МакедонијаЈСП: Јавниот градски превоз денеска по редовен зимски возен ред, утре по неделен, а од задутре по редуциран делничен зимски ред ЈСП Скопје за време на новогодишните празници ќе има изменет режим на сообраќање на јавниот превоз, како и промени во работното време на билетарниците, центрите за персонализација и Жичницата. Денеска јавниот превоз ќе сообраќа по редовен зимски возен ред, утре автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите линии ќе се одвиваат согласно неделниот распоред. Од петок (2 јануари 2026 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимски возен ред што ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст. Како што посочуваат од ЈСП, шесте центри за персонализација, како и билетарниците на Зелено пазарче, Бутел пазар и во Ѓорче Петров денеска ќе работат до 16 часот, додека останатите билетарници ќе работат само прва смена, до 14 часот. Утре на 1 јануари дежурни ќе бидат центарот за персонализација на Транспортен центар (од 11-17 часот) и билетарницата на Жичница (од 11-17 часот). Од петок, 2 јануари, сите билетарници и центри за персонализација продолжуваат со вообичаено работно време. Жичницата денеска ќе работи од 10 до 15 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот. Последното возење од долу кон врвот и од врвот надолу е во 16:30 часот. Термини на први вклучувања на градски линии на 1 јануари 2026 година Линија 2 7.05 ч од Автокоманда 1 7.10 ч од Сарај Линија 2А 11.31 ч од Железара 11.45 ч од Сарај Линија 3 10.30 ч од Панорама 9.45 ч од Сп.сала Јане Сандански Линија 3Б 8.45 ч од Кв.пазар 9.30 ч од Панорама Линија 4 11.40 ч од Хром 11.40 ч од 11 Октомври Линија 4А 14.43 ч од Усје 15.30 ч Тафталиџе Линија 5 7.01 ч од Н.Лисиче 7.01 ч од Дексион Линија 7 7.45 ч од Г.Лисиче 7.59 ч од Карпош 3 Линија 8 11.40 ч од Љуб.пат 11 ч од Влае Линија 9 8.06 ч од Кл.центар 8.41 ч од Ск.север Линија 15 6.38 ч од Н.Лисиче 7.23 ч од Карпош 4 Линија 15А 7.26 ч од Н.Лисиче 6.45 ч од Карпош Линија 16 7.30 ч од Пржино 7.05 ч од Железара Линија 19 7.40 ч од Карпош 4 8.10 ч од Ш.Оризари Линија 20 7.40 ч од Тр.центар 8.20 ч од Тр.центар Линија 21 11.15 ч од Тр.центар 12.05 ч од Бардовци Линија 22 7.35 ч од Тр.центар 8.25 ч од Лепенец Линија 22А 9.43 ч од Кл.центар 8.50 ч од Лепенец Линија 23 7.45 ч од Ченто 8.41 ч од Дом на печат Линија 24 8.50 ч од Припор 8.10 ч од Тафталиџе 2 Линија 25 10 ч од Тр.центар 10.40 ч од Средно Водно Линија 27 12.05 ч од Дом на печат 12.45 ч од Вардарска Линија 41 7.27 ч од Тр.центар 7.14 ч од Драчево Типо Линија 50 7.08 ч од Хиподром 7.44 ч од Кл.центар Линија 57 7.15 ч од Радишани 7.32 ч од Козле Линија 59 11.35 ч од К.бара 10.50 ч од Карпош Линија 65В 8.13 ч од Тр.центар 7.33 ч од Стајковци, Бр.пат Термини на први вклучувања на приградски линии на 1 јануари 2026 година Линија 18 13.25 ч од Тр.центар 14 ч од Визбегово Линија 31 12.15 ч од Тр.центар 13 ч од Д.Лисиче Линија 32 15.05 ч од Тр.центар 15.50 ч од Љубин Линија 47 10.40 ч од Тр.центар 11.25 ч од Љубанци Линија 51 12.05 ч од Тр.центар 13.10 ч од Студеничани Линија 52 10.20 ч од Тр.центар 11.10 ч од Ржаничино Линија 53 8.45 ч од Тр.центар 7.20 ч од К.Бања Линија 56 10 ч од Тр.центар 11 ч од Бојане Линија 58 13.30 ч од Тр.центар 14.20 ч Добри дол Линија 58а 7.10 ч од Тр.центар 8 ч од Св.Петка Линија 58б 14.30 ч од Тр.центар 15.30 ч од Брзовец Линија 60 12.10 ч од Тр.центар 13 ч од Матка Линија 63 8.20 ч од Тр.центар 9.20 ч од Мралино Линија 63а 14 ч Тр.центар 14.50 ч од Ајватовци Линија 164 11.20 ч од Волково 11.30 ч од Никиштани Линија 65 7.10 ч од Тр.центар 8 ч од Раштак Линија 66 7.10 ч од Тр.центар 8.15 ч од Бучинци Линија 67 7.50 ч од Тр.центар 8.50 ч од Зелениково Линија 68 10.20 ч од Тр.центар 11.40 ч од Сушица Линија 70 10.45 ч од Тр.центар 11.25 ч од Батинци Линија 71 12.50 ч од Тр.центар 13.40 ч од Бањани Линија 74 12.30 ч од Драчево 12.50 ч од Д.Количани Линија 81 11.40 ч од Тр.центар 12.40 ч од Горњани Приватни превозници Градски линии: - Линија бр.9: 9/1 во 7:03 од Станица Север; - Линија бр.12: 12/2 во 7:35 од Шишево и 12/1 во 7:35 од Саем; - Линија бр.19: 19/1 во 7:44 од Шуто Оризари; - Линија бр.20: 20/1 во 7:40 од Тр.Центар и 20/3 во 7:40 од Шуто Оризари; - Линија бр.22: 22/7 во 7:45 од Тр.Центар; - Линија бр.23: 23/1 во 7:00 од Ченто и 23/2 во 7:00 од Дом на Печат; - Линија бр.45: сите служби започнуваат со работа од втора смена; - Линија бр.73 во недела не работи. Останатите служби од линиите. бр: 9, 12, 19, 20, 22 и 23 да започнуваат со работа од втора смена. Приградски линии: - Линија бр.11: 11/1 во 8:30 од Рашче, а 11/2 да не се вклучува; - Линија бр.11а: започнува со работа од втора смена; - Линија бр.47а: 47a/1 во 13:30 од Тр.Центар; - Линија бр.52 започнува со работа од втора смена; - Линија бр.54 во недела не работи; - Линија бр.55: 55/1 во 8:05 од Арачиново; - Линија бр.61: 61/6 во 7:40 од Побожје; - Линија бр.63: 63/7 во 8:20 од Мралино.Тагови: ЈСП Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook