Јованка Броз почина - последна желба и беше да биде погребана до Тито

Почина Jованка Броз, вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Осумдесет и девет годишната Јованка Броз во ургентниот центар беше примена на 23 август во тешка здравствена состојба. Последна желба и беше да биде закопана покрај својот сопруга во куќата на цвеќето.

Најмоќната и во истовреме најмистериозната жена на некогашната југословенска држава ја загуби последната битка. Јованка Броз претпладнето почина во ургентниот центар во Белград, каде што беше примена пред два месеци во тешка здравствена состојба, целосно запуштена, со дијагностициран рак на кожа и сепса, резултат на 30-годишната самотија со која се бореше по смртта на маршалот.

Во болница стигна на 88-годишна возраст исто колку што имаше и Тито кога почина во Љубљана во 80-тата.

Дотогаш таа живееше како кралица, а следните 30 години се претвори во најтаинствената политичка затвореничка во Европа.

Таа ноќ, неколку месеци после смртта на Тито, ја одведоа во ноќница, рекоа соседите. Таа мислела дека ја водат на стрелање. Прво беше под надзор, на југословенската, а потоа на српската тајна служба во запуштената вила на белградското Дедиње, каде што тогашниот комунистички, воен и разузнавачки врв, со вооружена придружба од мистериозни разузнавачи, без никакво судење и пресуда, ја спроведе и ја стави под клуч.

Затоа некогаш младата партизанка, Софија Лорен на југословенската револуција препознатлива по пунџата, останува последен архивар на СФРЈ, земјата која што до крајот на седумдесеттите години економски беше силна колку и Италија, но доволно моќна и по 23 години од распадот да ги мобилизира сите народи – од Вардар до Триглав.

Затоа и не чуди фактот дека телеграми со поддршка и шарени бонбони до вчера секојдневно стасуваа во болницата на адреса на вистинската наследничка на Титовиот тестамент, која посака да биде погребана до него во Куќата на цвеќето, што според многумина е шанса, Белград да ја исправи неправдата кон неа.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер