Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест
1Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест
АвтомобилизамКако Дачија Сандеро предизвика вознемиреност во Пентагон? Во 2019 година, Пентагон управуваше со буџет од неверојатни 716 милијарди долари, настојувајќи да ја задржи воената надмоќ на САД во светот.Помеѓу многуте ставки и трошоци, внатрешната контрола забележала и една необична ставка која предизвикала голема врева. Имено, тогашниот министер за одбрана Џим Матис одобрил изградба на пат околу американската ракетна база во Романија во вредност од 2,9 милиони долари. Во таа буџетска ставка бил вклучен и Dacia Sandero Stepway, наменет за романското Министерство за одбрана. Контролорите на Пентагон изразија изненадување за ставката, бидејќи е невообичаено САД да купуваат автомобил за друга земја, особено за употреба на нејзина почва. Се претпоставува дека Матис со ова купување сакал да ги зајакне сојузничките односи со Романија, напиша Ревија ХАК. Цената на еден модел Sandero Stepway тогаш не надминувал 13 илјади евра, што споредено со воениот буџет е симболична цена. Но, оваа одлука крена прашина и го постави прашањето за оправданоста на ваквите трошоци во огромниот воен буџет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотестТој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. На 09.09.2026 во 03:10 часот на магистрален пат Охрид - Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: сообраќајна незгода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамТатра направи вистински ѕвер за војската: Овој камион има 19-литарски V12 мотор„Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони.Чешкиот специјализиран производител на возила Татра ја претставува новата генерација на моделот „Force“ во воената конфигурација 8x8 на саемот „MSPO“ во полскиот град Киелце. Ова е тежок тактички и логистички камион со рамна платформа и целосно нова продолжена кабина за до шест члена на екипажот. Кабината има 4 врати, подобрени безбедносни системи и дигитализирана контролна табла. Погонскиот склоп привлекува најголемо внимание. Камионот користи нов електронски контролиран, воздушно ладен мотор Татра „T3D-930 V12“ со работна зафатнина од дури 19 литри. Развива 450 kW, или околу 612 КС, и е поврзан со автоматски менувач од „Allison“. „Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони. Новиот модел е наменет за тешки воени и логистички задачи, каде што големата носивост и можноста за движење по тежок терен се од клучно значење, пишува Ревија ХАК.Тагови: Татра Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ја поддржуваме идејата на ЛДП - СДСМ веќе даде предлог закон за двојно државјанствоСДСМ веќе даде предлог-закон за двојно државјанство. Да важи и за пратениците од овој состав, да важи за министрите, владините функционери, директорите на јавните претпријатија. Законот да важи за сите. Нека се врати законот во Собранието. Додека траеја прославите за 35 години независност, Законот за ограничување на двојното државјанство на функционерите остана заглавен во фиока. СДСМ уште претходно предложи јасно и доследно решение: • Да важи за пратениците од актуелниот состав. • Да важи за министрите и сите владини функционери. • Да важи за директорите на јавните претпријатија. • Да важи за сите носители на јавни функции – без исклучоци и без „половични“ решенија. Нема место за двојни стандарди. Нема место за молчење на оние што сами го предложија законот, а сега го избегнуваат. Нема место за функционери кои земаат плата од државата, а лојалноста им е поделена. СДСМ ја поддржува иницијативата на ЛДП. Бараме законот веднаш да се врати на дневен ред во Собранието и да се донесе без одложувања и без компромиси. Вистинската независност и вистинскиот патриотизам се докажуваат со лојалност кон една држава - Македонија. Само не може да важи за Стоилковиќ, неговите колеги од БИА што го слават Ратко Младиќ и началникот на медиумите Латас. За големите српски националисти, агенти на службата за безбедност на Србија - не може да важи. Тие мораат да имаат две државјанства. Треба да ја спроведуваат српската и руската агенда и да се чувствуваат како дома и овде и таму. За сите останати - мора да важи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook