Јужноафриканците бараат да им се врати дијамантот од жезолот на кралицата Елизабета II (ВИДЕО)

Најголемот дијамант на светот, познат и како Кулинан I или Големата ѕвезда на Африка, е дел од жезолот на покојната кралица Елизабета Втора, а со тоа и на кралската колекција на скапоцени камења.

Повеќе од шест илјади луѓе потпишале петиција за враќање на дијамантот во Јужноафриканската Република каде што бил пронајден.

Дијамантот на жезолот е дел од поголем дијамант кој му бил подарен на кралското семејство откако бил пронајден во 1905 година во рудникот Премиер Пајн лоциран во Кулинан, Јужна Африка. Многу жители на оваа земја веруваат дека дијамантот треба да биде во музеј за да може сите да го видат.

Во времето кога бил пронајден дијамантот, земјата била под британска власт, а со заминувањето на кралицата Елизабета, луѓето се прашуваат дали е фер дијамантот да остане во сопственост на кралското семејство.

Некои истакнати политичари веруваат дека богатството кое потекнува од нивната земја им користи на другите земји на сметка на Јужноафриканците. Еден од нив е Вујовелт Зунгула, кој за Тајмс изјавил дека неговата земја „останува во голема, срамна сиромаштија, со зголемена невработеност и зголемена стапка на криминал поради угнетувањето и уништувањето предизвикано од неа (кралицата) и нејзините предци“.

Иницијативата се прошири и на социјалните мрежи, а сѐ погласни се барањата за враќање на најголемиот дијамант на светот.

ПОЦ: За седум дена санкционирани 191 непрописно паркирани возила во Центар

За седум дена санкционирани се 191 возачи, чии возила го попречувало нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во Општина Центар. 

Како што информираат ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар, во периодот од 13 мај до 19 мај 2024 година со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 102 непрописно паркирани возила.

Со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 89 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

- За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението.

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

- Како вистински пријател на Русија, тој даде непроценлив личен придонес во развојот на добрососедските односи меѓу нашите земји, вложувајќи големи напори да ги доведе до ниво на стратешко партнерство, се наведува во телеграмата на Путин. 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати телеграма со сочувство до врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, во врска со смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други ирански функционери и членови на екипажот во хеликоптерска несреќа.

Путин изјави дека смртта на Раиси е „огромна трагедија“ што го снајде народот на Исламската Република Иран, додавајќи дека Раиси бил исклучителен политичар кој целиот свој живот го посветил на служење на својата земја и „вистински пријател на Русија“, пренесува Интерфакс.

- Како вистински пријател на Русија, тој даде непроценлив личен придонес во развојот на добрососедските односи меѓу нашите земји, вложувајќи големи напори да ги доведе до ниво на стратешко партнерство, се наведува во телеграмата на Путин.

Емирот на Катар испрати порака за солидарност до Иран

 Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани испрати „искрено сочувство“ до Иран по смртта на претседателот Ебрахим Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Аболахиан.

Во изјавата објавена на X, катарскиот емир напиша дека бара Божја „милост и прошка“ за сите што загинаа во хеликоптерската несреќа.

Шеикот Тамим исто така им посака „трпеливост и утеха“ на семејствата на загинатите.

„Ние му припаѓаме на Алах и кај него ќе се вратиме“, додаде тој.

притисни ентер