„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
1„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
МакедонијаЈП Водовод и канализација склучило 700 договори со должници Околу 700 договори во висина од 70 милиони денари до сега се склучени со физички и правни лица во рамки на акцијата на ЈП Водовод и канализација.Околу 700 договори во висина од 70 милиони денари до сега се склучени со физички и правни лица во рамки на акцијата на ЈП Водовод и канализација, со која граѓаните имаат можност како редовните така и тужените заостанати долгови за потрошена вода да ги платат без пресметана камата. Граѓаните во просториите на претпријатието можат да го покријат долгот веднаш или пак со скучување договор за негово исплаќање на неколку месечни рати во зависност од висината. Раководителот на Секторот на наплата на ЈП Водовод и Канализација Зоран Недевски апелира до граѓаните кои имаат можност да ја искористат акцијата која ќе трае заклучно со 2 април, со цел да избгнат натамошни дополнителни трошоци произлезени од законските нормативи на прептијатието. „ Во иднина и покрај тоа што ќе се даде одложено плаќање, нема да се пресметува камата, за целиот интервал додека трае самиот договор кој е склучен. Сакам да напоменам дека тие корисници треба да се обратат до ЈП Водовод и канализација со цел да се склучи договор, затоа што потребно е физичко присуство нивно и самите договори нотарски се заверуваат. Се избегнуваат оние законски нормативи кои ЈП Водовод и канализација во секој момент како што е утужувањето, извршните трошоци, прекин на комуналната услуга.. Недевски информира дека од 10% до 15% од скопјани имаат заостанати долгови за потрошена вода кон ЈП Водовод и канализација.. Оние грѓани кои ги анкетиравме ја поздравија акцијата, но порачаа дека слични иницијативи треба да направат и останати претрпијатија каде граѓаните имале заостанати долгови. „Па сигурно, тие што немаат да платат тоа ќе важи за нив добро ќе биде да. „Нормално дека е добра таа акција штом е така, јас плаќам он-лајн и затоа немам проблеми... Тоа би требало и за струја, електрична енергија.. „Добра е акцијата да, ако имаат луѓето пари и тоа да платат инаку не е лоша идеата. Добро е на рати да се плати, сепак некоја олеснителна околност има во тоа. Недевски потенцира дека акцијата не важи за органите на ценрална и локалната власт, како и агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од државата, општините и од градот Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРасчистено убиството кај Смилковско езеро во Скопје, уапсен 38-годишен скопјанецЕкспресно, за само пет дена, полицијата го расчисти убиството на 38-годишниот маж кај Смилковското Езеро во Скопје. Вчера бил уапсен 38-годишниот Б.Ј. од Скопје, против кого денеска Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава по брза постапка за убиство. Како што информираат од МВР, до осомничениот полициските инспектори дошле по серија оперативни сознанија , а тој во службениот разговор со полицијата го појаснил и начинот на извршување на кривичното дело. -Вчерта по преземени оперативно тактички мерки на полициски службеници на единицата за насилен кримнал лишен од слобода е Б.Ј. од Скопје поради сторено дело убиство. Лицето е лишето од слобода по претходна пријава на 21 ноември кога поретходна пријав а во СВР Скопје на кога случаен минувач на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци забележал безживотно тело на маж. По извршениот полициски увид било утврдено дека станува збор за 38-годишниот Ш.Е. од скопското село Љубин, на чие тело била констатирана прострелна рана во пределот на ногата,- изјави – Гоце Андреевски, МВР. Инаку, во непосредна близина на телото беше пронајден и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој претходно го управувал починатиот. По целосното документирање на случајот, денеска, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полицијата поднела кривична пријава по брза постапка против Б.Ј. за кривичното дело „убиство“, велат од мвр. Засега не се знае мотивот за убиството, ниту во каков однос биле осомничениот и убиениот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаТошковски: Имаме индиции за можни инциденти, полицијата е подготвена Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. Воочи утрешниот ден 28 ноември - одбележувањето на денот на албанското знаме и независноста на Албанија, ден што со години наназад е проследен со прослави и кај нас - министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откри дека полицијата веќе има индиции и најави за евентуални инциденти, за кои објасни дека доаѓаат од одредени провокации на социјалните мрежи. Тошковски вели дека евентуални прекршувања на јавниот ред и мир се очекуваат во делот на сообраќајот, но посочи и дека полицијата е подготвена. – Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. Министерството за внатрешни работи ќе биде максимално фокусирано на одржување на безбедноста и редот на државата, така да нема да дозволиме она коешто се случи пред некоја година да имаме доведување во ризик на учесниците во сообраќајот, еве така да речеме, бидејќи не очекувам друг тип на нарушување на јавен ред и мир,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Министерот не откри во кои градови покрај Скопје ќе има засилени полициски сили утре, но посочи дека секој кој ќе сака во Македонија достоинствено да го прослави денот на албанското знаме, истото ќе му биде овозможено. – Па не би навлегувал во детали сега тука, имаше нешто по социјални мрежи, одредени така провокации во насока на нарушување на јавен ред и мир, но спремни се ќе одговориме на сите предизвици и оние коишто ќе си сторат прекршоци ќе си бидат казнети за тоа, а на сите оние коишто ќе си го прослават денот како што доликува ќе им овозможиме услов да си го прослават денот како што доликува,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Најпознат случај со инциденти при прославата на албанското знаме доаѓа од пред две години, кога беа уапсени 18 лица во повеќе градови - неколку лица беа приведени во Скопје поради тоа што го кинеле и палеле македонското државно знаме, додека полицијата истата вечер уапси и две лица од Прилеп, кои го запалиле албанското знаме како реакција на снимките од палењето на македонското знаме во Скопје. Деновиве пред прославата пак се отвори прашањето дали се почитува законот за употреба на знамињата на заедниците – првиот човек на Гостивар објави видео од општината на кое не се гледаше ниту едно македонско знаме, но во одговор за Канал 5 оттаму велат дека сепак на градскиот плоштад го истакнале и државното знаме. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-БриониОхрид денеска е политички центар на Балканот. Претпладнево претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ги пречекаа претседателите од регионот кои учествуваат на состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони. Афродита Рамос е во Охрид, ја имаме во живо. Афродита што беше кажано за завршната прес-конференција? Целиот извештај погледнете го во видеото. Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter