Јутјубер загина во сообраќајка: Се превртел со автомобилот и излетал на патот - Канал 5

Јутјубер загина во сообраќајка: Се превртел со автомобилот и излетал на патот

Андре Бидл, познат како 1Stockf30, загинал во вторникот кога неговиот автомобил удрил во друг и се превртел на автопат недалеку од аеродромот ЏФК.

Јутјубер загина во сообраќајка: Се превртел со автомобилот и излетал на патот

Бидл (25) од Бронкс возел „со голема брзина“ кога изгубил контрола над возилото, излетал од патот и испаднал од возилото, изјавиле за Daily Mail од њујоршката полиција.

Испаднал од возилото и неговото тело било пронајдено покрај патот. Тој бил пренесен во блиската болница, но лекарите не можеле да му помогнат.

Сопатник во возилото на Бидл, 21-годишен маж, се здобил со повреди, но преживеал.

Возачот на Акура не бил повреден во инцидентот. Несреќата се уште е под истрага, но сведоците тврдат дека се случила за време на улична трка, пренесува The Mirror.

Вечерва во парк во Бронкс ќе се одржи меморијално пуштање на балон во чест на Бидл.

Бидл објави 20-минутно видео на својот канал на Јутјуб, на кое се гледа како работи на своето виолетово БМВ со пријателите само неколку часа пред трагичната несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судиите поротници од скопскиот кривичен суд денеска на мирен протест поради ниските дневници

Судиите-поротници во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнаа мирен протест поради стагнацијата на нивните дневни надоместоци, кои со години изнесуваат меѓу 570 и 670 денари. 

Судиите поротници од скопскиот кривичен суд денеска на мирен протест поради ниските дневници

Оваа блокада е резултат на долгогодишниот проблем со висината на дневниците и нерешавањето на нивните барања од страна на Министерството за правда и Судскиот совет, што предизвикува одложување на судските рочишта и создава дополнителен притисок врз правосудниот систем во земјава. Од Судот велат дека судиите-поротници се незаменлив дел од судските постапки и дека без нив голем дел од судењата не можат да се одвиваат.

„Без нивното учество, значителен број судења не можат непречено да се одвиваат“, велат од Кривичниот суд.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, изрази поддршка за барањата на судиите-поротници, оценувајќи дека надоместоците што ги добиваат се несоодветни на условите во кои работат и на обврските што ги извршуваат во правосудниот систем, но сепак за решение упатува на министерството за правда.

-Судските поротници се дел од правосудното семејство.Јас остварив повеќе средби со нив и нивните претставници на коишто им дадов максимална поддршка, бидејќи на условите во коишто тие работат, надоместоците кои што ги примаат се навистина испод секое ниво на професионалност. Што се однесува за останатиот дел за надоместоците, тоа се уредува со правилник на министерот за Првда. Тој правилник уште од 2010 година донесен. Од 2010 година до денес, колку се промениле цените, колку се промениле трошоците а тој да остане ист. Сите се согласуваме дека навистина е низок и не се соодветствува со реалните услови кои што ги имаме во 2026 година – посочи изјава Александар Камбовски - претседателот на Судскиот совет.

Од Министерството за правда засега нема официјален став за состојбата. Оттаму кусо нè информираа дека Министерството се воздржува од каков било коментар за судиите-поротници во Основниот кривичен суд Скопје.

Неофицијално, како што дознава Канал 5 во моментов дополнителна потешкотија во функционирањето на Министерството претставува и смената на министерската функција. По заминувањето на Игор Филков, сè уште се чека Јетон Шасивари да ја преземе функцијата министер за правда со што функционирањто на ресорното министерство е отежнато.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Со потпишување на договори вредни 40 милијарди долари посветени, пред се, за набавка и развој на системи за противвоздушна одбрана и посебен акцент на заштитата од беспилотни летала, во Анкара почна дводневниот самиот на НАТО. 

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е на чекор кон трансатлантска одбранбена револуција, чија цел како што нагласи е колективната безбедност на земјите-членки. На овој начин според него, НАТО сака да го засили европското производство на оружје, да ја забрза испораката на воена опрема и да ја зацврсти одбранбената индустриска соработка меѓу Европа и северна Америка.

-Денеска, ние сме на чекор кон трансатлантска одбранбена индустриска револуција. Ве повикувам да направите скок и да им покажеме на нашите луѓе дека сме подготвени и способни да ги одбраниме секаде и во секое време, и да и покажеме на Русија и на сите тие кои гледаат денес дека трансатлантската одбранбена индустриска база се мобилизира со цел. Не во знак на гнев, туку за нашата колективна безбедност,- - Марк Руте – Генерален Секретар на НАТО.

Македонската делегација на самитот ја предводи претседателката Сиљановска Давкова, а со неа се шефот на дипломатијата Муцунски и министерот за одбрана Мисајловски кој на социјалните мрежи информираше дека потпишал заедничко писмо за намери за приклучување кон мултинационалната соработка за обука за летање во Европа. Попладнево во турската престолнина пристигна и американскиот претседател Трамп кој според најавите доаѓа со делегација од околу 1.400 лица. Очекувањата се Трамп во Анкара да ја отвори темата за финансирањето на алијансата, состојбата со Ормускиот теснец и војната во Украина. Токму на таа тема, генералниот секретар на НАТО Руте и украинскиот претседател Зеленски кој е присутен на самитот, побараа зголемен притисок кон Русија.

-Кога ги набројувам сите проблеми со кои Русија се соочува, еден од најважните е тоа што им го правите на нивната економија која е во многу лоша состојба во Русија. Можеби една порака која би ја повторил, ако сте млад човек во Русија денеска и размислувате да се придружите на војската, вие може да сте еден од тие 30 илјади кои загинуваат овој месец, следниот месец и тој потоа, знаете дека вашиот претседател во Русија, Владимир Путин е подготвен да ве жртвува,- - Марк Руте – Генерален Секретар на НАТО.

-Ја гледаме слабоста на Русија, ја чувствуваме, но тоа не е доволно. Потребен ни е поголем притисок, повеќе балистички ракети и повеќе санкции кон Русија,- - Володимир Зеленски – Претседател на Украина.

Во завршната декларација по самитот, според најавите се очекува Русија да биде означена како долгорочна закана за евроатлантската безбедност и стабилност, како и повторената заложба дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје. Дополнително, се очекува да биде упатен и повик до Техеран да ја почитува слободата на пловидба низ Ормускиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кос: Доаѓам во Скопјe за да охрабрам прогрес во преговорите за пристапување

Во пресрет на утрешната посета на Македонија, Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Европската Унија има историска можност да го заврши процесот на проширување.

Кос: Доаѓам во Скопјe за да охрабрам прогрес во преговорите за пристапување

Во пресрет на утрешната посета на Македонија, Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Европската Унија има историска можност да го заврши процесот на проширување кое е високо на агендата на Брисел, но дека напредокот на Македонија зависи од исполнувањето на преземените обврски. Во интервју за МИА, Кос ја пофали земјава за спроведувањето ан реформската агенда но и порачува дека истата решителност е потребна за пристапните преговори.

- Македонија покажа дека може да испорача резултати кога има политичка волја. Ова јасно го гледаме во нејзините силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Ќе дојдам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во преговорите за пристапување. Сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето. Ова доаѓа со јасни избори. Оние што ги исполнуваат своите обврски напредуваат. Ова го гледаме најјасно во Црна Гора и Албанија. Оние што не ги исполнуваат своите обврски, заостануваат. Во моменти на забрзување, застојот значи фактичко назадување. - Марта Кос – Еврокомесар за проширување на ЕУ.

Како примери за исполнети обврски таа ги посочува Албанија и Црна Гора, но и додава дека оние што не ги исполнуваат обврските заостануваат, одговарајќи на прашањето дали има предви нова иницијатива за деблокада на македонската евроинтеграција.

Довербата меѓу земјите кандидати и членките на Унијата е клучно за напредок во преговорите, вели Кос, укажувајќи на добрососедските односи. Но и посочува дека нема случај на давање гаранции на земја кандидат дека нема да се појави друг спор додека траат преговорите.

-Вистината е дека ниедна земја кандидат никогаш не добила гаранција дека нема да се појави друг спор за време на процесот на пристапување сè до моментот кога последната земја-членка ќе го ратификува договорот за пристапување,- - Марта Кос – Еврокомесар за проширување на ЕУ.

За време на посетата на земјава, Кос ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали. Во фокусот на разговорите ќе биде патот на земјата кон ЕУ, спроведувањето на Реформската агенда во рамките на Планот за раст за Западен Балкан

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер