Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
2„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
3Европските експерти: „Драматични подобрувања во условите, стручноста на лекарите и исходите за пациентите“
ФудбалЈужна Африка ја повлече кандидатурата за женскиот Мундијал 2027Фудбалската федерација на Јужна Африка соопшти дека ја повлече кандидатурата за организација на женското Светско првенство во 2027 година.Кандидатурата е повлечена со образложение дека Јужна Африка ќе сe фокусира да ја добие организацијата на женскиот Мундијал во 2031 година. - Сметаме дека е подобро да поднесеме добро подготвена кандидатура за 2031 година и да бидеме сигурни дека ќе направи исчекор, отколку сега да излеземе со избрзана кандидатура, изјави извршниот директор на Фудбалската федерација на Јужна Африка, Лидија Монејепео. Преостанати кандидати за организација на женскиот Мундијал 2027 се Бразил, заедничката кандидатура а Белгија, Холандија и Германија, како и заедничката кандидатура на САД и Мексико. Јужна Африка беше домаќин на машкиот фудбалски Мундијал во 2010 година./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува вербалната војна меѓу Филипче и Платформата „Разговори за иднината во 12:05“Опозицискиот лидер Филипче го одби Планот за консолидација и структурни промени во СДСМ на платформата „Разговори за иднината во 12:05“ уште пред офцијално да биде доставен до партијата. На поранешните партиски функционери кои сега се дел од Иницијативата им порача дека требало да предлагаат промени кога биле дел од раководството на СДСМ, а не сега. Ги повика доколку вистински сакале да и помогнат на СДСМ да се приклучат во партиските активнисти за воонредните локални избори во Брвеница, во спротивно им порача да не и попречуваат на партијата. Тврди дека СДСМ е консолидирана, а пратеничката група единствена. „Ќе ми носеле план, каков план ќе ми носат таков каков што направија они, ич не треба да го носат, еве видовме што направија. Ако знаеа поинаку, зошто не направија поинаку. Тежеле 150 илјади галсови, ни домашните не ги гласаат. Славјанка Петровска пратеничката се прашувам која е причина за ова, да не е изјавата на Мисајловски дека потпишала за 37 милиони евра поскап договор за хеликоптери откако комсијата донела друга одлука. Ако сакаат еве сега имаме локални избори во Брвеница, ќе ги ставиме во распоредот па нека помогнат ако сакаат вистински да помогант, ако не нека ми се тргнат од патот зошто ќе ги згазам како шлепер жаба, да ги потсетам нешто од нивното време“-- Венко Филипче, претседател на СДСМ. Од Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ пак возвратија дека примитивниот речник на Филипче бил доказ дека тој е во паника и го обвинија за политички дил со Мицкоски. Според нив Филипче бил залутан во партијата и не припаѓал на онаа СДСМ која била пример за како што велат, демократска, интелектуална и државничка организација. - Предлозите за структурни реформи на партијата Филипче ги одбива на невидено. За него сите се виновни за најслабиот резултат на СДСМ во историјата, само тој не е. За него сите се криминалци само тој е чесен. Што се однесува до неговите закани, добронамерно му порачуваме да не се срами на јавна сцена, бидејќи се повеќе личи на лоша копија на неговиот политички гуру и идол. Од иницијативата најавија и дека не се откажуваат од намерата за структурни реформи на партијата и дека ќе го достават нивнте предлози содржани во таканаречениот План за консолидација до архивата на СДСМ. Платформата на последната дебата доби пооддржка и од опозициската Левица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСудењето за „Пулс“ продолжи со сведоци и вештаци на одбраната По речиси една година откако започна судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, предметот влезе во нова фаза. Од денеска одбраната започна со изведување на своите вербални и материјални докази со предложени 244 сведоци. Градежен вештак кој го ангажирал првообвинетиот Дејан Јованов Деко, тврдеше дека во објектот биле изведувани лесни занаетчиски работи а не реконструкција. -Објектот на лице место е поделен на две нивоа и приземен дел. Закупецот не преземал градежни активности во уредување на просторот кој го имал под закуп туку презел градежни зафати како ентериерно уредување на закупениот простор за потребите на стопанската дејност. Овие зафати не може да се именуваат како рекунструкција туку само градежно занатски работи,- -Петре Русески – Вештак. Уште на смиот старт на исказот на вештакот во судницата стана тензично. Семејствата на загинатите бурно реагираа на неговите тврдења на што кон нив се сврте Дејан Јованов што дополнително ги вознемири. Судијката Диана Груевска Илиевска побара да ја напуштат судницата по што судската полиција ги спроведе надвор. Пред да започне судењето семејствата порачаа дека иако одбраната започнува со изведување на своите докази тоа нема да ги промени утврдените факти за објектот. Јавно поставија повеќе прашања за кои очекуваат одговор во текот на доказната постапка на одбраната – за пренамената на објектот, паркингот, минимално-техничките услови и лиценцата со која работел објектот. -Јавно прашуваме – кој од нив ќе докаже дека објектот имал законска пренамена, сопствен паркинг и исполнети минимално-технички услови? Кој ќе докаже дека лиценца за салон за теписи важела за дискотека? И кој ќе го оправда непостапувањето на Општината и институциите што го зави Кочани во црно? Обвинетите од обезбедувањето не се на обвинителна клупа затоа што по избувнувањето на пожарот спасувале или не спасувале, тука се поради сомнението дека не ги исполниле обврските пред трагедијата – кога таа требало да се спречи. Херојство откако сè било во пламен не ја брише одговорноста за она што не било направено претходно. Правдата можат да ја одолжуваат. Вистината – не! изјави – Александар Наунов – Татко на загинат во пожарот во Пулс. Инаку денешното судско рочиште е последно на кое првообвинетиот сопственик на Пулс, Дејан Јованов Деко, е спроведен од притвор. Од 3 октомври тој ќе се брани од слобода со оглед на тоа што истекува законскиот рок од една година за определување притвор, а обвинителството може да побара поблаги мерки за да го обезбеди неговото присуство. Во меѓувреме неговата одбрана понуди 200 илјади евра гаранција а обвинителството се уште не дало мислење. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛекарот кој се жалеше на дискриминација започна протест со глад пред Медицинскиот факултетДокторот кој неодамна се жалеше дека во нетранспарентна постапка три пати бил одбиен на оглас за вработување, го започна најавениот штрајк со глад. 45-годишниот Дарко Василевски, општ лекар и специјализант на Институтот за физиологија, сега кампува пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје додека како што вели, надлежните институции не направат увид во начинот на кој се вршела сеелкцијата. Василевски тврди дека е дискриминиран и поради возраста, условите вели ги исполнувал, а најавува и дека ќе штрајкува до крај. Во текот на денот ќе се сместел и во шатор пред факултетот. – Бидејќи не е првпат да се случува истиот начин на селекција и вработување на кандидати, туку е ова мое трето учество на конкурсот. Се решив на овој радикален чекор откако претходно во отворено писмо ги повикав Деканатот, Министерството за образование и за здравство да се изјаснат и да ги проверат начините на којшто се врши селекцијата на кандидати, меѓутоа веќе 15 дена од никого не добив никаков одговор и тоа што го најавив го започнувам од денес. До кога планирате да штрајкувате? До крај, а крајот што ќе значи не знам,- - изјави Дарко Василевски, општ лекар и специјализант . Министерот за здравство Сашо Клековски за случајот со Василевски објаснува дека не е надлежно министерството со кое тој раководи, бидејќи дека Василевски бара работа на медиционскиот факултет и вели дека тоа е надлежност на министерството за орбазование. Клековски го повика и докторот доколку навистина ги исполнува условите , да аплицира на друг активен оглас за специјализанти. – Во моментот ние работиме на втората група од листата специјализанти кои треба да бидат вработени во јавното здравство и доколку докторот се пријави за таа група и ги исполнува условите ќе биде примен во делот на јавно-здравствените установи, меѓутоа медицинскиот факултет е во надлежност на Министерството за образование. изјави Сашо Клековски, министер за здравство. Од Министерството за образование исто така се прогласија за ненадлежни. Оттаму велат дека процесот за вработување на медицинскиот факултет оди преку самата установа. Од Деканатот на медицински пак ги негираат обвинувањата на Василевски за нетранспарентност и дискриминација во однос на години – велат дека целиот конкурс поминал транспарентно и дека на крај биле избрани најдобрите кандидати кои ги исполнувале сите услови. Василевски е доктор по општа медицина, кој се уште ја завршува специјализацијата по спортска медицина, а кој за Канал 5 вели дека долги години работел во приватното здравство и дека поседува работно искуство. Василевски најави дека вечерва ќе го постави и шаторот, а додека не се реши неговиот проблем, вели дека нема да престане со штрајкот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter