Кацарска: Референдум за францускиот предлог би бил долг процес, но не треба да се исклучи

Референдум за францускиот предлог би бил макотрпен и долг процес, но не треба да се исклучи како решение.

Кацарска: Референдум за францускиот предлог би бил долг процес, но не треба да се исклучи

Не знам колку граѓаните во овој поларизиран емоционален момент може да проценат од анкета дали тие се „за“ или „против“ одреден предлог, којшто не беше ниту јавно достапен и за којшто има се уште многу недоумици и покрај објаснувањата, изјави денеска директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ), Симонида Кацарска пред Форумот Еуропеум 2022 – „Западен Балкан и ЕУ во 2022 година: Што претстои?“.

Според Кацарска, во овој момент сите имаме одговорност да му дадеме простор на Собранието рационално да ги продискутира прашањата околу преговарачката рамка.

Кацарска смета дека не објавувањето на протоколот и записниците оневозможува дел од луѓето да ја проценат состојбата и веројатно поради тоа се создава простор за недоумици и за поинакви толкувања.

– Веројатно е подобро за сите нас доколку би знаеле во целиот тој пакет кои се тие документи и како изгледаат. Инаку, не можеме да говориме за суштествена дебата. Собранието е исклучително важно, бидејќи знаеме дека првиот чекор којшто доаѓа кај нас е промената на Уставот во тековниот предлог на преговарачката рамка, што нема да биде лесен чекор и за него мора да бидат обезбедени сите чинители колку што е возможно, рече Кацарска, нагласувајќи дека ниту еден консултативен процес не може да биде залуден доколку е отворен.

На новинарско прашање колку е реално да се очекува дека би можеле да добиеме модифициран нов предлог, Кацарска одговори дека во оваа фаза, пораките се дека тоа е тоа, меѓутоа, како што рече „ние и да продолжиме, ќе мора да бидеме многу внимателни во дискусијата со Бугарија, пред се да не ја политизираме дополнително“.

– Собранието веројатно може да донесе заклучоци во секој случај со коишто ќе ја обврзе Владата во нејзините понатамошни постапки. Ние искрено не сме на чисто кои фази ги поминал овој документ, мислам треба да продискутираме во Европската комисија до каде, до кои консултативни фази е тој поминат, посочи Кацарска.

Во однос на тоа дали референдум би било решението, Кацарска вели дека за тоа се дискутира и оти не може да се исклучи и таа опција.

– Не беше најавено од страна на Владата. Меѓутоа, повторно ќе се навратам на прашањето околу анкетите, многу треба да бидеме внимателни како би се поставило во тој контекст прашање, како би одела подготовката за таа дискусија, бидејќи имаме едно искуство и од референдумот со Преспа што не мислам дека е најопортуното во однос на начин на којшто се претставуваше европската интеграција. Веројатно најважното нешто што и ние би требало дома да го сфатиме е дека европската интеграција и дискусиите се случуваат дома, не е надворешна политика и ова мислам дека го гледаме сега се повеќе, го учиме на тешкиот начин, вели директорката на ЕПИ.

Нашиот пример, додава таа, покажува дека иако знаеме оти во ЕУ нема гаранции, сепак ние мора да работиме на тоа и со земјите членки.

– Барем доколку се одлучат, значи кое било решение да се оди напред дека ова не би било откажување од европската перспектива, ниту пак прифаќање на европската интеграција како лек за се. Бидејќи реалноста е некаде помеѓу тие две крајности. Референдумот би бил многу тежок да се организира. Би било тешко да им се објасни на граѓаните, тоа се многу комплексни прашања. Мислам дека ќе биде многу тешко и ќе биде макотрпен и долготраен процес, меѓутоа ќе речам, не треба да го заобиколиме кое било решение со оглед на поларизираноста што ја имаме, нагласи Кацарска.

Прашана дали е можно менување на преговарачката рамка, Кацарска изјави дека е тешко тоа сценарио да се предвиди во оваа фаза.

– Секогаш кога велевме за Бугарија постои прозорец на можност. Постои сигурно еден момент кога би можело тоа да се случи и во кои услови тоа не можеме да го предвидиме. Дел од нашите колеги велат не можеме да ја видиме иднината. Точно. Ова е на нас да процениме дали сме подготвени и да чекаме за да можеме да очекуваме веројатно почист процес, но истовремено и ЕУ се менува внатре. Затоа и ние денеска ги донесовме овие луѓе со коишто дискутираме во однос на новите идеи каде се движи истата и тешко е во тој контекст да ја предвидиме иднината. Веројатно пред две години во Украина ако прашавте немаше да може да предвидат дека ќе добијат кандидатски статус, истакна Кацарска.

Денешниот настан го организира ЕПИ во рамки на својата организациска поддршка од ЕУ. На форумот чинителите од ЕУ, односно со претставници од истражувачката заедница, тинк-тенковите, како и дел од амбасадите на земји членки на ЕУ дискутираат како Западниот Балкан „помина“ на Самитот во јуни и се разгледуваат мноштвото идеи кои се појавија како од земјите членки, така и од регионот во однос на иднината на европското проширување.

Министерот Муцунски на средби со амбасадорите на Канада и Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на одвоени средби ги прими вонредната и ополномоштена амбасадорка на Канада, со седиште во Белград, Мишел Камерон, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија

Министерот Муцунски на средби со амбасадорите на Канада и Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на одвоени средби ги прими вонредната и ополномоштена амбасадорка на Канада, со седиште во Белград, Мишел Камерон, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.

На средбата со амбасадорката Камерон, како што соопшти денеска Министерството, била истакната одличната соработка меѓу двете земји на мултилатерален план, особено во рамки на НАТО. Се разговарало за продлабочување на билатералната соработка со фокус на економијата, инвестициите и образованието. Особено била нагласена потребата од поттикнување канадски инвестиции и поддршка на иницијативи за развој на трговијата и претприемништвото.

Во разговорот со амбасадорот Лосон, министерот Муцунски изразил благодарност за солидарноста што Обединетото Кралство ја покажа по трагичната несреќа во Кочани, како и за упатениот тим за итна медицинска помош кој активно соработува со македонските здравствени институции.

Оваа поддршка, како што се наведува во соопштението, била оценета како исклучително важна за долгорочната грижа и третман на повредените пациенти.

- Средбата беше дел од редовната комуникација и координација со Обединетото Кралство и посветена на утврдување на следните активности во рамки на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу двете земји. Двете страни ја нагласија потребата од динамизирање на работата на Заедничкиот комитет за имплементација на Спогодбата, преку редовни годишни состаноци, соопштуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Министерот Муцунски ја повторил благодарноста за континуираната поддршка од Обединетото Кралство во спроведувањето на надворешно-политичките приоритети на Македонија, вклучително и преку бројни проекти во земјата. Тој го истакнал нивото на развиеност на билатералните односи и оцени дека планираните активности ќе бидат силна потврда за стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Орбан: Брисел се подготвува за војна иако во моментов нема закана од војна

 Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел се подготвува за војна, иако, како што наведе, во моментов нема закана од војна.

Орбан: Брисел се подготвува за војна иако во моментов нема закана од војна

„Нема закана од војна, Унгарија нема да војува со никого. Остануваме на страната на мирот и ако Европа започне војна, ние сигурно нема да влеземе во неа“, рече Орбан на прес-конференција, пренесе МТИ.

Орбан рече дека во моментов не се чини дека Европа е под непосредна закана од војна и дека е многу малку веројатно дека „некој би нападнал членка на НАТО“.

Според него, оние кои се подготвуваат за војна обично го прават тоа за да покренат „некој чин на војна“, додавајќи дека во моментов се водат политички подготовки за подлабоко вклучување во конфликтот.

Унгарските семејства, рече Орбан, не треба да преземаат посебни мерки.

Алонсо за потенцијалниот договор со Реал Мадрид: „Ситуацијата сега е поинаква“

За разлика од претходните години, тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо нема понуди од ривалските клубови за кои би требало итни одлуки за неговата иднина, пишуваат германските медиуми.

Алонсо за потенцијалниот договор со Реал Мадрид: „Ситуацијата сега е поинаква“

Алонсо ја искористи репрезентативната пауза за националните тимови во март минатата сезона за да размисли за својата иднина, во услови на интерес од Баерн Минхен и друг негов поранешен клуб, Ливерпул, бидејќи двата тима бараа нови тренери пред следната сезона.

Шпанскиот тренер најави дека останува во Леверкузен пред да го води тимот до првата титула во Бундеслигата, а потоа да остане непоразен и да го додаде триумфот во Купот на Германија.

-Ситуацијата сега е поинаква. Во тоа време имаше што да се решава. Овојпат нема. Тоа е големата разлика, прокоментира Алонсо.

Договорот на стручњакот со Баер Леверкузен трае до 2026 година. Тимот беше во зоната за испаѓање во Бундеслигата кога Чаби Алонсо го презеде во октомври 2022 година. Единствениот пораз на тимот од Леверкузен минатата сезона беше во финалето на Лига Европа против Аталанта - пораз со кој заврши нивната рекордна серија од 51 натпревар без пораз во сите натпреварувања.

Баер Леверкузен моментално заостанува шест бода зад Баерн во поредокот со преостанати осум кола од Бундеслигата и се уште може да го одбрани трофејот во Купот на Германија, бидејќи игра полуфинале против Арминија Билефелд во вторник.

Алонсо останува меѓу најпочитуваните тренери на континентот и се смета за потенцијален наследник на Карло Анчелоти во Реал Мадрид - уште еден од поранешните клубови на поранешната шпанска ѕвезда. Но, Чаби Алонсо не попушта на размислувањата дали својата иднина ја гледа во Баер Леверкузен или на друго место.

-Моите размислувања се исти како што кажав претходно, останувам фокусиран на оваа сезона. Тоа е најважно, изјави Алонсо и додаде: „Се наоѓаме во важна фаза и не сакам да шпекулирам. Не сакам да размислувам за ништо друго освен за фудбалот“.

притисни ентер