Како да се сочува умерениот број килограми, но и здравјето по празниците - Канал 5

Како да се сочува умерениот број килограми, но и здравјето по празниците

Традиционално, со празниците често пати доаѓа и вишокот килограми што потоа тешко се губат. 

Како да се сочува умерениот број килограми, но и здравјето по празниците

Порталот „24 часа“ споделува неколку совети за „вкусен а здрав“ Божиќ. Пред сѐ, првиот совет гласи: Не се седнува на маса прегладнет. Избегнувањето на дневните оброци на сметка на обврските, води кон обилна вечера и прејадување. Тоа, според стручњаците, воопшто не е здраво.

Натаму, не треба да се претерува ни со јаткастите плодови. Честопати ги јадеме и „несвесно“, а познато е оти тие се доста калорични и носат опасности.

Помалку алкохол, но не претерувајте ни со газираните пијалаци. Тие го отекуваат стомакот и создаваат непријатности. Потоа, се препорачува и помалку мрсно бело месо, наместо сочни шницли и колбаси, но и мајонез, крем и слични масни производи. Пржената храна, велат познавачите, е забранета. Наместо тоа, варената, обарената и печената закуска секогаш се подобар избор.

Околу облеката, треба да се избегнуваат тесни фустани и ремени што го притискаат стомакот.

Опуштете се. Стресот има негативно влијание врз варењето, а ако цела вечер се грижите дали гостите се среќни и нервозно трчате за другите да бидат задоволни, тоа ќе се одрази на Вашиот стомак и главата.

Следниот совет е: За да не дојде до оптоварување на црниот дроб, се јадат мали порции, а почесто во текот на денот. Доколку се прејадете со еден оброк, прескокнете го следниот.

Внимавајте и на висок холестерол. Тука се земаат во обѕир сирењата, месото, питите и колачите. Се препорачува бело месо, риба, зеленчук, како и повеќе јаболка, бидејќи тие се богати со пектин и го намалуваат лошиот холестерол во крвта.

Во случај на кардиоваскуларни проблеми, особено треба да се намали алкохолот, солената храна и мрсната храна. Ова важи и за луѓето со висок крвен притисок. Дури и прекумерните емоции за време на празниците претставуваат опасност за овие лица.

За крај: Дури и ако имате малку повеќе слободно време, не значи дека токму сега треба да се почне со понапорни вежби или интензивирање на постојната програма. Ова се денови кога вообичаено се претерува со храната, па тоа во спој со енергични спортови води кон премор за телото и бројни здравствени ризици и опасности. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро реагираме на нечовечките и надвор од здравиот разум навреди на Венко Филипче

ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на нечовечките и надвор од здравиот разум навреди на Венко Филипче, упатени кон трагично и ненадејно починатиот градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски.

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро реагираме на нечовечките и надвор од здравиот разум навреди на Венко Филипче

ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на нечовечките и надвор од здравиот разум навреди на Венко Филипче, упатени кон трагично и ненадејно починатиот градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски.

Згрозени сме од квалификациите кои ги дава Венко Филипче, ставајќи го во контекст на криминал и незаконско работење.

Ваквото однесување покажува дека Венко Филипче е во специфична состојба и ги поминува сите граници.

Нема да се спуштаме на негово ниво и да ја употребуваме неговата реторика, иако би имале многу да кажеме. Но, она што и Венко најмалку го должи спрема Брвеница и семејството на градоначалникот е да ги почитува ликот и делото на Јовица Илиевски, кој важеше за мирен, семеен и исклучително чесен човек, кој двапати по ред ја добиваше довербата на жителите на општината.

Граѓаните ваквото однесување на Филипче ќе го запаметат при наредното гласање, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Навивачите на Хајдук го прекинаа натпреварот со Ајакс- на клубот му се заканува голема казна (ФОТО)

Фудбалскиот натпревар помеѓу Хајдук и Ајакс во Сплит беше прекинат кон крајот на второто полувреме откако Торцида направи огромен пламен во 75-тата минута, а судијата ги испрати играчите во соблекувалната.

Навивачите на Хајдук го прекинаа натпреварот со Ајакс- на клубот му се заканува голема казна (ФОТО)

Овој натпревар веќе имаше жесток вовед, бидејќи имаше судири меѓу навивачите на Ајакс и Хајдук во самиот град, а сè се „прелеа“ на самиот „Пољуд“.

Токму во моментот кога Хајдук водеше со 2:1, Торцида предизвика голем скандал, по нивната кореографија, бидејќи димна завеса го покри целиот стадион.

Судијата чекаше ситуацијата да се подобри, но тоа не се случи, па ги испрати играчите во соблекувалната за нивна безбедност.

Дури по околу 10-минутна пауза играчите се вратија на теренот, а во тој период Торцида дури и протестираше, а се слушнаа бројни свирежи упатени кон судиите на овој натпревар.

На крајот, Хајдук славеше против Ајакс со резултат од 2:1. Головите за домашната екипа ги постигнаа Санџанг во 37-та минута и Шотичек во 55-та минута. На другата страна, Класен беше стрелец во 53-та минута.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Мадуро и сопругата им се закануваат по 50 години затвор- во судницата ги донесоа во прангии (ФОТО)

Соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се изјаснија за невини денес пред судот во Њујорк по новото обвинение кое ги товари за заговор за тортура на политички противници, објави Ројтерс.

На Мадуро и сопругата им се закануваат по 50 години затвор- во судницата ги донесоа во прангии (ФОТО)

Новите обвиненија, поднесени минатиот четврток, значително ја проширија кривичната постапка против 63-годишниот Мадуро и неговата 70-годишна сопруга. И двајцата претходно се изјаснија за невини по обвинението за злоупотреба на својата положба за помагање на шверцерите со дрога во транспортот на кокаин.

Мадуро и Флорес, кои беа заробени од американската војска во јануари за време на операција нарачана од претседателот Доналд Трамп, се појавија пред американскиот окружен судија Алвин Хелерштајн во федералниот суд на Менхетен. Тие беа донесени на сослушувањето во беж затворска облека, со окови на глуждовите.

Мадуро: Целосно го отфрлам обвинението

Кога судијата го повика да се изјасни за виновен, Мадуро тврдеше дека обвиненијата биле поднесени претходно и дека се лажни. „Ја прочитав целата содржина, судија Хелерштајн“, рече Мадуро за обвинението. „Целосно го отфрлам овој документ“, додаде тој.

Судијата го прекина додека зборуваше и нареди во негово име да се внесе изјава за невиност во записникот. Неговата сопруга, Силија Флорес, исто така ги негираше обвинувањата. „Јас сум целосно невина. Не сум виновна“, изјави таа. Мадуро и Флорес не се обвинети за лично мачење на политички противници, туку за учество во заговор за нивно мачење.

Доколку бидат осудени по сите точки од обвинението, секој се соочува со задолжителна минимална казна од 50 години затвор. Поради новите обвиненија, судијата Хелерштајн го одложи почетокот на судењето за две недели. Судењето сега е закажано да започне на 14 јуни 2027 година.

Обвинителите тврдат дека Мадуро наредил мачење на противниците

Американските обвинители на Менхетен тврдат дека Мадуро им наредил на венецуелските функционери да ги мачат опозициските политичари и припадниците на војската осомничени за заговор за негово соборување. Според обвинението, неговата цел била да ја одржи власта во Венецуела. Во еден од случаите опишани во обвинението, се наведува дека во 2014 година Мадуро наредил киднапирање на припадници на војската со цел да извлече информации од нив за можни противници на режимот.

Според обвинителите, тој им рекол на службениците да „притиснат посилно“ врз оние што се спротивставуваат. Во обвинението, исто така, се наведува дека Флорес се согласил со тој план на состанокот и отфрлил алтернативен предлог за собирање информации преку инфилтрирање на противниците.

Со години е во конфликт со САД

Односите меѓу Мадуро, кој доаѓа од социјалистичка партија, и САД беа затегнати за време на неговите 13 години на власт во Венецуела. Американските власти во овој период воведоа санкции врз високи венецуелски функционери и големи државни компании поради обвинувања за кршење на човековите права, корупција и изборно манипулирање.

Од друга страна, Мадуро ги обвини САД дека сакаат да го соборат за да преземат поголема контрола врз природните ресурси на Венецуела, земја богата со нафта. Американската кампања за притисок врз Мадуро кулминираше на 3 јануари оваа година, кога американската армија го уапси него и неговата сопруга во нивниот дом за време на операција во Каракас.

Двајцата потоа беа транспортирани во САД, каде што беа обвинети за трговија со дрога. Оттогаш се во притвор во Бруклин. По апсењето на Мадуро, раководството на Венецуела го презеде неговата поранешна потпретседателка, Делси Родригез, која во меѓувреме ја зајакна соработката со САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп го истакнува апсењето на Мадуро и обновувањето на односите со Венецуела како еден од неговите најголеми успеси во надворешната политика. Ова е особено нагласено во пресрет на ноемвриските избори, каде што републиканците се обидуваат да ја задржат контролата врз Конгресот. Ова се избори што се одржуваат на половина од претседателскиот мандат на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер