Јувентус нема да го продолжи договорот со Ди Марија, променета стратегијата на клубот

Анхел Ди Марија ќе го напушти Јувентус. Договорот на аргентинскиот играч за врска со клубот е со важност до крајот на тековната сезона. Страните преговараа за продолжување на договорот.

Сепак, според „Goal“, трансфер стратегијата на „Старата дама“ е променета. Јувентус одлучи да одбие да ја продолжи соработката со Анхел.

Триесет и петгодишниот Ди Марија му се приклучи на Јуве летото 2022 година. Во Серија А одигра 24 натпревари на кои постигна по четири гола и исто толку асистенции. /МИА

Жена од Солун до смрт ја искасале кучињата на соседот: Почина во прегратка на синот

Потресно сведоштво на поранешниот сопруг на педесетгодишната жена, која кучиња ја растргнаа во Неохоруда, Солун.

Тој претходно изјави дека несреќната жена починала во прегратките на нејзиниот најстар син Димитрис, пренесува „Прототема“.

„Децата беа дома и не разбраа што се случи. Им се јавив, ги известив и излегоа“, рече Стергиос Куцувалоглу, додавајќи дека „најстариот син ја држел во раце, а рацете му биле облеани во крв.“.

Кучувалоглу, исто така, рече дека никој не можел да има поим за нејзината смрт, отфрлајќи го тврдењето на адвокатот на сопственикот дека кучињата биле мирни.

„Сите се плашеа од нив, сите знаеја. Питомите кучиња не напаѓаат“, рече тој.

Во Неохоруда, Солун продолжува жалоста за несреќната 50-годишна жена која вчера попладне го загуби животот во напад на три кучиња. Роднините и пријателите ја опишуваат несреќната жена, мајка на две момчиња (18 и 17 години) како многу активна личност која преку социјалните мрежи учествувала во многу доброволни акции за поддршка на лица со финансиски проблеми.

Нејзината пријателка Софија Аргиропуло изјавила дека несреќната Елизабета секогаш се плашела од овие кучиња.

"Не требаше да замине... Елизабета е родена за да им дава на соседите. А сите овие луѓе на кои им помогна сега плачат", рекла таа меѓу другото.

Шокантни се наодите од вештачењето на телото на 50-годишна жена која починала вчера попладне, откако ја нападнале три кучиња, во дворот од нејзината куќа, во солунската населба Неохоруда.

Според protothema.gr, резултатите од обдукцијата покажуваат дека жената претрпела десетици каснувања по целото тело. Карактеристично е што само на едната рака се чини дека добила повеќе од десет каснувања од трите кучиња.

Потсетуваме, 37-годишниот сопственик на три кучиња е уапсен за незамисливиот случај и обвинителот против него поднесе кривична пријава за убиство од небрежност со можна умисла, поради тоа што не ги презел сите неопходни мерки за обезбедување на кучињата во дворот.

„Не можев да предвидам дека кучињата ќе отворат дупка и ќе излезат од дворот“, тврдел пред обвинителот 37-годишниот сопственик на трите кучиња.

„Оградата беше во ред, освен што кучињата отворија дупка до точка што не можев да ја видам“, рече тој.

37-годишникот тврди дека „кучињата биле дресирани и немале агресивно однесување.

Според бранителот на 37-годишниот Христос Патуна, неговиот клиент е уништен од трагичниот инцидент и изразува длабока тага поради загубата на жената.

Хоророт се случил вчера околу 14 часот и 30 минути. Трите кучиња, за кои се вели дека се питбули, побегнале од својот сопственик, дошле во дворот на куќата и ја нападнале несреќната жена, искасувајќи ја до смрт.

На местото на настанот била повикана брза помош која констатирала смрт, а по инцидентот полицијата го уапсила сопственикот на кучето и започнала истрага.

Објавила фотографија од ресторан, па се шокирала кога ѝ стигнала сметка од 58.000 евра

Жена од Кина останала шокирана кога во ресторан во Кунминг добила сметка во износ од 430.000 кинески јуани или 58.000 евра.

Сепак, ресторанот не бил виновен и таа набрзо сфатила каде згрешила.

Жената нарачала неколку локални специјалитети во друштво на пријатели, па решила да направи селфи во ресторанот и да ја објави фотографијата на WeChat, кинеската верзија на Инстаграм. Но, таа не била свесна дека на фотографијата се гледа QR кодот на ресторанот, а нејзините следбеници решиле да се пошегуваат, па го скенирале кодот и почнале да нарачуваат храна.

Тие порачале вкупно 1850 порции патки, 2580 порции лигњи и 9990 порции ракчиња. Кога сфатила што се случило, ја избришала објавата, но нарачките продолжиле да пристигнуваат во ресторанот.

За среќа, ресторанот не ѝ наплатил, а за да не се повтори слично, вовеле нов систем со кој клиентите можат да нарачаат храна користејќи го кодот QE само доколку се во непосредна близина на ресторанот.

Новиот претседател на Аргентина: Почнуваме со шок-терапија

Новиот екстремно десничарски претседател на Аргентина вети економска „шок терапија“ за време на неговиот инаугурациски говор.

Хавиер Милеи ги предупреди Аргентинците дека земјата нема пари и повторно се обврза на програма со остри мерки за штедење. Популистичкиот аутсајдер извојува ненадејна изборна победа во ноември со радикални ветувања за реконструкција на болната економија на јужноамериканската нација.

Инаугурацијата се одржа вчера во Буенос Аирес. 53-годишникот на церемонијата рече дека ќе ја смени децениската декаденција со длабоки кратења на трошоците наменети за намалување на огромните јавни долгови и намалување на инфлацијата, која сега е повеќе од 140%. „Заклучокот е дека нема алтернатива за штедењето и нема алтернатива за шок-терапијата. Знаеме дека на краток рок ситуацијата ќе се влоши, но потоа ќе ги видиме плодовите од нашите напори“, рече Милеи, како што е соопштено од Би-Би-Си.

Новиот претседател брзо се издигна од релативна анонимност до највисоката функција во Аргентина на десничарска платформа која се залага за ограничување на правата за абортус, либерализација на законите за оружје и негирање на климатските промени, меѓу другото.

За време на кампањата тој често беше фотографиран како ракува со моторна пила, а неговите изјави многумина ги споредуваа со поранешниот американски претседател Доналд Трамп и поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро.

За време на кампањата, тој рече дека ќе ја замени валутата на Аргентина со долар и ќе ја укине централната банка на земјата, заедно со голем број владини оддели. Иако претседателот на таа земја има големи овластувања, Милеи се соочува со голем број проблеми. Тој најверојатно ќе се соочи со опозицијата во Конгресот на Аргентина, каде што неговата коалиција на мали десничарски и слободарски партии има само малцинска застапеност.

Останува да се види како новиот претседател ќе ѝ пристапи на работата во пракса. Некои политички коментатори забележаа како тој усвоил поумерен тон по неговата изборна победа. Од друга страна, само неколку часа по преземањето на функцијата, Милеи потпиша указ за намалување на бројот на министерства од 18 на девет, исполнувајќи го клучното ветување.

Меѓу гостите на церемонијата на полагање заклетва беше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се состана со неколку латиноамерикански лидери додека се обидува да ја зајакне глобалната поддршка за руската инвазија. Присутен беше и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

притисни ентер