ЖивотКај младите опаѓа пиењето и пушењето, но расте ризикот од други зависностиПиењето и пушењето кај тинејџерите на возраст од 15-16 години опаѓа, но ризикот од употреба на канабис и новите видови на зависност се причина за загриженост.Дваесет и седум отсто од македонските ученици се имаат обложувано за пари во последната година, додека 19 проценти минуваат повеќе од шест часа на социјални медиуми за време на школските денови, а 11 отсто повќе од шест часа во играње видео игри за време на викенд, покажува извештајот на Европскиот училишен истражувачки проект за алкохол и други супстанци (ESPAD). Студијата, спроведена во партнерство со Европски центар за следење на дроги и зависности од дроги со седиште во Лисабон (ЕМЦДДА), се базира на репрезентативни студии во 35 европски земји вклучително и Македонија. Во однос на достапноста на алкохолот и другите супстанци, младите кај нас рекле дека најлесно може да дојдат до алкохол – 69 проценти, потоа до цигари – 49 отсто, додека до канабис секој петти (19 %), а еден од десет до екстази (10%). Употребата на алкохол останува висока кај адолесцентите во Европа, каде во просек над три четвртини (79%) од учениците пробале алкохол барем еднаш во текот на својот живот. Кај нас тој процент е 67. Скоро половина (47%) од сите испитаници и над 40 проценти од учениците кај нас рекле дека конзумирале алкохол во последните 30 дена. Податоците покажуваат тренд на релативно постојан пад, со тоа што сегашните нивоа се пониски од 2003 година, кога двата показатели го имале врвот од 91 и 63 проценти соодветно. Кај нас, половина од учениците или 49 проценти рекле дека можат доколку сакаат лесно да дојдат до цигари, 38 отсто пробале цигара барем еднаш во животот, а 20 проценти рекле дека пушат цигари секојдневно. Околу 12 проценти од учениците пробале цигара на 13 години или порано, додека секојдневно пушат 2,6 отсто. Околу 7,8 проценти од македонските ученици рекле дека пробале некоја дрога и тоа канабис (6,1%), екстаза (1,1), амфетамин (0,6%) и метамфетамин (0,4%). Меѓу машките едно од десет пробало било каква дрога, додека меѓу девојчињата едно од дваесет. Цигарите лесно достапни за тинејџерите Цигарите се една од најдостапните супстанци, а околу 60 проценти од сите испитаниците кажале дека доколку сакаат можат „прилично лесно" или „многу лесно" да дојдат до цигари. Најлесно до цигари, рекле дека може да дојдат учениците од Данска – 79 проценти, по што следат Шведска, Полска, Словачка и Чешка со над 70 проценти. Најмалку достапни цигарите изгледале за учениците од Косово – 24 проценти, по што следи Романија – 39%, Украина – 42% и Груција – 45 процени. Кај нас, половина од учениците или 49 проценти рекле дека можат доколку сакаат лесно да дојдат до цигари, 38 отсто пробале цигара барем еднаш во животот, а 20 проценти рекле дека пушат цигари секојдневно. Околу 12 проценти од учениците кај нас пробале цигара на 13 години или порано, што е под просекот од 18 проценти на сите земји опфатени во истражувањето. Во просек 2,9 проценти од учениците почнале да пушат цигари секој ден на 13 години или порано, додека кај нас 2,6 отсто. Според истражувањето 41 процент од сите учениците пробале цигара барем еднаш во животот, а една петтина или 20 проценти се сметаат за пушачи, односно запалиле цигара во последните 30 дена. Податоците покажуваат тренд на намалување, во однос на 1995 година, но доколку се земат во предвид и електронските цигари, тогаш во 2019 година има раст. Еден од десет ученици опфатени во истражувањето рекле дека пробале електронска цигара на 13 години или порано. Овие бројки се движат од 4,3 и 4,4 проценти во Црна Гора и Србија, до 19 и 20 проценти во Литванија и Естонија. Во просек 1,7 проценти од учениците рекле дека почнале да користат е-цигари секојдневно на 13 години или порано. Најмногу во Косово и Кипар – 3,2 и 3,1 процент. Еден од седум ученици рекол дека користел е-цигара во последните 30 дена, најмногу 41 процент во Монако, а најмалку – 5,4 проценти во Србија. Во нашата земја 6,8 проценти од учениците рекле дека пробале е-цигара на 13 години или порано, а само 0,8 проценти рекле дека пушат секојдневно. Алкохол пробале 67 отсто од младите во земјава Пиењето алкохол иако останува популарно меѓу младите, трендот меѓу 1995 и 2019 година покажува генерално намалување во користењето на алкохолни пијалоци. Речиси 80 проценти од учениците рекле дека доколку сакаат можат лесно да најдат алкохол. Во Данска, Германија и Грција овој процент изнесува над 90 отсто, додека најниска е во Косово – 38 проценти, што е единствената земја под 50 проценти. Кај нас, 69 проценти од учениците одговориле дека можат лесно да дојдат до алкохол, доколку сакаат. Една третина од сите испитаници или 33 отсто првпат пробале алкохол, додека 6,7 отсто имале пијанство на 13 години или помали. Најмногу во Грузија – 60 проценти, а најмалку Исланд – 7,1 процент. Во сите земји од истражувањето освен Косово – 29 % и Исланд – 37%, над половина од учениците рекле дека пробале алкохол барем еднаш во животот. Во просек 79 проценти од учениците пробале алкохол барем еднаш во животот, од кои над 90 проценти од учениците од Унгарија, Данска и Чешка. Еден од десет ученици рекол дека бил пијан во последните 30 дена. Од учениците кои рекле дека користеле алкохол во последните 30 дена во просек пиеле 5,6 пати. Во оваа група учениците од Германија и Кипар конзумирале алкохол 8 и 7,5 пати. Еден од тројца (34 %) рекол дека испил пет или повеќе чаши алкохол во една вечер во последниот месец. Над 40 проценти од учениците во Макеоднија рекле дека конзумирале алкохол во последните 30 дена, додека 67 пак пробале алкохол барем еднаш во животот. Пијанство во последните 30 дена имале 8,7 проценти. Најмногу рекле дека пиеле пиво (49%), потоа жесток алкохол (33%) и вино (18%). Една третина испиле над пет пијачки во една вечер во последните 30 дена. Кај нас 29 проценти од учениците првпат пробале алкохол, а 6,1 процени имале прво пијанство на 13 години или порано. Повеќе машки првпат пробале (37%) и биле пијани (7,7%) наспроти 22 проценти од женските кои пробале и 4,6 проценти кои биле пијани на 13 години или порано. Омилен пијалок во просек се жесток алкохол (38%) и пиво (31%). Во Шпанија (83%), Португалија (59%) и Литванија (57%) од учениците кои пиеле алкохол преферирале жестоки пијалки, додека пиво најмногу преферирале во Косово (62%), Србија (52%) и Полска и Македонија (49%). Лесно се доаѓа и до дрога, најдостапен канабисот Канабисот се смета за еден од најлесно достапните забранети супстанци, каде еден од тројца ученици (32%) рекле дека, доколку сакаат можат лесно да најдат. Споредено со канабисот, достапноста на останатите дроги е ниска, за екстази (14%), кокаин (13%), амфетамин (10%) и метамфетамин (8,5%). Во земјава 19 проценти од учениците сметаат дека можат лесно да дојдат до канабис. Достапноста на останатите супстанци е под десет проценти – екстази (10%), кокаин (7,5%), амфетамин (6,8%), метамфетамин (6,1%) и крек (4,4%). Во просек 17 проценти од учениците во сите земји рекле дека пробале некоја дрога во својот живот. Кај нас, околу 7,8 проценти од учениците рекле дека пробале некоја дрога и тоа канабис (6,1%), екстаза (1,1), амфетамин (0,6%) и метамфетамин (0,4%). Едно од десет машки пробало било каква дрога, додека кај девојчињата едно од дваесет. Канабисот е најшироко распространета дрога во сите земји. Во просек 16 проценти од учениците рекле дека барем еднаш во животот пробале канабис, додека 7,1 отсто во последните 30 дена. Околу 2,4 проценти од испитаниците рекле дека канабис за првпат пробале на 13 години или помали. Трендот на користење канабис бележи раст меѓу 1995 и 2019 година од 11 на 16 проценти за било кога во животот и од 4,1 на 7,4 проценти за во последните 30 дена. Но, пикот го имаат во 2011 година, по што се бележи благо намалување. Меѓу 1 и 2 проценти од сите ученици рекле дека било кога во животот пробале било каква друга дрога, освен канабис. По канабис, втора најчеста е екстаза, ЛСД или некои други халуциогени, кокаин и амфетамин. Во просек околу 3,4 проценти од сите ученици рекле дека пробале некаква нова психоактивна супстанца во својот живот. Кај нас 0,9 проценит од учениците рекле дека пробале кокаин, 0,8 проценит ЛСД или друг халуциоген, 0,5 проценти хероин. Истражувањето покажало голема разлика (од 2,8% до 23%) од земја до земја во однос на употребата на некои медицински лекови за немедицински цели, како што се седатици и средства за смирување без рецепт или некои лекови против болка. Во просек 9,2 проценти од ите учениците користеле нешто такво, но најмногу во Словачка (23%), Латвија (22%) и Литванија (21%), додека под 2 проценти имале земјите како Украина, Романија, Бугарија и Хрватска. Кај нас 5,6 проценти, од кои повеќе девојчиња – 7,1отсто наспроти машки – 4,1 процент. Седативи користеле 4,2 проценти, а лекови против болка 2 проценти. Коцкање, социјални медиуми и онлајн коцкање Околу 22 проценти од учениците рекле дека се коцкале за пари на некоја игра на среќа во последната година. Меѓу нив, најпопуларни се лотарии, по што следи обложување на спортски натпревари и трки со животни (45%) и карти и коцки (44%). Најмалку популарна игра на среќа била слот машини, 21 проценти од играчите. Најмногу ученици кои се коцкале во последната година има во Грција и Кипар – 33 проценти, по што следат Италија и Црна Гора – 32% и Финска со 30 проценти. Најмалку има во Малта – 14%, Грузија – 13%, Данска – 12% и Косово – 11%. Околу 7,9 проценти од сите ученици рекле дека се коцкале на интерент во последните 12 месеци, додека кај нас нешто над овој проеск – 8,9 проценти од учениците. Околу 27 проценти од македонските ученици рекле дека се коцкале за пари во последните 12 месеци. Ова е поизразено кај машките – 34 %, споредено со 20 % од женските. Најпопулани игри на среќа, меѓу тие кои рекле дека се коцкале во последната година, се лотарии (58%), обложување на спорт и животни (50%), карти или коцки (28%) и слот машини (24%). Над 94 проценти од сите ученици рекле дека користеле социјални медиуми во последните седум дена. Во просек минувале по 2-3 часа на социјалните медиуми во текот на шкослката недела и шест или повеќе часа за време на викенд. Околу 60 проценти од сите ученици рекле дека играле видео игри за време на школски денови во последните 30 дена, додека 69 проценти рекле дека играле видео игри за време на викенд. Во поголемиот дел од земјите во играње видео игри во просек учениците минуваат час и половина за време на школските денови и 2-3 часа за време на викендот. Во текот на школската недела 23 проценти од македонските ученици поминуваат 2-3 часа на социјалните медиуми, додека 19 проценти поминуваат шест и повеќе часа. Меѓу тие што минуваат 2-3 часа повеќе се машки – 24 проценти, наспроти 22 проценти женски, но затоа 22 проценти од женските минуваат шест и повеќе часа, наспроти 15 проценти машки. За време на викенд 39 проценти од македонските ученици рекле дека минуваат шест или повеќе часа на социјални медиуми и тоа 44 проценти од женските и 33 проценти од машките. Во играње видео игри во текот на школски денови 22 проценти од македонските ученици рекле дека играат полоцина час, а 44 процетни рекле дека воопшто не играат. Но, затоа 11 проценти рекле дека играат шест или повеќе часа видео игри за време на викенд, од кои 18 проценти машки, а 4,7 проценти девојчиња. Европскиот училишен истражувачки проект за алкохол и други супстанци (ESPAD) е меѓусекторско истражување на употребата на супстанци и други форми на ризично однесување меѓу децата во Европа на возраст од 15 и 16 години. Проектот се спроведува од 1995 година, а од 2007 година опфаќа 35 земји. Истражувањето се спроведува во училишта, каде учениците го пополнуваат прашалникот анонимно. За овој извештај опфатени се вкупно 99 647 учениви од 35 држави. Во нашата земја учествувале 2 930 ученици./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаБран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите Италијанските синдикати повикаа на национален штрајк во железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт за 20 и 21 ноември, на кој ќе му претходат неколку прекини на работата и протести на локално ниво.Генералниот штрајк, свикан од Италијанската општа конфедерација на трудот (CGIL), ќе ги опфати сите транспортни сектори, и јавни и приватни, во текот на целиот ден на 20 ноември, објави денеска ADNkronos. Во исто време, неколку закажани протести и локални штрајкови од следната недела се закануваат да го нарушат транспортот, создавајќи тешкотии за жителите на неколку италијански градови. Утре Џенова ќе биде погодена од штрајк во транспортот организиран од синдикатот Cub Trasporti, додека синдикален протест ќе се одржи во Козенца на 10 ноември, што ќе го наруши и јавниот превоз. Во Милано, штрајк на групацијата ATM е свикан за 13 ноември, што ќе доведе до прекини во јавниот превоз во тој град, како и во Монца и Бријанца, а истиот ден, јавниот превоз во Венеција исто така ќе биде засегнат во текот на целиот ден поради прекин на работата. Штрајкови се планирани и во транспортниот сектор во Бари и Неапол во текот на ноември, соопшти агенцијата. На национално ниво, критични денови за транспортот, од јавниот превоз до железницата, ќе бидат 20 и 21 ноември, кога штрајкот ќе влијае на железничкиот товарен транспорт, локалниот јавен превоз и железничкиот патнички транспорт, од 21 часот на 20 ноември до 20 часот на 21 ноември. Што се однесува до секторот за воздушен транспорт, се очекуваат прекини за патниците што летаат на 22 ноември, кога вработените во неколку компании во Фиренца и Пиза ќе штрајкуваат, додека работниците во компанијата Енав во Варезе исто така ќе штрајкуваат. Покрај транспортниот сектор, прекин на работата е повикан и за италијанските работници во кол-центрите да штрајкуваат на 11 ноември. Синдикатите заеднички ја повикуваат владата да „обезбеди сериозна индустриска политика за секторот, како и да ги заштити работните места и приходите на работниците“. Национален штрајк е закажан и за 16 ноември за приватните даватели на здравствени услуги, социјалните претпријатија, како и за регионалните и локалните власти, потсети агенцијата. Во исто време, училиштата и универзитетите ќе бидат во центарот на широк протест во текот на денот на 20 ноември, свикан од синдикатите и здруженијата на работници во образованието на Италија.Тагови: италија штрајкови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter