравствени работници, вклучително и многу медицински сестри, техничари и акушерки, се на првите редови на борбата против COVID-19. Од таа причина, Beiersdorf сака да им помогне да ја добијат потребната медицинска опрема - заштитни костуми, очила, маски и антисептици.

Меѓународна програма за поддршка на Beiersdorf.

Кон крајот на март, Beiersdorf AG ја објави својата меѓународна програма за поддршка: Групацијата има намера да додели грантови од 50 милиони евра за да помогне во управувањето со кризни ситуации, особено во епицентри на болести, како и за региони со неразвиени здравствени системи и лоша инфраструктура. Beiersdorf ќе соработува со меѓународни организации и локални власти за да обезбеди максимална поддршка на лицата кои имаат потреба од тоа.

Непосредните мерки вклучуваат низа преземени активности, како што е меѓународна донација од 1.000.000 литри средства за дезинфекција. Во меѓувреме, Beiersdorf во своите фабрики на пет континенти произведува средства за дезинфекција. Донации од најмалку 5.000.000 NIVEA производи за нега на кожата и рацете се дистрибуирани на медицинскиот персонал ширум светот, чија кожа во моментов е особено изложена на различни влијанија. Мерките за итни случаи вклучуваат директна финансиска поддршка на невладини организации, како меѓународни, така и локални партнери на групата Beiersdorf, кои во моментов се соочуваат со големи предизвици. Beiersdorf, исто така, ги поддржува личните донации на своите вработени во меѓународните хуманитарни организации ширум светот со тоа што ги удвојува.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер