Кајзерслаутерн, кој оваа сезона се бори за опстанок во втората лига, во финалето на 25 мај на Олимпискиот стадион во Берлин ќе игра со победникот од второто полуфинале меѓу Баер Леверкузен и Фортуна Дизелдорф.
Досега Кајзерслаутерн има два куп трофеи во своите витрини, првиот освоен во 1990, а вториот во 1996 година, додека последен пат во финалето играше во 2003 кога беше поразен од Баер Леверкузен.
Во Купот на Франција, пак, прв финалист е Лион, кој синоќа со 3-0 на домашен терен го совлада второлигашот Валенсиен.
Противник на Лион во финалето на 25 мај на Стад де Франс во Париз ќе биде поуспешниот од вториот полуфинален двобој меѓу ПСЖ и Рен. /МИА